Охо и тоа како може да се фалсифукува. Крим техника може да тестира само она шт ополицијата ќе им даде. Има многу да се пишува за овој случај, ти велам дека Владо не е серијаш пошто убиствата не запреа со неговата смрт. Има случаи по америките каде ДНК материјал бил намерно ставан на место злочина со цел да се осуди особа која им фатила око на проклетите свињи = цајканите.
Ама ако се распишувам за тоа нема да има крај, ќе треба да пробијам лимит на зборови по еден пост
Не може да се задржиме само на официјалниот број бидејќи тој најчесто не е реален.
Земи пример Џек Мевосек (имам теорија дека не постоел ама отом потом
) никогаш Скотланд Јард не истражувал убиства на некаков си Мевосек кој нели имал 5 наводно докажани убиства. А тие 5 биле арбитрарно собрани од весниците и така остнало до денес.
Полицијата пак, истражувала 11 убиства наречени Вајтчепел мурдерс од кои 5-те биле дел.
Ако се има предвид огромниот број исчезнати лица, или пак неидентификувани Џон До и Џејн До со очигледни хомцидни причини за нивната смрт, останува фактот дека многу убиства не можат легалистички да се припишат на некој серијаш. Двојбена ситуација е тоа.
Па кад је бал нек је маскенбал ете со тебе и со
@Dumbledore и кој сака друг ќе собереме материјал па фотки од нет, име презиме на серијашот заедно со бројка на официјални убиства и бројка на максимални можни убиства, каде и кога е роден, прво убиство со име и презиме на жртвата, кога и на кој начин, само не знам дали би имало легални пречки околу издавање таков албум.
А тоа си во право, премал пазар е тука, настрана што нема толку интерес за тру крајм кај нас, да бевме Англија таков албум би растурал, буквално би се обогатиле пошто таму има традиција на собирање сликички уште од 19 век а издаваат сликички за секакви ствари, бродови, локомотиви, замоци и што ти не, не се само спортисти.
Штета, одлична идеја за добра заработка, погрешно место на живеење, ми доаѓа да си каснам од гз
Нарцисоидноста е дел од 4-те јавачи на апокалипстата заедно со Психопатија, социопатија и атеншн хор, тоа се најчестите ментални проблеми на серијаши, ретко има и понекој со шизоидни нарушувања, но тоа се спри килери или мас мурдери, немаат шизо особи трпение да планираат убиства со месеци и години.
А тоа дека психопати се надпросечно интелигентни не е точно, тие се како и сите други, во распон од тотални идиоти до генијалци, ја следат генералната популација во тој поглед.
Холивуд е крив за тоа што ги претставуваат како супер-паметни, лукави и недопирливи.