К Р И Е Н К А
Врз основа на членовите 365 и 370 од Законот за трговските друштва и членовите 65 и 66 од Статутот на ГД Бетон АД Скопје, Годишното Собрание на акционери одржано на 29.07.2021 година, со мнозинство гласови од кворумот кој изнесува 28.002 акции со право на глас претставени на Собранието со ‘‘ЗА‘‘ 27.933 гласови, ‘‘ПРОТИВ‘‘ 42 гласови, ‘‘ВОЗДРЖАНИ‘‘ 27 гласови, ја донесе следната:
ОДЛУКА
за признавање на дополнителна награда на Претседателот на Одборот на директори за посебно доверени работи
Член 1
Се признава дополнителна награда на Претседателот на Одборот на директори за посебно успешниот ангажман за посебно доверените работи во врска со склучувањето на Договорот за изведба на станбено деловен комплекс на улица Хорвачанска во Загреб, Р. Хрватска во висина од 5% (пет проценти) од вредноста на делот од работите кој ќе ги изведува Друштвото, во бруто износ, каде персоналниот данок е обврска на Претседателот на одборот на директори.
Член 2
Се признава дополнителна награда на Претседателот на Одборот на директори за посебно успешниот ангажман за посебно доверените работи во врска со реализација на договорите за проектот „Боров Дол“ во Радовиш, во висина од 5% (пет проценти) од вредноста на договорите за работите кои ги изведе Друштвото, во бруто износ, каде персоналниот данок е обврска на Претседателот на одборот на директори.
Член 3
Се задолжува Секторот Економика врз основа на извршените калкулации за вредноста на склучениот договор и изведите работи за договорите од членовбите 1 и 2 на оваа Предлог Одлука да ја исплати дополнителна награда на Претседателот на Одборот на директори.
Член 4
Оваа Предлог Одлука да се достави до Собранието на акционери на ДГ Бетон АД Скопје на усвојување.
Член 5
Оваа Предлог Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
Претседавач на Собрание,
Коста Глигориевски
НАГРАДНО ПРАШАЊЕ ЗА МИЛИОН ДОЛАРИ:Дали некој во текстот на усвоената одлука за наградување на Претседателот на Одборот на директори успе(в)а да види, да забележи, да најде, да открие колку изнесува СУМАТА изразена во македоснки денари што Друштвото ќе треба да му ја исплати на првиот човек на Одборот на директори?!