За воља на вистината, имаме доста играчи кои имаат доста (големо) искуство на голема сцена:
- Де Геа (Има освено се што може, освен националните натпреварувања и ЛШ)
- Лук Шо (Финале ЕП, неколку купови)
- Мегваер (Финале ЕП)
- Варане (x4 ЛШ, СП, финале ЕП, нз колку Примери, Шпански купови, Суперкупови и Светски Купови)
- Матич (Освоил ПЛ со Челзи и мислам беше успешен со Бенфика)
- Погба (СП, финале ЕП, купови со Јунајтед, 5 Серија А титули, неколку купови со Јуве)
- Дони (лига со Ајакс и полуфинале ЛШ)
- Рашфорд (неколку купови со Јунајтед)
- Марсијал (финале ЕП, неколку купови со Јунајтед)
- Кавани ( Копа Америка, неколку титули во Франција)
- Мата (има освоено се освен ЕП и ПЛ)
Вака така мислам дека има совршен микс на млади и желни за крв играчи во комбинација со поискусни играчи. 2 години пројдоа, ребилдот (по мене) е направен. Можеби фали квалитетен шпиц и ДМ, но најчесто тоа е шлаг на тортата.
Мислам дека можеме со овој состав да конкурираме, времето е дојдено.
Околу конзистентност за конкурентност во лига, исто немам гајле поготово после ланското издание. Откако фатија кондиција, ритам и форма, од Ноември/Декември имаа одлична низа и изгубија само еднаш (?) се до мај, рачунај прегорен беше релативно тимот.
Околу Оле имам резервации, но нуди солидни контра аргументи за некои негови сомнителни одлуки. Не ми е логично да си нема врска, кога мнооогу одлуки надвор од 90те минути на теренот, му испаднале сосема исправни. Не е коинциденција во прашање. Не можам да речам дека една одлука му била погрешна (ако не се рачунаат оние на теренот).
Ми се свиѓа што не глуми експерт за се и сешто, туку ги делегира обврските на неговиот тим (исто како и Ферги).
ПС: Фил Џонс има освоено се освен ЛШ, ЕП и СП