Здраво, ми треба автомобил до 6000 еур, ама да има Bluetooth, Навигација и сл . Гледав за таа цена само Сеат Леон нуди ова , дали знаете некој што продава да ми пишете у ПП.
За таа цена ќе земаш возило старо 12+ години, каква и да има навигација фабричка таа е веќе outdated
Ти гледај прво земи си кола каква што си сакаш колку може по зачувана и според своите потреби, навигација Медија блутут денес бар не е никаков проблем да се набави, за 150/200 евра имаш мултимедија 1080p 4core 2/4gb ram последен андроид буквално све што му треба на човек за во кола, не ти ни треба блутут пушти си хотспот од телефонот и се ти е достапно сите апликации што ги имаш на мобилен ги имаш и тука.
Јас скоро купував кола до таа цена и приметив дека глупа раја начукува плус на цена дека имала колата навигација, а навигацијата од 2006/7 дисплејот очобол, резолуција коцки, брзина никаква попрво ќе стигнеш кај што си тргнал додека отвори мапа
таква и се погоди да купам, уште во прва недела нарачав за 150€ full HD android 11.0 наменета за тоа возило и убаво и лично модерно, лесно се монтира plug and play сам си ја наместив.