Прво, нема шанси да плукам по лик кој на 20 години дошол во Италија и играл фудбал за некое локално клубче, на 25 играл "професионално" во Серија Д, а на 29 години прв пат во Серијс А и сега ќе игра во ЛШ на 30 години и тоа на Сан Сиро и Енфилд. Има во мене останато нешто од фудбалска романтика, што не ми дава да бидам рамнодушен кон ваков трансфер.
Таква приказна мора да се подржи, а Џимеј треба и филм да сними.
Од друга страна, па се да му ебам, требаше само еден трансфер да направат за да го затворат овој трансфер рок како што треба. И на тој трансфер работат со недели. Најдоа и играч добар што топ ќе легне на тимот, не ни чинеше многу и секако дека мораше да заебат (иако и тој зезна со неговото однесување).
А со тој трансфер бев спремен да тврдам дека и сезонава ќе бевме најголемо изненадување во лига.
Ептен засраа.
Скроз се согласувам.
Значи братот Месиас (што не ни знаеме дали така се вика и дали има стварно 30 години) имајќи предвид кога и како и зошто дошол во Италија, на 24 години го праел истото јас што го праев. Играл термини фудбал со другарите. Е сеа нему му тргнало и ќе игра ЛШ на 30 години, јас не, јебига. Генерација сме со братот и размислувајќи со срцето, ко што вика
@Hm_Hm не можам да фрлам дрва и камења по овој трансфер, ептен е филмска приказна и стварно му посакувам од се срце да има бар една добра полусезона, бар еден добар настап за Милан.
Е сеа, ако размислувам со мозокот, што да речам. Најблаго речено, очекував многу, многу појше од Малдини и Масара.
Или ќе менуваме формација, или ќе се молиме Брахим и Салемакерс да полудат и да имаат врвна сезона или ќе се мачиме. Нема друго.
И моја скромна порака до нашиот нов играч, братот Месиас - НЕ ДАЈ СЕ ГЕНЕРАЦИЈО!