Што беше ова вечерва бе?
Уствари знам што беше, ова беше убедливо најлошо изменаџираната утакмица, па, од 2015 од коа беше Мрме првпат селектор...
Тешка брука е резултатов ако бидеме реални, пошто овие беа скроз утепани, срамота да не ги победиш, не знам ни како се овие први у групава ти ебам групата утепана.
На ништо не личеше ова, со Мрме бар имаше некоја дисциплина во играта и си ги знаеја позициите ова вечерва беше хаос, никој не се знаеше што игра и каде игра.
Елмас CMF? Интересна идеја ама мора да има еден копач зад него не може само со Барди па и Елмас да треба да биде заден играч за врска на моменти. Мораше бар Николов да игра ако го планираше Елмас да биде плејмејкер.
Костадинов што позиција играше цела утакмица знае некој ??? Он и Чурлинов апсолутно не знаеја каде се наоѓаат денеска, а изиграа двајцата цел меч. Овој Чурлинов па 30 минути и папса, а треба да ни е ударна сила во нападот...
Јаховиќ нема што да бара у тимов реално, затоа што немаме асални крила. То ест воопшто немаме крила ние моментално. Чурлинов, Трајковски, Елмас - сите се играчи кои влечат накај средината и подобро се снаоѓаат таму. Мораше Милан Ристовски да биде прв избор напред и според форма и според тип на игра.
Горе доле истите првотимци се како до ЕП но многу полошо изгледа сега ова, бев оптимист за иднината на тимов ама скроз обратно оди работава...
Плус, голем удел во тоа има и тоа што никој не напредна после ЕП во поглед на клуб. Едино Николов што потпиша во подобар клуб, другиве или статус кво или завршија во послаби. Трајко не можеше да се избори у факинг Мајорка за минути отиде у Алборг. Чурлинов исто ебате, не може да се избори за минути во мид тејбл клуб во Бундес отиде у клуб кој ќе се бори за осптанок у втора лига. Муслиу заглави у клубот, Велковски не е ни четврта опција за Ријека, Барди заглави, Алиоски со најголемиот downgrade, Спировски без клуб...
Многу, многу лошо.
Ќе пропуштиме пак прилка при утепана група да не се квалификуваме...