Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.575
Поени од реакции
6.705
Ма каки Икарди каки Лукаку , и двајцата самодекларирани кралови на Милано … како што Тирион од игра на тронове “ Any man who just say I’m the king is no true king “ …

Си го одработија они своето во Интер ифала им за се ,во денешно време да очекувате лојалност од играч тоа е реткост , еден ебан ранокиа испадна поголем крал од овие.

move on дечки …

Џеко е солидна замена и доколку не продадеме уште 3-4 главни играчи пак сме главни конкуренти за скудето , за ЛШ малце потешко ама нека му се даде шанса на Инзаги да видиме што може да извади од овој тим. Ќе биде кубење коси и сезонава ама за Интер навијате горе доле очекувано е, еве гледам и Дамфрис е скоро готова работа па имаме солидна замена и ма десна страна .

башка и со инсиње не шпекулираат , за некој членови што не преферираат кепци ќе биде неуротично ако потпише :pos:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.212
Поени од реакции
46.473
НЕ НЕ НЕ НЕ...

Јасно и гласно кажа Марота, Интер со продавањето на Хакими, и некои ситници нема потреба за продавање.

Ова беше чиста намешталка на кинезиве, а и рака на срце не се одбива понуда од 115М во ова криза.

Големи пари беа во прашање.

пс. Јас жалам само за Хакими, бидејќи сигурен сум дека ќе најдеме играч кој ќе го замени Лукаку, ама нема да најдеме кој ќе го замени Хакими.
Тоа е проблем плус, за конфликтот помеѓу Марота и Аусилио од една страна и кинезите од друга. Ги убедувале дека може да се соберат пари ако не сеа, и у Јануари плус, од оние кои се непотребни за тимов ама овие не глеале гаранција дека тоа ќе се деси.
Ко што глеаш напоредно и за Лаутаро се преговарало ама изборот паднал на Лукаку што е и нормално, поголема плата, и повеќе пари за трансферот.

Во спротивно инаку никад немаше Марота да прифати продажба на Лукаку после Хакими, затоа и тоа го има изјавувано. Ја искрено очекував заминување и на Марота после све ова, зашто е уште тука само он знае.

Кинезиве имаат интерно многу проблеми во самата компанија од тоа што го читав периодов, веќе не се ни сопственици на брендот, плус имаат неколку судски спорови во Кина. Лаички вака гледано голема е веројатноста Милан сценарио да се деси ко они со Елиот, или други кинези да дојдат место овие барем привремено, додека не се продаде клубот, ако воопшто и се продаде. Како и да е у моментов ситуацијата ич не е добра.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.642
Поени од реакции
59.569
Двете желби ќе им се исполнат на Стекот и Џонтра. На првиот ќе му го донесат Инсиње, на вториот Кореа. :pos:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.212
Поени од реакции
46.473
За Дамфрис (y)(y)
Каква е ситуацијата моментално поидеална замена за Хакими и не можеа да добијат, ова е едната добра ствар, другата е дека прилично ефтино ја реди Марота за него, лошата е ... Раиола му е агент.

За Бепе излишно е што да е каже више, у ситуацијава он е респираторот за полумртвиов интер и не одржава у живот, пишав погоре, ако достави конкурентен тим а ИНзаги ако достави Скудето, Бепе инстантно добива веќе легендарен статус у клубов зашто нит има клуб у светов што преживеал вакви потреси за краток временски период, нит пак ова некад се десило у Интер а кога се дешавало нешто слично сите знаеме како се одвивале работите.
Дај го сеа Нандез од Каљари и раат да сме бар со алтернативите за средината а и десната бековска позиција зашо Нандез и таму може да покрие. Реално после Хакими пак ке кажам, овие двајцата се буквално најдоброто можно решение ако се земе све у предвид, а и да течеше мед и млеко тука, пак, станува збор за одлични фудбалери.

За лево иначе многу е битно како Ди Марко ќе се покаже во Интер, од него зависат многу работи, Перишич може да достави ко атлернатива, не беше лош втората полусезона со Конте кога веќе колку толку му легна оваа позиција.

Останува уште нападот и секако Лаутаро да достави сезонава, он него мислам највише ќе се очекува а и време му веќе... :popce::popce:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.642
Поени од реакции
59.569
Дамфрис треба да е добро решение. Од она што го видов, одличен е во дефанзива, напред е добар само ја нема брзината на Хакими. Чини помалку од Далберт и од Лазаро.

Освен Дамфрис ни еден играч од овие кои се спомнуваат не ми се допаѓа.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.941
Поени од реакции
23.762
Мене страшно ме курчи тоа што Нандез сеуште не е наш играч. Абе секоја година обавезно им даваме играч или два на Каљари, и не некој парталковци...за да на крај два месеца се тегнеме за Нандез.

Како и да е, колку сакаат нека се смешкаат другите, Интер пак ќе биде при врвот. Го жалам Инзаги затоа што дојде и му го распаднаа тимот, ама немам сомнеж дека ќе бидеме јаки и сезонава.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Сеа коа ќе му натежне етикетата 115 милиони плус изјавата дека е топ 5 шпица, тоа мртвите англиски весници има да го умрат од замарање а овој као што е лабилен карактер да не речам пиче, може пак да побара позајмица у послаб клуб поради проблеми со снаоѓање со притисок.
Нема врска, нема да бидам ко овие од другата страна на градот за кој Лукаку се маваше у груди, па да му ги оспорувам квалитетите. Далеку од тоа, губиме страшен играч и нема тука отстапки.

Ко што кажа Ио, педерски од негова страна, педерски и од кинеската. Нема да навлагам и да го анализирам целиот трансфер што се случи за помалку од една недела, доволно ми говори информацијата дека Марота и Аусилио со крајни напори го убедувале кинезот дека ќе ги испеглаат сметките и без продажба на Лукаку.
Најверојатно т.е речиси сигурно и Конте си отиде поради тоа што овие рекле дека секој играч за кој ќе стигне задоволителна понуда доека не се израмнат сметките ќе биде продаден. 115 милиони е понуда која реално не се одбива, да бидеме на чисто.

Имавме чист зицер да поставиме основа за сериозна доминација на лигава, да не се повторуваме сеа што све се издеси. Кинезите и повеќе од очигледно идат на продажба на Интер, доколку вака остане светов уште година дена, слободно нека го шиткаат, нема што, очигледно не знаат да се носат со криза, немаат муда да губат пари и тоа е тоа. Само нека не кур изнасаат кеш на ваков начин.

Ако у нешто барам утеха тоа е Марота, да беше друг директор до сеа ќе имаше и дупло поголеми резови. Знае окото што праи, опасно копиле е. 180 од продажби, 12 на нови играчи. Мада сеа реално тука и Дамфрис и Џеко и Турчинот има да бидат дочекани на нож пошто си отидоа овие другиве.

Џеко е океј опција, добро нормално дека е далеку од левелот и квалитетот на Лукаку ама као да се заборава дека Лаутаро останува и околу него ќе се гради нападот каде сигурен сум дека сезонава ко прва виолина иде над 20 голови.
Добро е што барем засега се откажаа од Запата, крлеж класичен на кој ќе требаше да се трошат пари а за возврат не добиваш ништо посебно. Може сезонава ќе дае некои 12-14 голови што е во негов реален домет ама оди после откачи се од него.
Влаховиќ е веќе подруг муабет, млад играч, потенцијал, јес да само една сезона изигра на јако ниво ама ако ништо друго вреди ризикот. Нека работат на негов трансфер во следниов период, ако не испадне ништо секако Кореа ти е веќе договорен.

Тимов ваков каков што е, не е ништо послаб од конкуренцијата, послаб е од ланскиот Интер, точно, ама па ни еден од другите тимови не напраи драстично засилување и подобрување од ланската сезона кои беа дупло послаби од Интер.
Ме плаши и нервира атмосферата што се издеси летово, тука највеќе очекувам од Инзаги да ги консолидира и секако Марота.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.671
Поени од реакции
7.313
Анкетава на Ио, сеа се важи или не, како и да ја вртиме двете страни погодија. :)

Самиот Нандез турка трансфер у Интер, на тренинг не се појавувал.
На пијаницата Наиголан му раскинаа договор, ајт нека се тера.

Инаку Тотнем понудиле 60м фунти од Интер барале плус 16м плус, така да црно ни се пише.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.642
Поени од реакции
59.569
Двете желби ќе им се исполнат на Стекот и Џонтра. На првиот ќе му го донесат Инсиње, на вториот Кореа. :pos:
Заборавив да спомнам, на Ио ќе му го донесат Ди Марко :pos:


tifus.jpg
Заборавив да ги спомнам и врховните малери, Интер Тифоси Балкан, кои ја направија сликава пред неколку месеци и така го започнаа распадот.

Да бог да тифус фатиле сите до еден. :D
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.573
Поени од реакции
5.618
Заборавив да ги спомнам и врховните малери, Интер Тифоси Балкан, кои ја направија сликава пред неколку месеци и така го започнаа распадот.

Да бог да тифус фатиле сите до еден.
Као не им текнало некоја слика од Гаљардини да лупнат...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.642
Поени од реакции
59.569
Понудата е Санчез плус 15 за Инсиње … Марота легендо :pos:
Мора под итно да престанат да даваат 6 милиони плата на играчи кои се стари за да се продадат. Нити некој ќе ги земе Видал и Санчез со тие плати, нити пак ним им се брза некаде.

Инаку подобро да им го понудат Видал отколку Санчез.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom