Македонските компании на Facebook, Twitter, Instagram...

  • Креатор на темата Креатор на темата igla
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 февруари 2005
Мислења
100
Поени од реакции
121
Веб-сајт
www.kajgana.com
Не знам за вас, ама во последниве неколку години (барем за мене) компаниите кои не се присутни на социјалните мрежи исто како воопшто да не постојат. Без број пати сум се нашол во ситуација да се информирам за разни понуди и актуелности преку Facebook и Twitter, сум реагирал до претпоставените за некакви пропусти, сум споделувал фидбек за услугите и производите кои ги нудат и тн... Едноставно, ми се допаѓа таа двонасочна комуникација помеѓу мене и компанијата, нешто што сигурно нема да го добијам ако ја видам понудата во флаерче или на телевизија.

Фирмите кои не можам да ги најдам ниту на Facebook, ниту на Twitter за мене се духови. Јебеш ти компанија која во 2015-та мора да ја барам со гуглање, па дали имала сајт, па дали информациите таму се точни, па ѕвони по телефони да прашаш нешто, па објаснувај се за точната локација (наместо мапата да си ја стават на фан пејџот) и тн... Ало, време е да се адаптирате на новите трендови! :kafence:

Има и такви кои се трудат, ама некако не им иде. Слушнале дека треба да бидат присутни на Фејсбук, ама не ја разбрале баш добро поентата. Па или отвараат профили за обични корисници со кои се спријателуваат со тебе (и може да ти ги гледаат фотките од одмор - не фала!) или отвараат аматерски фан страници кои повеќе создаваат конфузија со непрофесионалното водење (секој у фирмата си постира што сака, најчесто нерелевантни информации, спамираат и тн.). Овие најчесто не сфаќаат дека социјалните медиуми се за двонасочна комуникација па најчесто бришат коментари и никогаш не одговаат на вашите прашања.

Лошо искуство сум имал со Cosmo Tinex затоа што никогаш не одговараат на коментари. Не ги бришат, ама ти за нив си како дух. Си го користат фејсбук пејџот само за спамирање со понуди. Еве, веќе 2 месеци чекам одговор. Нико компјутери се исто така пример КАКО НЕ ТРЕБА! Имаат 5-6 ПРОФИЛИ (не фан страници) и се спријателуваат со луѓе, па после спамираат. И нормално, сите ги блокираат. AMC се ужас со тоа монтажите! :pos: Ало, очекувам да го мрднете г'зот и да направите некоја реална фотографија, а не да користите една вештачка сток фотографија од 1999-та во сите фотки! Скоро сите постови им се напорни (со премногу информации и CAPS LOCK) и коментариите им се крајно неуслужливи и непрофесионални. Имам впечаток дека секој вработен од секо продавниче си коментира се што сака. За фан страниците на телевизиите и весниците не сакам ни да почнам. Врв на непрофесионалноста се Вечер, Сител, Канал 5, Алфа и тн... Абе сите до една мислат дека доволно е само да шернат линк до сајтот и си ја завршиле работата.

Како добри примери можам да ги издвојам Ramstore на Facebook и Twitter, Златен Даб (добија награда за најуспешна компанија на Твитер), МоиРецепти (односно Delimano) на Instagram, Горска вода (на Instagram, Facebook и Twitter), Европа со нивните превкусни фотки, Bella на Instagram, Vitalia, BiMilk, Идеал Шипка и уште многу други кои на време ги прифатија новите медиуми...

Кои компании на вас ви оставиле добар или лош впечаток на социјалните мрежи?
Кои кикснале, а кои успеале да извлечат максимум од потенцијалот?
Кои од нив ви затребале и сте ги побарале на Facebook, а не сте успеале да ги пронајдете?
Зошто некои од нив се плашат да ги прифатат новите трендови и сметаат дека полнењето на поштенски сандачиња со флаери е поевтина и подобра варијанта отколку инвестирање во добар социјален профил?
 
Добар пример, МаксТВ... нема пост на нивниот профил на кој не можат да дадат одговор.
Од секогаш се грижеле за клиентите.

Здрaвo (тој и тој), зa секoе прoширувaње нa прoгрaмскaтa сoдржинa ќе бидете нaвременo известени. Пoздрaв
 
Можам да го пофалам Уан на твитер. Ми излегле во пресрет на два пати.
Во 2012-та за активација на број. Господата од 2be не ми го активираа три дена.

И пред пет месеци барав телефон кој го енмаше по продавниците низ Прилеп. Појдов во главниот салон во ПП каде ми рекоа дека ќе го побараат во Скопје по магацини, и ќе ме известат.
Си појдов дома и им пишав на твитер. Ми рекоа дека ако сум заинтересиран да го купам телефонот, ќе ми најдат.
По пет минути батката кој ме убедуваше дека го немаат телефонот во Прилеп ми се јави да ми каже да појдам да си го земам телефонот.

Исто и страницата на KupiOdDoma.com на фејсбук ми има излезено во пресрет со сите информации, и ми испорачаа производ за 12 ч. наместо два дена.

Инаку денеска подбра реклама од таа на социјалните мрежи нема.
 
Добар пример, МаксТВ... нема пост на нивниот профил на кој не можат да дадат одговор.
Од секогаш се грижеле за клиентите.

Здрaвo (тој и тој), зa секoе прoширувaње нa прoгрaмскaтa сoдржинa ќе бидете нaвременo известени. Пoздрaв

Човек, какви торковци им пишуваат на страната, да бев јас модератор сите би ги испобанирал :coffee:
 
AMC секогаш даваат одговор на прашањата, а кога не можат да дадат одговор ви го бришат коментарот.
 
Не е баш фирма од ист тип како горенаведениве, ама убедливо најјако користење на социјални медиуми и на можноста од истите ја има Златна Книга на Твитер. Од другите со кои сум имал лично искуство One, исто на Твитер се одлични. Секогаш одговараат, без разлика дали се работи за пофалба, критика, барање помош или некој коментар поврзан со тоа што го нудат.
 
Златна книга има некој интересен начин на реклама :D
zk.png
 
Добар пример, МаксТВ... нема пост на нивниот профил на кој не можат да дадат одговор.
Од секогаш се грижеле за клиентите.

Здрaвo (тој и тој), зa секoе прoширувaње нa прoгрaмскaтa сoдржинa ќе бидете нaвременo известени. Пoздрaв
Од оваа причина кога сакам да им поставам прашање на фејсбук им поставувам преку порака. Они ќе мора да видат порака сакале или не затоа што ќе им свети горе икончето и ќе да ти одговорат нешто.

Секогаш добивам одговор било да е ваков или пак нешто повеќе

Ова небитно дали станува збор за Макс тв или за друга мак компанија.
 
Последно уредено:
А Ф.К Осогово на Твитер? :)

Доста се активни на социјалниве мрежи. Ги има и на инстаграм и фејсбук. Каму да беа така активни и во фудбалот и со резултатите.
Иначе, тоа е добар пример како треба да изгледа некој спортски тим на социјални мрежи. Добро маркетинг си водат. Но треба и резултати.
 
Што кога некоја ваква компанија


ќе ви испрати производ помал од тој во каталог?
Што би правел со чаршав или ќебе 30% пократки од од тие што сум ги нарачал.
Сум им платил пари колку што треба да работам 2 дена.
 
Што кога некоја ваква компанија


ќе ви испрати производ помал од тој во каталог?
Што би правел со чаршав или ќебе 30% пократки од од тие што сум ги нарачал.
Сум им платил пари колку што треба да работам 2 дена.
Ништо ќе си работиш сега 1 недела, и ќе си појдеш во некоја продавница со физичко присуство и ќе си купиш како човек. Тоа е што е, следен пат ќе си го вклучиш мозокот пред да пазариш нешто или ако не те бива, воопшто нема ни да пазариш...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom