Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека кога почнаа на почеток, постарите генерации и лицата со комоборитети ги вакцинираа со Синофарам. Ако е така мора да почнат да планираат трета вакцина со Фајзер. Дека не се баш сјајни резултатите од Синофарм во споредба со другите вакцини.

Iskreno ja bi preporacal nekomu so Sinofarm ili Sinovac ako se odluci za treta da zeme edna Vektorska kako AZ, Sputnik ili Johnson. Dava posilna reakcija i efikasnost so edna doza. Sepak mora da racuname deka ima lugje koi od Kineskite ic ne razvile imuna reakcija.
 
Примарно треба да се иде трета доза Фајзер на сите над 50 години ризични групи кои примија Синофарм, а потоа и Синовак која се аплицираше подоцна кај нас. Услов да биде три или четири месеци по примена втора доза.
 
Да знам. Поради тоа треба да се разгледа таа опција за заштита на најризичните групи на граѓани со трета доза. Наместо да се размислуваат на уште повеќе рестриктивни мерки и други банални мерки.
Се сложувам за ова, нажалост нашата влада не сфаќа дека приоритет треба да е заштитување на луѓето кои спаѓаат ризична група, а не расфрлање со дискриминирачки и смешни мерки за невакцинираните. Кога целиот фокус би се насочил кон луѓето од ризична група, нивно вакцинирање, изолација и евентуална материјална компензација за нивната изолација, мислам дека не би ни имале проблем со пандемијава.
 
Iskreno ja bi preporacal nekomu so Sinofarm ili Sinovac ako se odluci za treta da zeme edna Vektorska kako AZ, Sputnik ili Johnson. Dava posilna reakcija i efikasnost so edna doza. Sepak mora da racuname deka ima lugje koi od Kineskite ic ne razvile imuna reakcija.
Или со неа. Од ракав истресов и не пратам баш која комбинацина е најдобра.
Автоматски споено мислење:

Се сложувам за ова, нажалост нашата влада не сфаќа дека приоритет треба да е заштитување на луѓето кои спаѓаат ризична група, а не расфрлање со дискриминирачки и смешни мерки за невакцинираните. Кога целиот фокус би се насочил кон луѓето од ризична група, нивно вакцинирање, изолација и евентуална материјална компензација за нивната изолација, мислам дека не би ни имале проблем со пандемијава.

Да, неопходно е и лицата над 50 во што поголем број да се имунизираат.
 
Како и да е, за убо нека,нек се множат бустери.

па моментално да ни дадат еден бустер на нас со синофарм нема да е лошо. Уште малце престанува мојата вакцина да функционира и сум препуштен на мојот имун систем бафра. Али пред октомври не очекувам бустери за нас со оглед дека чипираат турбо со прва и втора доза моментално.
 
Прегледај го приврзокот 304656

Лица кои завршиле на респиратор
Ако се мењат некој услови статистиката може да е тотално грешна или да ја штимаш како сакаш. Порано дедо баба на 100 години болни од стариот ковид грип, од брза помош ќе ти кажат стар е гответе се. Сега кога купија многу респиратори, нормално дека ќе се покачи смртноста на респиратор при ковид. Штимат статистика многу јако. А иначе факт е дека вакцината помага да преживеат Ковид, така да стари болни, нека се вакцинираат, ризикот од последици од вакцината е помал од ризикот за смрт од ковид.
 
Оваа статистика од каде е? Од која земја и кој ја направил?
Бахреин.

Ииии ова плавово не го ни глеам на графициве, значи не завршуваш на респиратор со Фајзер, ТОП!
Мал број несреќници се погодиле таму у мај 50+ ама јебига коморбидитети имале.
Ако е графиконот од кај нас(чекам одговор на ова), тогаш не е така црно-бело како што мислиш!
Кај нас повеќето стари и ризични прво беа вакцинирани со Спутник(докторите и мед. персонал), Астра(над 70) и Синофарм останатите!
Ништо чудно што Фејзер ќе го нема во статистиката.
Автоматски споено мислење:

Бахреин.

Со кој процент учествува Фејзер во вакцинираните?
 
Околу 20% ?
569,054 Синофарм
184,526 Спутник
73,765 АстраЗенека
169,058 Фајзер

и 245,876 невакцинирани.

Спутник изненадува со ефикасноста. Со оглед на тоа каква антипропаганда и кампања води западов против таа вакцина.
Комотно се носи рамо до рамо со Фајзер.
Ако успеат да докажат дека нема опаѓање на ефектите на заштита со тек на време ќе биде голема победа тоа за Спутник.
 
Последно уредено:
Околу 20% ?
569,054 Синофарм
184,526 Спутник
73,765 АстраЗенека
169,058 Фајзер

и 245,876 невакцинирани.

Спутник изненадува со ефикасноста. Со оглед на тоа каква антипропаганда и кампања води западов против таа вакцина.
Комотно се носи рамо до рамо со Фајзер.
Битно е и на кое население во која возрасна група ја дале која вакцина. Ако ја дале претежно Фајзер на постари од 60, тогаш тоа ги прави нејзините резултати уште подобри, ако постарите се вакцинирани претежно со Синофарм, тогаш тоа делумно ги објаснува полошите резултати.
 
Џабе сум заштитен кога ради вас сме на црвена зона во цел свет, мене ме интересира само и само да се отворат граници, ме заболе за теориите на заговор од рандом србенди.

Моите од пошироката фамилија се утепаа патувајќи до Англија и назад од кога ги отворија повторно летовите. Другар ми кој работи за фирма во Франција исто така, не само до мкд ами на секаде по Европа поради работата. Зошто викаш дека се затворени границите?
 
Битно е и на кое население во која возрасна група ја дале која вакцина. Ако ја дале претежно Фајзер на постари од 60, тогаш тоа ги прави нејзините резултати уште подобри, ако постарите се вакцинирани претежно со Синофарм, тогаш тоа делумно ги објаснува полошите резултати.

Има само статистика според просечна возраст на вакцинираните групи по производител.
38 просек со Синофарм
39 просек за Астразенека.
35 просек за Спутник.
36 е со Фајзер.
 
Има само статистика според просечна возраст на вакцинираните групи по производител.
38 просек со Синофарм
39 просек за Астразенека.
35 просек за Спутник.
36 е со Фајзер.
1629911144112.png

Ете се и по години. Многу повеќе 60+ се вакцинирани со Синофарм, и скоро сите 70+ се вакцинирани со Синофарм. Што објаснува зошто тие бројки се така полоши (веројатно би биле полоши и со еднаква распределба, ама не толку).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom