Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Де објасни малце по стручно како ќе те заштити трета доза од истото ако првите две не делувале. Баш ме занима како го замислуваш тоа.
Делта која сега е оправдување за неефикасноста на вакцината значи носи други антигени кои не одговараат на антигените од вакцината. Како може 3-4-5 доза да помогне кога ја промашува поентата, примаш вакцина за нешто кое не постои повеќе и не ти дава никаква корисна заштита. Ај објасни малце која е тајната на трета, четврта доза.

Вакцините се ефикасни но со тек губат на ефикасност. Со буст имаш 3 пати повеќе антитела него по втората, ем повеќе ем озвежуваш. И секако оваа вакцина придонесува т-клетките кои се за долготраен имунитет дополнително да се развиваат. Како и да е, не е лошо пред трета доза да се проверат антитела, не секогаш има потреба.
 
Не бе напротив не интересираше твојата статистика...
Бев вчера во парк, беше преполно, немаше празна клупа каде човек да седне. Децата се дружат, слушаат музика, си пијат, уво не им чуе.Така треба да биде.

Во петокот тука имаше циганска свадба, ништо формално, музика, весело. Ми се наполни душата. Така треба да биде.

И тебе ќе ти кажам, не е*и живо пиле. Концептот на граѓанско општество одамна е мртов. Индивидуализмот преовладува од средината на 80тите и трае до денес. Нема идеологија, нема правичност. Сам мора да се избориш во својот општествен прогрес. Дали ми се допаѓа тој концепт? Не, ама веќе се навикнав.
 
Не се знае колку време ќе трае имунитет од трета доза, нормално, сега почнаа мора месеци да поминат. Туку после трета доза три пати поголеми антитела има него после втора. Тоа се виде сега во студии. Иначе мојот став е, пак ќе кажам, трета доза за постари над 60 и болни кои им е ослабнат имунитетот. Другите кои сака не можам да спречам ама засега нема потреба.
... може е твој став за трета доза, но не и на ВФ, во септември цел медицински персонал кој се вакцинирал во март поради поминување на шест месеци ќе мора да прими трета доза, инаку ќе се сметаат исто како невакцинирани, иако примиле порано две дози, нема да се важи!
 
Ќе се повторам. Нигде не пишав дека имунитет после прележување не е подолготраен. Туку, мора да се прележе. Асимптоматски скоро само кај деца, умираат и 24годишни а и лонг ковид е се почеста појава. Кој сака да ризикува така неспремен да се соочи, слободен избор.
е како слободен избор кога се бараат сертификати за вакцина ?? и кој К се нарекува сертификат кога е обична потврда за шприцање на средство одобрено за итна употреба како спас од големиот помор на човештвото...........бил гејтс ти си ?
 
... може е твој став за трета доза, но не и на ВФ, во септември цел медицински персонал кој се вакцинирал во март поради поминување на шест месеци ќе мора да прими трета доза, инаку ќе се сметаат исто како невакцинирани, иако примиле порано две дози, нема да се важи!

Види, ја не видов ниеден овде во форумот кои го брани Филипче и мерките. Затоа едно е политика и мерките друго е вакцините и медицината.
 
... може е твој став за трета доза, но не и на ВФ, во септември цел медицински персонал кој се вакцинирал во март поради поминување на шест месеци ќе мора да прими трета доза, инаку ќе се сметаат исто како невакцинирани, иако примиле порано две дози, нема да се важи!
нема став , има вистина дека ќе се шприца СЕ живо и диво до прогласување на пландемијата за победена...........можеби 2026та
 
е како слободен избор кога се бараат сертификати за вакцина ?? и кој К се нарекува сертификат кога е обична потврда за шприцање на средство одобрено за итна употреба како спас од големиот помор на човештвото...........бил гејтс ти си ?

Ја сум. Не се секирај, со делтава ретко кои зимава нема да се соочи со вирусот. Гледајте сега школите ко ќе почнат и децата ко ќе го носат дома. Најдобронамерен совет: Обавезно тест и потврда дека сте прележани. Иначе да, се стега обрачот за невакцинираните. Некаде помалце некаде повеќе.
Автоматски споено мислење:

нема став , има вистина дека ќе се шприца СЕ живо и диво до прогласување на пландемијата за победена...........можеби 2026та
Да? Многу си по вистината.
 
Ја сум. Не се секирај, со делтава ретко кои зимава нема да се соочи со вирусот. Гледајте сега школите ко ќе почнат и децата ко ќе го носат дома. Најдобронамерен совет: Обавезно тест и потврда дека сте прележани. Иначе да, се стега обрачот за невакцинираните. Некаде помалце некаде повеќе.
Автоматски споено мислење:


Да? Многу си по вистината.
држење дистанца, носење маска во затворено, цигари и ракија за дезинфекција па тешко се стигнува до инфекција........или ни го модифицира вирусов да скока како мачка по непрележаните/невакцинираните

кои се протоколите за лечење во германија и нивната успешност со овдешните, тоа ме интересира да слушнам, а за страшниот вирус кој бомбардира метеорски помалце ме занима
 
остајте ги, не знаат, прочитале две три статии на дудинка и одма експерти. Израел имаше баш case study каде што се потврдува дека трета доза фајзер дава 86% заштита против делта.

Да не речат дежурните дека измислувам

 
Како да докажам дека евентуално го имам прележано лани, ако немам антитела? И зошто потврда, кога истата не се признава, сем за оние до 45 дена по негативниот тест!? :)

Нели битна е клеточната заштита, која се добива на природен или вештачки начин? Така организмот знае како да се справи во иднина ако повторно дојде во контакт со вирусот! Зошто преку ноќ 3та доза, која ја поддржува и Пановски, а за истата нема ни трудови, не се знае колку трае, ни колку заштита дава! Сепак 3 пати повеќе антитела е променлива константа. Зависи од секој човек поединечно. И тука има полемики. Дали требаат или не требаат коктели!? Наука. :D
 
држење дистанца, носење маска во затворено, цигари и ракија за дезинфекција па тешко се стигнува до инфекција........или ни го модифицира вирусов да скока како мачка по непрележаните/невакцинираните

кои се протоколите за лечење во германија и нивната успешност со овдешните, тоа ме интересира да слушнам, а за страшниот вирус кој бомбардира метеорски помалце ме занима
Не знам какви се протоколите не су се соочил со тоа. Мислам најклучно е што порано ги хоспитализираат и има доволно доктори да се грижат за тебе. Нема лек за ковид засега, од зависност на состојбата пробуваат со лекарства од кои мислат дека може да помогнат. И кислородна поддршка нели ако е потребна.
 
Попладнево кај нас во Н.Лисиче слушам автомобилски сирени... Свадбите уште се дозволени или некоја предизборна активност ???
Си крцкаат и свадби и крштевки, вчера на фб гледав слики од Охрид и Тетово (наши), динга народ.
 
Вакцините се ефикасни но со тек губат на ефикасност. Со буст имаш 3 пати повеќе антитела него по втората, ем повеќе ем озвежуваш. И секако оваа вакцина придонесува т-клетките кои се за долготраен имунитет дополнително да се развиваат. Како и да е, не е лошо пред трета доза да се проверат антитела, не секогаш има потреба.
Премногу лаички е да се каже дека вакцините се ефикасни. Вакцина за морбили сигурно не те штити од грип и обратно. За да биде ефикасна прво и основно е да го носи вистинскиот антиген од вирусот од кој сакаш да се заштитиш. Кај вирусите кои имаат чести мутации тоа е скоро невозможно. Со мутациите се менува и антигенот кој го носи вирусот и секој нов сој е нова приказна. Со истата вакцина и 100 пати да се бодеш исто ти се фаќа, така да одмори малце со тоа освежување за нешто што може веќе и не постои, не циркулира воопшто. Само го преоптеретуваш имуниот систем и му одвлекуваш внимание, го успоруваш во реакцијата на правиот патоген вирус кој може да те нападне во меѓувреме и да завршиш многу полошо од нормално, што најверојатно и се дешава во моментот. Затоа и веќе еднаш констатирав дека со зголемената вакцинација во многу земји се зголеми бранот од новозаразени, а сега се дешава и кај нас.
 
Како да докажам дека евентуално го имам прележано лани, ако немам антитела? И зошто потврда, кога истата не се признава, сем за оние до 45 дена по негативниот тест!? :)

Нели битна е клеточната заштита, која се добива на природен или вештачки начин? Така организмот знае како да се справи во иднина ако повторно дојде во контакт со вирусот! Зошто преку ноќ 3та доза, која ја поддржува и Пановски, а за истата нема ни трудови, не се знае колку трае, ни колку заштита дава! Сепак 3 пати повеќе антитела е променлива константа. Зависи од секој човек поединечно. И тука има полемики. Дали требаат или не требаат коктели!? Наука. :D
Во многу земји прележаните се еднакви како вакцинираните, затоа советот. Нели треба потврда за тоа прележано. Клепточна заштита се добива и од вакцината. Колку не знам. Трети дози масовно се даваат, не е тоа коктел туку тоа што и предходно примале. Засега не ми се познати нус појави различни од предходните. Али пак ќе речам, не мора секој и секако проверка на антитела не е тоа некој голем акт.
Автоматски споено мислење:

Премногу лаички е да се каже дека вакцините се ефикасни. Вакцина за морбили сигурно не те штити од грип и обратно. За да биде ефикасна прво и основно е да го носи вистинскиот антиген од вирусот од кој сакаш да се заштитиш. Кај вирусите кои имаат чести мутации тоа е скоро невозможно. Со мутациите се менува и антигенот кој го носи вирусот и секој нов сој е нова приказна. Со истата вакцина и 100 пати да се бодеш исто ти се фаќа, така да одмори малце со тоа освежување за нешто што може веќе и не постои, не циркулира воопшто. Само го преоптеретуваш имуниот систем и му одвлекуваш внимание, го успоруваш во реакцијата на правиот патоген вирус кој може да те нападне во меѓувреме и да завршиш многу полошо од нормално, што најверојатно и се дешава во моментот. Затоа и веќе еднаш констатирав дека со зголемената вакцинација во многу земји се зголеми бранот од новозаразени, а сега се дешава и кај нас.

Не е ова друг вирус, истиот е. Поспоро мутира од други вируси како грипот. Вакцините дејствуваат вирусот да не може да се залепи на клетките. Мутантиве токму тука удираат за полесно да се залепат. Затоа иде до инфекции и кај вакцинирани. Ти сакаш да покажеш дека имаме сега друг вирус ама немаме. Не е точно дека поради вакцините има поголеми бранови. Напротив, тие се поради тоа што 5-6 пати повеќе на старт се заразуваат со делтава него со првичниот вирус.
 
Во многу земји прележаните се еднакви како вакцинираните, затоа советот. Нели треба потврда за тоа прележано. Клепточна заштита се добива и од вакцината. Колку не знам. Трети дози масовно се даваат, не е тоа коктел туку тоа што и предходно примале. Засега не ми се познати нус појави различни од предходните. Али пак ќе речам, не мора секој и секако проверка на антитела не е тоа некој голем акт.
Не, Пановски денеска за Телма (барем тоа гледав), треба трета доза за медицинскиот персонал и хронично болните. Тие што примиле Модерна, АЗ и Фајзер да го примат она што претходно го примиле. Оние со кинеските, трета доза Фајзер. А и Спутник давал одлични резултати, но повторно протераме руски дипломат.

Прашањето ми беше околу клеточниот имунитет. Што полза од нова доза, кога има клеточна заштита!?

Да, во многу држави вакцинирани= прележани, ама ние ги имаме експертите Заев и Филипче, они знаат најдобро. Не е доволно да прележат, иако има 351 реинфекција!

Спутник има модифицирана вакцина за Делта сојот, а Фајзер ја тестира. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom