Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.998
Жал ми е за татко ти. Се надевам дека сега е добар.Ме изнасмеа сега, како ја перцепираш реалноста.
Ете арно си кажа при толку хронични болести со срцеви заболувања, мозочни удари итн , кога умираа луѓето од сето тоа во 2020 сите ѓи прикажуваа дека умираат од Ковид, бидејќи и од која болест да боледуваш и одиш да се лечиш прво те тестираат за Ковид. Знам по мој пример, дека татко ми фати гангрена на ногата минатата година кога сите болници беа во паника, и кога го однесовме во болница, докторот рече дека треба да му се сече само стапалото, меѓутоа му направија Ковид тест и се чекаше 10 дена за резултати и за тоа време не го третираа и гангрената се прошири и ногата цела му ја пресекоа.
Такви примери има многу во светот.
Али што да правам , така ја перцепираш реалноста.
Во светот секоја година умираат по 600 000 од грип, 17 милиони од кардиоваскуларни болести, 8 милиони од рак и 4 милиони од респираторни заболувања. Без разлика дали би имало пандемија или не, тие луѓе секако би умреле, па сега гледај колку само од горе наведените болести умреле во 2020 година. Тие причини за смрт што ги наведов погоре драстично се намалени во 2020 и 2021 година, дури за 40%, а зашто, зашто кога умираат луѓето голем процент ѓи ПРЕНАМЕНУВААТ како Ковид. Напоменувам тие луѓе пак би умреле и да немаше Ковид пандемија, само немаше да умрат од Ковид и немаше да слушаме по цел ден на Тв, туку ќе си беа напишани како причина рак, грип, удари итн.
Не е баш вистина. Има кај нас зголемување на морталитетот. Но нема некоја паника кај народот, гледаш дека мал е интересот за вакцина, требаше да воведат класичен нацизам за да направат колони. И да се очекува благо, но не драстично покачување на морталитетот. Ние имавме разлика од неколку илјади меѓу изминатите години пред и за време на Ковид пандемијата.
Тешко може да се знае колку точно починале од Ковид. На дел воопшто и немало аутопсии, па и тестови, а може да има и такви кои починале и имале симптоми на Ковид, а ги криеле симптомите.