Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ама провери и бројот на прележани, нормално нема да биде ко претходните бранови

Ако е нормално сегашниов бран да биде послаб од предходниот, како тогаш во Русија се случува ова ? Или клучот е сепак во високиот процент на вакцинација

1.png

Претходната недела колку имаше? :)

Па со прва доза имаше по 4-5000 дневно значи максимум 20-25к имало предходно
 
Сигурни сте дека истите луѓе се тие што барале вакцини и протестираат сега, или се бунеле за место во болница?
 
Договорено, ама да ми ги тргнат сите мерки, може? Уште утре ќе потпишам.

Не знам кој ве пушта да излезете од Фудбал! Не е само за кафаната, кафичот или ресторанот, не е само тоа што се принудуваат граѓаните да се вакцинираат спротивно за секоја можна регулатива, туку и за трулото здравство кое нефункционира веќе со децении, системот кој пропаѓа и самоволието на власта. Штета што стигнав во Скопје нешто покасно од планираното, инаку ќе отидев.

Инаку имаа скоро сите можност за превенција, зошто од дополнителни мерки? Сега треба да се враќаме во нормалата, вечно не можеме да останеме во расчекор меѓу желбите на власта и реалните очекувани економски текови. Ако сакате инфлација, слободно, ќе си останеме веќе закочени уште 6-7 месеци.

Ама истите што плукате против власта, сега застанавте зад системот. :)

Претходната недела колку имаше? :)
Уште ли верувате дека вакцините ќе ве направат аутисти?

Каква власт и каков систем, за вакцините се збори...
 
Ако е нормално сегашниов бран да биде послаб од предходниот, како тогаш во Русија се случува ова ? Или клучот е сепак во високиот процент на вакцинација

Прегледај го приврзокот 303568



Па со прва доза имаше по 4-5000 дневно значи максимум 20-25к имало предходно
Не.....предходно беше околу 30 000, и сега ја има бројката како секаде во светот...просек околу 60...65% од предходниот максимален пик

Би се осудил да тврдам дека вирусов си се однесува ,,математички прецизно,,.....т.е. си прави пикови на секои 3,5 до 4 месеци без обзир на времето, мерките, земјата....


како природен тек да му е....

ако е точно ова, треба во Септември и Октомври глобално да имаме паѓање на бројките, а медицинарите најавуваат поголем бран поради започнување со работа на школите и факултетите
 
Сигурни сте дека истите луѓе се тие што барале вакцини и протестираат сега, или се бунеле за место во болница?
Сигурни. Тоа се истите луѓе што мислат дека ќе ги чипираат и дека земјата е рамна. Истите луѓе што ќе плукаат кога ќе нема место за нив во болниците.
 
Не.....предходно беше околу 30 000, и сега ја има бројката како секаде во светот...просек околу 60...65% од предходниот максимален пик

Би се осудил да тврдам дека вирусов си се однесува ,,математички прецизно,,.....т.е. си прави пикови на секои 3,5 до 4 месеци без обзир на времето, мерките, земјата....


како природен тек да му е....

ако е точно ова, треба во Септември и Октомври глобално да имаме паѓање на бројките, а медицинарите најавуваат поголем бран поради започнување со работа на школите и факултетите

Не сум сигурен за кој дел од мислењето ме цитираш со ова предходно 30.000 дали за Русија дневни случаи или за број на вакцинирани кај нас на неделно ниво

Ако е за Македонија пред да воведат задолжителна вакцинација таа недела имаше по 10.000 аплицирани дози дневно но преку 70% беа ревакцини а не прва доза и евидентно беше дека интересот се намалува па затоа и владата се реши на ваква задолжителна вакцинација за влез. Што се однесува до Русија исто така очигледно е дека ситуацијата е значително полоша во споредба со други држави што имаат висок процент на вакцинација како Британија, Израел, Финска итн - Русите уште немаат стигнато до дневните бројки на нови заразени од предходниот пик (околу 30к) а веќе се на пат да ги дуплираат смртните и тешки случаи.
 
Факт е дека со вакцина нема да имаме колективен имунитет, тоа треба јавно да се признае. Само природниот имунитет може да даде колективен имунитет кој кај нас е недозволиво потценет. Значи, вакцината користи, апелирам луѓето да се вакцинираат, вели д-р Пановски.

Со ова 100% се согласувам, вакцните само ќе помогнат, ама нема да стават крај на пандемијата.
 
Сигурни. Тоа се истите луѓе што мислат дека ќе ги чипираат и дека земјата е рамна. Истите луѓе што ќе плукаат кога ќе нема место за нив во болниците.
Нели ти е нелогично истите луѓе што барале вакцини сега да протестираат против вакцинација?
 
Нели ти е нелогично истите луѓе што барале вакцини сега да протестираат против вакцинација?
Зашто бараш логика кај луѓе што мислат дека ќе ги чипираат?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom