ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Најлудо нешто што сум го сретнал е "Се што не е регулирано со овој договор, е регулирано во рамки на интерни правила и прописи", а никаде не ми кажале кои се тие интерни правила и прописи - господ знае што се може да увалат преку ова.

Кога побарав да видам што е тоа, ми се изнасмеа дотичната особа, немало такво нешто, напишано било за правниците да имаат што да читаат. Ако имало, он не ги знаел :))))))))))))) Ама бил поприлично сигурен дека нема такво нешто. (y)
 
Интерни правила и прописи не можат да поништат законски права, така да, џабе им се тие глупости.
 
Имам слушано дека договорот им бил шашав, ама не знам што конкретно.
За пенали во врска со обуки сум имал и јас и колеги во различни фирми. Кај мене беше 2 години од ден на старт на обуката не плаќаш ништо, а со проценти ако излезеш порано.
Отказни рокови од 3 месеци исто.
Сум имал и други луди ставки како: не смееш да прифатиш за директна конкуренција без согласност од тековниот работодавец, НДА за сите проекти и тн.
Имав клаузула дека не смеам 2 години да работам во земјите во кој фирмата имала клиенти во таа индустрија. Така да пример ако продуктот е некој софтвер за осигурителмна фирма во Данска, неможам да работам на фирма која има клиент некоја осигурителна фирма во Данска.
 
Како што пишаа членовите над мене, многу работи во договорите се "плашила во бостан" и без разлика што сте ги потпишале паѓаат на суд. Не може "Митко-Пром" да биде на законот и да има превилигирано право од 3 месеци отказен рок. Интерни правила и деловници што се споменуваат во договори се правна смешка и можат интерно да си додадат.
 
Мене ме интересира овие 2 годишни забрани или пенали за курсеви како се регулирани кај нас. Може он што сака да стаи у договорот ама дали ќе може да те добие на суд.
 
Имав клаузула дека не смеам 2 години да работам во земјите во кој фирмата имала клиенти во таа индустрија. Така да пример ако продуктот е некој софтвер за осигурителмна фирма во Данска, неможам да работам на фирма која има клиент некоја осигурителна фирма во Данска.
Има многу опции за да се избегнат ваквите клаузули, џабе ги ставаат.
Автоматски споено мислење:

Како што пишаа членовите над мене, многу работи во договорите се "плашила во бостан" и без разлика што сте ги потпишале паѓаат на суд. Не може "Митко-Пром" да биде на законот и да има превилигирано право од 3 месеци отказен рок. Интерни правила и деловници што се споменуваат во договори се правна смешка и можат интерно да си додадат.
Ова може да каже правник, ама ако двете страни џентлменски се договориле ќе го јадеш ако го прекршиш.
Ти си потпишал, а потоа го кршиш договорот, џабе е законот 1 месец, по логика си виновен.
 
Nope. Во договорот ми стоеше 3 месеци отказен рок, 2 години не смеам да работам во Македонија во истата индустрија и дека не смеам да користам проекти од фирмата во портфолио.

Освен последново ради NDA другото се им падна на суд, не само тоа туку и дебела казна си платија. Само добар адвокат, и секако живци ако имаш да се тегнеш по судови. Мене процесов ми траеше цели 3 години...
 
Kaj nas ne pominuvaat ama ako nemas vreme, pari i soliden advokat...

Lani mene mi bese daden nov dogovor so obvrzuvacki klauzi kako $2,000 za plakjanje ako dadam otkaz u sledni 2 godini koi posle sakaa da gi smenat u 5. Gi butkaat ovie raboti vo posebni dogovori demek za obuka, nadogradba, bla bla. Poso ne smeat u normalen dogovor kade e jasno definirano zastita od konkurencija. Taka sakat da zadrzat nekoi firmi kadar.

Jas im dadov 2 weeks notice same day.
 
Nope. Во договорот ми стоеше 3 месеци отказен рок, 2 години не смеам да работам во Македонија во истата индустрија и дека не смеам да користам проекти од фирмата во портфолио.

Освен последново ради NDA другото се им падна на суд, не само тоа туку и дебела казна си платија. Само добар адвокат, и секако живци ако имаш да се тегнеш по судови. Мене процесов ми траеше цели 3 години...
Не знам од правна гледна точка како е, а ако не држи вода не разбирам зошто многу фирми го ставаат во договор.

Инаку и законот ми нема логика ако ја гледам бизнис страната и не гледам зошто не е потегнато досега од ИТ фелата да се стави exception. Конкретно за во ИТ за одредени позиции (а и во дел од другите бизниси) држи вода да биде 3 месеци отказен рок.
Ако ти дадеш отказ и фирмата треба да донесе нов човек, минимум 1 месец ќе им треба да завршат со интервјуирање, па на тој човек да му помине тој 1 месец ако е во работен однос и настанува хаос.

Имав прилика да почнам со работа на позиција каде што претходниот колега дал отказ, си ги зел последните 2 недели како одмор (1 месец отказен рок) и ја киднал за странство. Немаше оставено никаква документација што и како е правено и мислам дека тоа се најлошите 6 месеци во моја кариера. Ми се еба мамицата додека да дешифрирам што и како има правено, типот беше недостапен за контакт дури и за основно прашање, останатите немаа појма со таа технологија, на неколку пати размислував да дадам отказ кога видов во каков хаос имам влетано.

Мене лично ми нема логика да има ист отказен рок за секоја работна позиција во државата, има работни позиции кои да го избркаш утрото, до пладне ќе се ухода нов, а има и работни позиции каде требаат месеци за новиот да влезе во шема.
 
Има многу опции за да се избегнат ваквите клаузули, џабе ги ставаат.
Автоматски споено мислење:

Ова може да каже правник, ама ако двете страни џентлменски се договориле ќе го јадеш ако го прекршиш.
Ти си потпишал, а потоа го кршиш договорот, џабе е законот 1 месец, по логика си виновен.
Ми имаат објаснувано дека џабе ти што си потпишал, ако не е пропишано со закон. Технички ти можеш што сакаш да потпишеш ама ќе падне на суд.
3 месеци е законскиот максимум кај нас, затоа ми е чудно ова година,2 и тн. И ова со обуките нз како е регулирано.
 
Веројатно се во право, на колешка и наплатија во голема компанија за сертификатите што ги имаше полагано на нивна сметка (4к евра беа сертификатите, им плати околу 1400 на излегување).
 
не разбирам зошто многу фирми го ставаат во договор.
Со фирмата што се тужевме, од 28 оштетени луѓе само 2ца отидовме на суд другите се откажаа баш ради овие ставки у договорот и им беше страв, а некои и не сакаа да се мотаат по судови. Фирмата секако само ќе добие со овие ставки, ретко кога губи. Законски зошто не се регулира ова, појма немам искрено.
 
Веројатно се во право, на колешка и наплатија во голема компанија за сертификатите што ги имаше полагано на нивна сметка (4к евра беа сертификатите, им плати околу 1400 на излегување).
Може она платила за да не се влече со судови, али мора да не е негде пропишано до кај смеат да идат. Пример за отказен рок, 1 до 3 месеци е по закон, а сум слушал за 6, година и тн. што сигурно паѓа на суд.
 
Немам појма како е, неа и плати новата компанија за трошоците само и само за да се префрли кај нив.

Јас последно кога излегував се договорив со менаџерот дека нема да ми активираат никаква клаузула од нивна страна во поглед на сертификати со тоа што работев до последен ден (имав 2 недели одмор, не го потрошив), плус им излегов во пресрет и неколку пати со кратки презентации за новиот вработен.

Со судови во овој поглед не сум се расправал и од моја гледна точка најдобро е џентлменски да се почитува договорот и од двете страни.
Ако компанијата инвестирала неколку илјади евра во твоја едукација, на крај од денот очекува тоа знаење да го примениш за нив, а не да се продадеш подобро на друго место. Ако веќе најдеш подобра опција, коректно е некако да ги компензираш.

Исто и со отказните рокови, ако си потпишал договор со 3 месеци отказен рок, коректно е и да се испочитува, подобро седни и направи си муабет со нив дека ти е апла битно да излезеш, па некако компензирајте.
 
Најубаво џентламенски, ама не секоја фирма е таква па тука законот е доста побитен. Во првата фирма кај што работев потпишав без да го прочитам договорот, бидејки одбивање значеше не добивање работа, а овие беа први што ми дадоа понуда после 100 апликации. Работникот е во многу понеповолна ситуација тука. Они можеле да напишат таму дека роб сум им до крај на живот ама тоа ништо не значи. Затпа ме интересираше дали има законска основа за ова со обуките, или за неработење у конкурентска фирма 2 години и тн.
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom