Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Ми нема поента, за таа плата можеа Меси да го земат и го пропуштија за да го земат Роналдо? Нема логика.
Тогаш само што го земаа Грилиш, Меси стана достапен од нигде и ПСЖ одма реагираа, а и рачунаа на Кејн претпоставувам. Оваа прилика се отвара сега, ако не го земат Кејн. Не е дека го пропуштија Меси за Роналдо. А и ситуацијава е повеќе дека Мендес го нуди по клубови и пробува да договори трансфер.

Баш би сакал да се случи затоа што ич не ми се вклопува во Сити, а и ќе има солзи во градот :D
 
Кики у Псж, Мбапе у Реал :vozbud:
 
Сега гледам дека касапот Шокрос, после 100 години во Стоук, сменил средина и од оваа сезона е дел од Интер Мајами, клубот на Бекам :D Фил Невил е тренер на екипата.


Ми нема поента, за таа плата можеа Меси да го земат и го пропуштија за да го земат Роналдо? Нема логика.
Можно е Меси од претходно да беше договорен со ПСЖ, а ова со прес конференциите и приказната со тоа како Ла Лига одеднаш ги изненадила да беше само некоја глума.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Тогаш само што го земаа Грилиш, Меси стана достапен од нигде и ПСЖ одма реагираа, а и рачунаа на Кејн претпоставувам. Оваа прилика се отвара сега, ако не го земат Кејн. Не е дека го пропуштија Меси за Роналдо. А и ситуацијава е повеќе дека Мендес го нуди по клубови и пробува да договори трансфер.

Баш би сакал да се случи затоа што ич не ми се вклопува во Сити, а и ќе има солзи во градот :D
Да, ама од оваа перспектива испаѓа дека не значело ништо тоа тогаш што го земале Грилиш зашто сепак имаат 35 милиони евра во плата да дадат на играч. Значи ги имале и тогаш парите, чим ги имаат сега. Сигурен сум да доставеле понуда Меси ќе одбереше да игра во тим под Гвардиола отколку да иде во ПСЖ.

Освен ова што го пишал @Ернесто ЧЕ Гевара зашто иначе стварно ми нема никаква логика ова со Роналдо. Сметам дека се апсолутно невистини, али ајде да видиме и почудни работи се случија летово во фудбалот.
 
Тогаш само што го земаа Грилиш, Меси стана достапен од нигде и ПСЖ одма реагираа, а и рачунаа на Кејн претпоставувам.
А и Роналдо ваљда очекувал Реал дека ќе го врати, Манчестер ќе го бара, ПСЖ пред да искочи Меси како опција. На крај виде дека точно 0 клубови го сакаат, па ај да искористат статус кво у преговорите меѓу Сити и Кејн и да го убутаат таму.
Ќе остане у Јувентус до крај на договорот, па следното лето у Америка.
 
Роналдо би играл на 9ка, Меси не е за таа позиција.. Ваљда затоа. :))
 
Има некој што прател српска лига? Го гледам овој Бирманчевиќ многу добар во овие квалификации за ЛШ. На трансфермаркет гледам дека Партизан се откажал многу лесно од него. Каков бил во српска лига, играл вака добро константно?

Чукарички го продале за 1 милион, што е сосема добро за таков клуб, но изгледа и дека и Малме ќе профитира.
 
Дортмунд пред продавање на Дилејни во Севиља и пред земање на Халстенберг од Лајпциг. Баерн крена раце од Сабицер од Лајпциг и фрлија око на Хофман од Гладбах. И за двете колку пари толку музика.
 
Првата понуда испратена, изгледа од 160 до 185 милиони евра.

Исто така Реал побарале дозвола од ПСЖ да преговараат со Мбапе за лични услови.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom