Политички случувања во Авганистан

Член од
14 август 2006
Мислења
45.542
Поени од реакции
85.092
Разбирам очај и желба да се избега, ама ако до толку им сметаа талибанците можеа да земат пушка во рака и да се борат наместо да паѓаат од авиони.
Веројатно и 2001-ва така ја замишљаш: - Па што бе ако командниот врв и политичарите предавнички дејствуваат, ја ќе си земам пушка и сам ќе се борам. Ќе идам на Вејце сам и ќе пукам.
Автоматски споено мислење:

Нека ги примат. После ако рокнат талибанциве некоја бомба низ Скопје како одмазда за угостувањето на предавниците педофили да нема плачки тогаш.
нас деца за Велигден ни ликвидираа, па за една бомба

Не можат муслиманите толку да не ебат, колку што можеме ние да издржиме.
(знам извикано е ова, ама е вистинито)
 
Член од
17 март 2011
Мислења
140
Поени од реакции
135
Во Македонија деновиве ќе пристигнат околу 190 бегалци од Авганистан, потврди Владата

Владата денеска соопшти дека Македонија како членка на НАТО ќе преземе солидарна одговорност привремено да прифати бегалци од Авганистан, лица кои изминативе 20 години работеле на мирот во таа земја и биле локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија.

„Во овој момент се работи на координација и утврдување детали за преземање шест жени и деца, вработени или членови на семејства на вработени од Мисијата на Обединетите нации во Авганистан, како и околу 180 граѓани, жени, деца, вработени или членови на семејства од хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарски и друг тип здруженија кои во изминатите 20 години работеа на одржувањето на мирот во Авганистан“, посочуваат од владината прес-служба.
Времето на полетување на овие граѓани од Авганистан сè уште не може да се потврди имајќи ги предвид сложените услови на аеродромот во Кабул, но може да се очекува дека ќе пристигнат следните денови.
„Хуманитарците, вработените во организациите за човекови права и членовите на нивните семејства планирано е да пристигнат на аеродромот во Скопје по што задолжително ќе бидат упатени на 14-дневен карантин заради превенција од Ковид-19. Министерството за здравство ќе организира и пунктови за вакцинирање за граѓаните кои нема да бидат вакцинирани“, се наведува во соопштението.
Владата работи на обезбедување сместувачки капацитети во мотели, одморалишта и хотели, за што трошоците ќе бидат обезбедени од страна на меѓународните организации, како и од САД.
Сместувањето и преземањето на локалното население ќе биде со ограничен временски период, сè до обезбедување нивни трансфер до САД или до трети земји, што ќе биде утврдено во координација со нашите стратешки партнери и со меѓународните организации, додаваат од Владата.
 
Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712

190? Многу малце некако...
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.720
За жал оваа етничка група Хазари мора да се евакуира, пошто овие што се Паштун-Талибаните ќе им направат масакр(филм:The Kite Runer), за време на УСА окупацијата сите тие имаа големи функции во владата, а сега се оставени на Талибанците. Е сега if I am a guessing man, би требало да дојдат кај нас и во околината, Бајден најави дека на многу од луѓето што им помагаа таму како преведувачи на пример (во Афган се зборат многу јазици) ќе добијат виза во САД, но сега засега ништо од тоа.
"Hazaras - Wikipedia" https://en.m.wikipedia.org/wiki/Hazaras
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.576
Поени од реакции
3.371
... со 300 000 авганистански војници наоружани со најсофистицирана опрема и механизација за подршка што ги оставиле америте позади нив, да „се уплашат“ од 50 000 талибанци со какво такво оружје, да го фрлат оружјето без борба и да побегнат мене не ми е верно, освен ако не е намерно во реализирање на ослабување и удари на ЕУ, а што би побегнале толку далеку, кога можат таму блиску кај муслимаски арапски држави да се сместат :toe:
Има логика само ако "работат" заедно во договор со некоја трета страна...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.024
Поени од реакции
67.941
И дефинитивно ке ги донесат... Мајко мила. :tapp:

Z

zmej gorjanin

Гостин
Шест лица вработени во канцеларијата на Обединетите Нации во Кабул ќе бидат првите загрозени цивили од Авганистан кои ќе најдат прибежиште во Македонија. Не се знае кога ќе стигнат, а за нивниот статус ќе одлучува меѓународното право, вели министерот Бујар Османи.

Како што најави, земјава во наредниот период ќе биде отворена за цивилите од Авганистан кои работат пред се во поголемите меѓународни организации.

– Не можам да калкулирам со бројки. Обединетите Нации побараа шест лица претежно жени и деца на вработени во канцелирајата на ОН во Кабул да бидат прифатени и тие ќе бидат прифатени – рече Заев.

Лицата ќе бидат привремено во државава се додека не се реши нивната крајна дестинација, вели Османи, а проценките за тоа колку лица ќе пристигнат ќе се прават во соработка со НАТО и САД.

Ќе бидат сместени во мотели, одморалишта и хотели, за што трошоците ќе бидат обезбедени од меѓународните организации, како и од Соединетите Американски Држави.

Најавата за прифаќање на цивили од Авганистан во земјава наиде на критика од опозицијата, посебно што засега на ваков чекор, покрај Македонија, се одлучиле уште и Албанија и Косово во регионални, а Канада во глобални рамки.

Член од
6 јануари 2020
Мислења
327
Поени од реакции
320
Националната Војска на Афганистан ми се чини како да немаше многу мотивација да пружи отпор.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.755
Поени од реакции
9.356
– Не можам да калкулирам со бројки. Обединетите Нации побараа шест лица претежно жени и деца на вработени во канцелирајата на ОН во Кабул да бидат прифатени и тие ќе бидат прифатени – рече Заев.
17000 лица се вкупно, без да се сметаат нивните семејства.

Khan now lives in Seattle but knows what is likely to happen to the 17,000 translators and their families who are waiting for special immigrant visas to the U.S. and has a warning for the Biden administration.

US pullout from Afghanistan could leave 17,000 interpreters ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom