Се претерува со овие муабети. Од кого сте толку уплашени и кои се тие 4 екипи што би го исфрлиле Интер надвор од топ 4?
Нит па другите екипи се појачаа, останаа исти кур заглавени како и лани, плус минус ситници трансфери што ништо посебно не им гарантираат.
Тоа што Интер од пол позиција да постави сериозна основа за доминација на лигава се врати еден чекор поназад не ги прави другите клубови кујзне колку појаки.
Околу играчите, не мора да се зима конкретно ист профил како замена за Лукаку. Можеби Инзаги не сака таков сидраш односно таргет мен. Ете го Џеко кој е далеку од готов играч, секако далеку е и од некои 40 утакмици у сезона ама сепак со правилна ротација може многу да користи како поддршка за Лаутаро кој ќе биде главниот напаѓач.
Јес да нема некој достапен квалитетен шпиц, едино Влаховиќ кој секако не гарантира инстант успех ама па кој кур знаеше и дека Лаутаро ќе ти гарантира успех коа дојде на задна врата од аргентинско првенство. Пак ќе кажам ако ништо друго вреди ризикот кај Душан.
Мада мислам дека заврши приказната за негов трансфер ова лето.
Според мене, Лаутаро, Џеко, Санчез и до крајот на летово ќе се опипува пулсот за Инсиње, Кореа да се убеди Лотито да попушти у тоа барањата од 40 милиони, евентуално ако се предомисли и си најде друг шпиц Аталанта па да го даде за разумна понуда Запата, или на крајот од меркатото некоја позајмица на Јовиќ или нему сличен.
Јас сум за Белоти искрено да ви кажам.
Плус Турчинот и Сенси можат да играат малце поистурено ако загусти со повреди и суспензии кај напаѓачиве. Не му е страно на Инзаги 3-5-1-1.
Од истите клубови што играат секоја сезона за топ 4, само дел од нив со доста подобри тренери.
Си заборавил изгледа за кој тим навиваш и каква разврска имаа сезоните пред последните две. Интер го изгуби првиот и третиот голгетер и го изгуби тренерот кој е објективно за класа подобар од моменталниов (барем по тоа што сме го виделе до моментов од Инзаги). Неколку лоши резултати, неколку повредени играчи, неколку играчи на кои им паднала форма и еве ти распад на клубот на сред сезона и борба за 4то место.
Моето прашање е, во кој ти имаш доверба да се носи со притисокот, кога неминовно ќе дојде лош период за клубот во текот на сезоната? Забораваш дека во Декември минатата година се збореше за отказ на Конте? И дека титулата ни ја донесе таа неверојатна серија од 11 победи.
Плус, сега го имаш Јувентус со Алегри, а не со аматер. Рома со Мурињо, Лацио со Сари и Наполи со Спалети, односно подобри тренери.
Во скоро идеални услови, Интер без проблеми се пласира во ЛШ, па дури може и да игра за титула. Во најлоши услови, Интер игра за 6то место.
Лани второто воопшто не го гледав како веројатност, годинава многу јасно ги гледам околностите кои би довеле до таква сезона.
Сметај дека Инзаги воопшто не бил тестиран во вакви околности во неговата кариера. Не е ист притисокот во Лацио и Интер. Ако се износи со него и донесе некаков успех, за мене станува легенда и сериозен тренер.
А за Влаховиќ и Лаутаро. Лаутаро не беше донесен за 70 милиони и не се очекуваше да го замени главниот голгетер и веројатно најдобриот играч на тимот. Влаховиќ во моментов, за таа сума, е голем ризик. Иако, со опциите кои се алтернативи, и ја би го презел тој ризик во моментов. Јбг, во таква ситуација се донесоа самите, да мораат да ризикуваат за нормална сезона.