Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ковалесцентна плазма се зема исклучиво од човек што прележал.

И да е вакциниран мора да прележи.
Зошто неможе да се земе ковалесцентна плазма од непрележан , а вакциниран со две дози ?
 
А уште пострашно е па тие што никад не учеле имунологија да им солат памет на овие што учеле имунологија. Не дека немаат право на мислење, апсолутно го имаат, ама не се бре воопшто стручни за да кажуваат како требало да се постапува.
Буквално правиш споредба измеѓу 2000 страни од медицина базирана на докази и 20 страни онлајн списанија. Не може така бе Тенеке, не може. Безобразно и безобѕирно е.

Да, имунологија е еден од најтешките предмети на медицински факултет, а студентите учат од книга за специјализанти (Kuby) и мое лично мислење е дека едни од најдобрите доктори во државата се баш имунолозите. Така што, навистина имаме од кого да слушаме лекции кога е во прашање имунологијата.

Проф. Др. Мирко Спироски, во пензија, но дефинитивно е еден од најдобрите во својата област.

Проф. Др. Александар Петличковски, исто така.

Така да, прочитајте ги нивните ставови и извлечете некаква порака од тоа, наместо да се обидувате да го сфатите имунолошкиот систем кој е исклучително комплексен.

Вака да те прашам, дали би гарантирала на човек што ќе се вакцинира, дека во иднина нема да му се случи нешто со банкарска гранција од твоја страна, заверена на нотар?
Автоматски споено мислење:

Зошто неможе да се земе ковалесцентна плазма од непрележан , а вакциниран со две дози ?
Прашај ги стручњациве со PhD на форумот, оти тоа и мене живо ме интересира, затоа што нели антителата од вакцина се подобри од природни :pos:

@Aceso ова не важи за тебе ти веќе кажа и имаш респект за тоа.
 
Вака да те прашам, дали би гарантирала на човек што ќе се вакцинира, дека во иднина нема да му се случи нешто со банкарска гранција од твоја страна, заверена на нотар?

Па немоеш поглупо нешто да пишеш. Можеш да се обидеш, но нема да успееш.

Дали ти можеш за било кој да гарантираш било што?
 
Вака да те прашам, дали би гарантирала на човек што ќе се вакцинира, дека во иднина нема да му се случи нешто со банкарска гранција од твоја страна, заверена на нотар?
А дали тебе Тенеке кога пиеш антибиотик некој ти гарантира со банкарска гаранција, заверена на нотар дека нема да бидеш алергичен на антибиотикот?

Или дали некој ти гарантира со банкарска гаранција, заверена на нотар дека јајцето што го јадеше сабајле за доручек нема да ти предизвика салмонела?

Некое 20 годишно дете да поставува вакви прашања ајде, ама 50+ годишен човек нема смисла.

Вразуми се човече, разговараме, си дискутираме...нема потреба да ме напаѓаш на секое.
 
Па немоеш поглупо нешто да пишеш. Можеш да се обидеш, но нема да успееш.

Дали ти можеш за било кој да гарантираш било што?
Не можам и не се ни трудам.

Но, прашањето е ако еве повеќето доктори (не сите, познавам многу што не се за задолжителна вакцинација посебно не на деца) од петни жили се трудат да ги натераат сите да се вакцинираат, тогаш дали се би гарантирале со пари за нив?

Put one's money where one's mouth is!
Автоматски споено мислење:

А дали тебе Тенеке кога пиеш антибиотик некој ти гарантира со банкарска гаранција, заверена на нотар дека нема да бидеш алергичен на антибиотикот?

Или дали некој ти гарантира со банкарска гаранција, заверена на нотар дека јајцето што го јадеше сабајле за доручек нема да ти предизвика салмонела?

Некое 20 годишно дете да поставува вакви прашања ајде, ама 50+ годишен човек нема смисла.

Вразуми се човече, разговараме, си дискутираме...нема потреба да ме напаѓаш на секое.

Последниот пат не ги испив антибоитиците. Никој не ми воведе мерки за тоа. Моја одлука беше.

Сега некако не смеам да одбијам, чак што више, морам и да сакам и тоа морам да потврдам со мој ПОТПИС!

Ова е веќе RED FLAG.
 
Едноставно не се нормални, еве јас сум вакциниран целосно од 1 јуни со Синофарм и позитивен сум, го пренесов вирусот на вакцинирани (сопругата) и невакцинирани-децата, се заразив од вакциниран целосно со фајзер кој мислеше дека ако вакциниран не треба да носи маска на работа и дека кашлањето му е бронхитис од климата.
Ова за жал исто така беше промовирано од официјални институции, имаше еден куп сликички од ЦДЦ, Израел, Британија каде две вакцинирани човечиња смеат без маска да седат. На крај све тоа отиде низ вода.
 
Последниот пат не ги испив антибоитиците. Никој не ми воведе мерки за тоа. Моја одлука беше.

Сега некако немам одлука, морам да се вакцинирам.

Ова веќе RED FLAG.
Јасно. Па после леле мајко докторите не чинат, пациентот разви сепса, скина конци.
 
Не можам и не се ни трудам.

Но, прашањето е ако еве повеќето доктори (не сите, познавам многу што не се за задолжителна вакцинација посебно не на деца) од петни жили се трудат да ги натераат сите да се вакцинираат, тогаш дали се би гарантирале со пари за нив?

Put one's money where one's mouth is!

Ти генерално имаш системски проблем. Ти не веруваш на системот и со самото ти лесно подложен на разно разни теории. Се осеќаш ко Нео со црвеното апче. За тебе Фајзер Зенека се сите дел од еден систем кој е тука да ти наштети да ти ги земе парите, да те отруе и да те умре на крајот на денот. Сите доктори научници кои го поддржуваат тоа за тебе се дел од тој еден голем систем кој има ултимативна цел тебе да ти наштети. И ако тука не ја гледаш паранојата која се поише ти се манифестира, со среќа нека ти е. Еве кинезот и русот дали ти влагаат у математикава или они ок се? Нешто не гледам многу да ги спомињаш. А ако се тие на ниво на света вода као небитни, па иди збрцај се ако ништо друго ќе стаиш вода у тебе, ќе ја измочаш за два дена а ке можеш да шеташ по кафани и ќе го олабаиш интернет просторот со твоите неосновани паранои.
 
Слушај бате јас сум Луј Пастер за тебе во врска со вакцините.
 
Вака да те прашам, дали би гарантирала на човек што ќе се вакцинира, дека во иднина нема да му се случи нешто со банкарска гранција од твоја страна, заверена на нотар?
Автоматски споено мислење:

Прашај ги стручњациве со PhD на форумот, оти тоа и мене живо ме интересира, затоа што нели антителата од вакцина се подобри од природни :pos:

@Aceso ова не важи за тебе ти веќе кажа и имаш респект за тоа.
Ај и обратното, дали ти можеш да гарантираш со банкарска гаранција дека не треба да се вакцинираат и дека без вакцина ќе поминат без никакви последици?
 
Слушај бате јас сум Луј Пастер за тебе во врска со вакцините.

Бате ти си скаран сам со себе. Не е проблемот што си за мене Луј Пастер, него што мислиш дека си боготац за стручни луѓе од фелата. Тука ти е дијагнозата тебе. Продужи со youtube и алт медиа срањата, и кај и да е иди да му држиш жив ѕид на Тајсон бошњачки пред влада.
 
Оти сега поарно е. Во болница некој одбива терапија, што секој втор умира?
Па не беше ти тој што збореше за смртност? Ако сите пациенти се као тебе и одбиваат терапија препишана од лекар, несомнено е дека ќе имаме висока смртност. Независно ковидот, генерално зборувам.

Види, точно е дека има многу дупки во здравството, ама не е дека сите не чинат бе Тенеке. Тебе ставот ти е дека професорите по имунологија и лекарите ништо не знаат, а ти со читање интернет сајтови си постручен од нив. Дури ете, на твоја одговорност си прекинал сам антибиотска терапија.

Значи ако не си бил добар и ти била ординирана антибиотска терапија, пожелно би било да се дистанцираш од другите. За секое инфективно заболување е така. Затоа и постои нешто што се вика боледување. Само е сведено на твоја лична одговорност и совест. Сега условите се други, вирусот е распространет на глобално ниво и мора да постојат некакви мерки за да се сузбие ширењето...затоа што огромен е бројот на непослушни пациенти ко Тенеке.
 
Ај и обратното, дали ти можеш да гарантираш со банкарска гаранција дека не треба да се вакцинираат и дека без вакцина ќе поминат без никакви последици?
Проблемот е што јас не ги терам луѓето сосила да се вакцинираат или не.

Секој треба сам да одлучи. Убо ме познаваш што заговарам.
 
Само јако. Од 2022год. одстрел на улица за невакцинирани.
Еееј мене вака ме вакцинираа во прво одделение :LOL:
Ботој не видоа дека е брис.
Острелија Ковид мерки.
1000 австралиски долари казна, кај нас братучед ми 2000 евра.
Па добро, тука сме некаде.
Не знам што му е на Израелците
И ја не знам што му е, будала.
Претпоставувам не, но затоа имаме тон рендом ликови кои изгледале неколку клипа за теории на заговори, што ги прави далеку поголеми стручњаци за оваа проблематика од оние со PhD.
In addition to his PhD, Filipče also studied for a year at The Ohio State University and Dayton Ohio in the field of neurosurgery.
И овој има докторат па се изнатреска глупости особено во последниов период.
И рана ми средуеше хирург со месеци без успех, а ми помогна маст од баба со 8 одделение.
не мислиш дека Red Zurla е Зоте?
Нема врска некое детиште е овој.
Ima sigurno povekje netestirani a prelezani ama neka bidat duplo ili troduplo, sepak razlikata e mnogu golema prema Izrael za da se objasni samo so toa.
Автоматски споено мислење:

Pred nekoe vreme posle zimskiot bran imase nekoja grafika so brojki i predpostavki, kolku pati pogolem e ili bese brojot na pozitivni prema oficijalnite brojki. Za Makedonija mislam pisuvase 2,5 pati povisoki se realnite brojki nego oficijalnite.
Аман бе со латиницава, аман.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom