Сериски убијци...

Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Он е убиецот, типичен убиец како Ед Кемпер. Напатен од мајка му убива други жени зошто не може нејзе да и се освети. Има многумина убици по неговиот профил многу време пред тој да искочи. Плус докажано е со ДНК анализа дека е тој што ги извршил убиствата.
Не е тој. Тоа со мајка му е пост-фестум прикаска на свињите, напротив имал ок однос со мајка му. Бидејќи имам родител кој често беше во комуникација со Владо, знам нешто повеќе отколку што тоа го има во весници ама некои работи не се за на форум...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.998
Поени од реакции
42.713

е зошто пишувал за убиствата и споделувал работи во новина што само инспекторите ги знаеле? Така го фатиле, иначе никогаш не би му влегле у траг
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.305
Поени од реакции
30.642
Уште нешто,препорачливо е да се информира човек за психолошкиот синдром наречен "малигна нарцисоидност".
Овој синдром е честа појава кај сериските убијци,ама е застапен и кај луѓе кои се секојдневно околу нас.
Му препорачувам на секого да се информира за овој синдром,ќе му користи во животот ако некогаш се најде во судир со ваква личност.
Mislam deka narcisoidite vo sekojdnevieto i onie seriskine ubijci gi dvoi kompletno otsustvo na empatija.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
е зошто пишувал за убиствата и споделувал работи во новина што само инспекторите ги знаеле? Така го фатиле, иначе никогаш не би му влегле у траг
Само шпекулирал колку што знам, не сум сигурен дека тоа го изнесувал како сув факт, само што не паметам сега точно за што имал пишувано.

@Dopamine еве еден случај од фолдерот што го правев порано, ако има на форумов некој струмичанец нека сподели нешто ако знае.

Првото масовно убиство по дефиниција во независна РМ се случило на 13.Ноември 1995 во Струмица кога на три различни локации во времетраење од неполн час е ликвидирано трочленото семејство Мудинови, локални бизнисмени кои во тие матни транзициски времиња се стекнале со солиден имот. Ликвидацијата со пиштол и брзината на делувањето заедно со знаењето на навиките и движењето на жртвите упатува на профи ликвидација од страна на убица кој извесно време ги прател жртвите со цел да има претстава за нивните навики и локации на кои се движат.
До ден денес не се знае убицата, појео их је мрак, никому ништо...
Имало разни верзии, наводно некакви имотно-доверителски односи со матни ликови од локалното подземје но други негираат такво нешто, на кратко вук појео магарца...

Имам и многу други па со тек на време ќе напишам и за нив. Ако некој знае нешто нека се надоврзе :)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Мене ми е без веза величањето на сериските убијци. Едно е да ја имаме на ум нивната психологија, друго е да им го величаме името, ликот, биографијата.

Колку што сум следела, има два типа на сериски убијци: едните се со физички недостаток, многу грди на пример, страшни во изгледот, и ако ги сретнеш, знаеш дека не те чека нешто добро од нив.
Другиот тип се нормални, благи, фини, мирни, луѓе кои во својата околина се познати по добро, и од кои не очекуваш ништо лошо.

п.с. Има и книга за сериските убијци во Македонија.
 
Скраја било да ги величаме. Исто како што не интересираат многу работи, позитивни, неутрални и негативни така не интересираат и крајните граници на човечкото зло = а тоа се серијашите.

Лазе Радески бил случај на фин, мирен, повлечен лик а тоа во главата му се мотала желба да убие за да се стекне со пари. Жртвите ги убивал со чекан, лешевите ги гурал во гепекот на Полонез :eek: т.н. Пезетка и ги носел Галичица каде што ги фрлал во некоја јама.
Сите убиства ги извршил на исто место, во дуќанот за железарија во сопственост на неговиот брат?!

Има некаде да се симне книгава? Пошто ова е само интервју со писателот.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Скраја било да ги величаме.
Општо зборев, не дека вие овде што дискутирате ги величате. :)
Да не беа величани, немаше да пробуваат некои од нив да постигнат рекорд, да бидат запамтени.
И со оној Џефри Дамер и многу слични, никогаш немаше да има ТВ интервју да не бил сериски убиец. За мене и тоа е величање.
Воведната реченица за списокот на сериски убијци по земја на Википедија:
This is a list of notable serial killers. Notable? И ова ми смета :D

Има некаде да се симне книгава?
Ако најдам линк, ќе ставам. :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Општо зборев, не дека вие овде што дискутирате ги величате. :)
Да не беа величани, немаше да пробуваат некои од нив да постигнат рекорд, да бидат запамтени.
И со оној Џефри Дамер и многу слични, никогаш немаше да има ТВ интервју да не бил сериски убиец. За мене и тоа е величање.
Воведната реченица за списокот на сериски убијци по земја на Википедија:
This is a list of notable serial killers. Notable? И ова ми смета :D

Ако најдам линк, ќе ставам. :)
Посоодветен е поимот prolific нема превод на мкд ама нешто како "броен" би било или чак "ангажиран, зафатен".
Друго што е чудно, најчеста професија кај серијаши е медицинско лице, има куп доктори и мед.сестри и браќа кои убивале и силувале :unsure:
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
790
Поени од реакции
1.659
Он е убиецот, типичен убиец како Ед Кемпер. Напатен од мајка му убива други жени зошто не може нејзе да и се освети. Има многумина убици по неговиот профил многу време пред тој да искочи. Плус докажано е со ДНК анализа дека е тој што ги извршил убиствата.
Дојди Рон да те бацам,за првпат јас и ти да се сложиме во нешто.Во право си за овоа.
Охо и тоа како може да се фалсифукува. Крим техника може да тестира само она шт ополицијата ќе им даде. Има многу да се пишува за овој случај, ти велам дека Владо не е серијаш пошто убиствата не запреа со неговата смрт. Има случаи по америките каде ДНК материјал бил намерно ставан на место злочина со цел да се осуди особа која им фатила око на проклетите свињи = цајканите.
Ама ако се распишувам за тоа нема да има крај, ќе треба да пробијам лимит на зборови по еден пост :)

Не може да се задржиме само на официјалниот број бидејќи тој најчесто не е реален.
Земи пример Џек Мевосек (имам теорија дека не постоел ама отом потом :D ) никогаш Скотланд Јард не истражувал убиства на некаков си Мевосек кој нели имал 5 наводно докажани убиства. А тие 5 биле арбитрарно собрани од весниците и така остнало до денес.
Полицијата пак, истражувала 11 убиства наречени Вајтчепел мурдерс од кои 5-те биле дел.

Ако се има предвид огромниот број исчезнати лица, или пак неидентификувани Џон До и Џејн До со очигледни хомцидни причини за нивната смрт, останува фактот дека многу убиства не можат легалистички да се припишат на некој серијаш. Двојбена ситуација е тоа.

Па кад је бал нек је маскенбал ете со тебе и со @Dumbledore и кој сака друг ќе собереме материјал па фотки од нет, име презиме на серијашот заедно со бројка на официјални убиства и бројка на максимални можни убиства, каде и кога е роден, прво убиство со име и презиме на жртвата, кога и на кој начин, само не знам дали би имало легални пречки околу издавање таков албум.
А тоа си во право, премал пазар е тука, настрана што нема толку интерес за тру крајм кај нас, да бевме Англија таков албум би растурал, буквално би се обогатиле пошто таму има традиција на собирање сликички уште од 19 век а издаваат сликички за секакви ствари, бродови, локомотиви, замоци и што ти не, не се само спортисти.

Штета, одлична идеја за добра заработка, погрешно место на живеење, ми доаѓа да си каснам од гз :pos:

Нарцисоидноста е дел од 4-те јавачи на апокалипстата заедно со Психопатија, социопатија и атеншн хор, тоа се најчестите ментални проблеми на серијаши, ретко има и понекој со шизоидни нарушувања, но тоа се спри килери или мас мурдери, немаат шизо особи трпение да планираат убиства со месеци и години.

А тоа дека психопати се надпросечно интелигентни не е точно, тие се како и сите други, во распон од тотални идиоти до генијалци, ја следат генералната популација во тој поглед.
Холивуд е крив за тоа што ги претставуваат како супер-паметни, лукави и недопирливи.
Не ми го прочита најверојатно целиот дел за Владо Танески.
Лешовите што се пронајдени после неговата смрт,биле убиени баш во тој период додека он убивал.Ги пронашле подоцна поради начинот на оперирање на Владо (ги фрлал лешовите настрана од градот).
ДНК од сперма му е пронајдена.Епа сега ти види колку таков доказ може да се намести.Да не ќе го тераат да мастурбира во станица за да можат спермата да ја стават во вагините на жртвите?:D Таков доказ е еднакво на невозможно да го подметнеш.
Башка Рон има право за мајка му и за профилот.Многу луѓе кои го познавале го имаат потврдено овоа.
Убиствата баш прекинаа со неговото апсење,инаку досега ќе имавме најмалку 100 лешови за сиот овој период.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Дојди Рон да те бацам,за првпат јас и ти да се сложиме во нешто.Во право си за овоа.
Зборувате за случајот од Струмица каде ги фрлал жртвите во буре?

Мислам дека најголемата поделба на сериски убијци е организирани и неорганизирани. Нема врска физичкиот изглед, туку траумата која најчесто ја имаат од раното детство.

Сакав да пишувам и за фиктивните сериски убијци, пред сѐ за Ханибал каде писателот (Томас Харис) навистина внел доста психологија при градењето на ликов, но психологијата е присутна и на секоја страна од книгата. Не знам дали си го гледал филмот "Кога јагнињата ќе стивнат", при првата средба на Ханибал со агентката Кларис и градацијата на сцената со затворениците? Потоа следува уште една култна сцена каде Ханибал и Кларис разменуваат реплики, но притоа цело време гледаат во камерата, што не е вообичаено во филмската индустрија. Имаш впечаток како тебе да те гледаат. Сакав да пишувам за градењето на ликот, не за ова, но нека стои чисто да ги привлече љубопитните очи. А тука е и другиот сериски убиец од истоимената книга кој е сплет на 3 вистински сериски убијци.

Еве еден интересен документарец:
Автоматски споено мислење:

Мене ми е без веза величањето на сериските убијци. Едно е да ја имаме на ум нивната психологија, друго е да им го величаме името, ликот, биографијата.

Колку што сум следела, има два типа на сериски убијци: едните се со физички недостаток, многу грди на пример, страшни во изгледот, и ако ги сретнеш, знаеш дека не те чека нешто добро од нив.
Другиот тип се нормални, благи, фини, мирни, луѓе кои во својата околина се познати по добро, и од кои не очекуваш ништо лошо.

п.с. Има и книга за сериските убијци во Македонија.
Знаеш дека не знаев дека има книга на оваа тематика за одредени случаи во Македонија? Фала за оваа информација, ако некој знае каде може да се најде книгата, ќе му бидам благодарен.

Не станува збор за величење кај мене. Нормално е ако станува збор за актуелен случај (плус ако претходно имало низа настани кои би предизвикале читаност, како исчезнување на лица или неколку убиства), јавноста ќе сака да знае што повеќе за оваа личност. Она што носи кликови и прегледи, за тоа се пишува. А тука се и прашањата за нивна рана идентификација и зошто посегнале по тоа. Одредени стопираат по неколку убиства, одредени си играат со полицијата, одредени само сакаат да сеат страв.

Кога ќе видиш, народот ги величи и одметниците од Дивиот Запад. Значи ова не е нов феномен.

Интерсно е и профилирањето на психопатите и социопатите по професии. Што мислиш во која професија се најзастапени? :D
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2021
Мислења
790
Поени од реакции
1.659
Mislam deka narcisoidite vo sekojdnevieto i onie seriskine ubijci gi dvoi kompletno otsustvo na empatija.
Mislam deka narcisoidite vo sekojdnevieto i onie seriskine ubijci gi dvoi kompletno otsustvo na empatija.
Од друга страна,малигната нарцисоидност ти е спој на анти-социјално и нарцисодино нарушување,садизам,екстремна агресија и екстремна параноја.Овоа е наречено од психијатрите олицетворение на злото.
Многу побетер од психопатија.
Зборувате за случајот од Струмица каде ги фрлал жртвите во буре?

Мислам дека најголемата поделба на сериски убијци е организирани и неорганизирани. Нема врска физичкиот изглед, туку траумата која најчесто ја имаат од раното детство.

Сакав да пишувам и за фиктивните сериски убијци, пред сѐ за Ханибал каде писателот (Томас Харис) навистина внел доста психологија при градењето на ликов, но психологијата е присутна и на секоја страна од книгата. Не знам дали си го гледал филмот "Кога јагнињата ќе стивнат", при првата средба на Ханибал со агентката Кларис и градацијата на сцената со затворениците? Потоа следува уште една култна сцена каде Ханибал и Кларис разменуваат реплики, но притоа цело време гледаат во камерата, што не е вообичаено во филмската индустрија. Имаш впечаток како тебе да те гледаат. Сакав да пишувам за градењето на ликот, не за ова, но нека стои чисто да ги привлече љубопитните очи. А тука е и другиот сериски убиец од истоимената книга кој е сплет на 3 вистински сериски убијци.

Еве еден интересен документарец:
Џон Вејн Гејси ти е еден од поекстремните сериски убијци во Америка.Он се двои од другите по тоа што имал успешна бизнис кариера.Вреди да се изгледа неговата сторија ако некого го интересира оваа тематика.Човекот пател од екстремен садизам.
На еден документарец имам гледано,наводно чикашката полиција била немоќна да се справи со случајов подолг период,исчезнати лица на секој чекор,а траги немало,па побарале помош од видовита жена и она уствари ја открива локацијата каде се наоѓаат жртвите.Колку е вистина овоа,којзнае.:eek:

Кога влегле во неговиот дом,миризбата била толку одвратна што дури и искусни детективи не биле во состојба нормално да функционираат.
Овоа е еден од пошокантните примери во Америка.

А инаку,правевме погоре муабет за Владо Танески од Кичево.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
А инаку,правевме погоре муабет за Владо Танески од Кичево.
Тоа го прочитав, ама имаше уште еден актуелен случај од Струмица каде убивал и жртвите ги ставал во буре. Ете ти линк. :)
Автоматски споено мислење:

По професија не сум забележала која е најзастапена. :)
Медицинските лица, а се чести и во полицијата, новинарството и во политиката. Не зборувам за сериски убијци, туку за психопати и социопати.:)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Дојди Рон да те бацам,за првпат јас и ти да се сложиме во нешто.Во право си за овоа.

Не ми го прочита најверојатно целиот дел за Владо Танески.
Лешовите што се пронајдени после неговата смрт,биле убиени баш во тој период додека он убивал.Ги пронашле подоцна поради начинот на оперирање на Владо (ги фрлал лешовите настрана од градот).
ДНК од сперма му е пронајдена.Епа сега ти види колку таков доказ може да се намести.Да не ќе го тераат да мастурбира во станица за да можат спермата да ја стават во вагините на жртвите?:D Таков доказ е еднакво на невозможно да го подметнеш.
Башка Рон има право за мајка му и за профилот.Многу луѓе кои го познавале го имаат потврдено овоа.
Убиствата баш прекинаа со неговото апсење,инаку досега ќе имавме најмалку 100 лешови за сиот овој период.
Судскиот патолог ќе го каже она што треба да го каже. Без независна проверка никогаш нема да се знае. Од каде знаеме дека воопшто била пронајдена сперма? Пошто цајкани така рекоа?
Истите оние кои уапсиле, процесирале и осудиле лица без вина за две од тие убиства, истите оние кои порано им снемуваше по 25кг кокаин од одсекот за докази, истите оние кои кинат казни за едни а од друга страна имаат норма за сиротиња, оние кои си имаат заштитени дилери во секој град, оние што дремеа кога собранието беше под опсада, оние кои тепаа жена стечајка на сред улица која мирно протестираше...јас нешто и не би им верувал, не знам за тебе :)
Автоматски споено мислење:

Зборувате за случајот од Струмица каде ги фрлал жртвите во буре?

Мислам дека најголемата поделба на сериски убијци е организирани и неорганизирани. Нема врска физичкиот изглед, туку траумата која најчесто ја имаат од раното детство.

Сакав да пишувам и за фиктивните сериски убијци, пред сѐ за Ханибал каде писателот (Томас Харис) навистина внел доста психологија при градењето на ликов, но психологијата е присутна и на секоја страна од книгата. Не знам дали си го гледал филмот "Кога јагнињата ќе стивнат", при првата средба на Ханибал со агентката Кларис и градацијата на сцената со затворениците? Потоа следува уште една култна сцена каде Ханибал и Кларис разменуваат реплики, но притоа цело време гледаат во камерата, што не е вообичаено во филмската индустрија. Имаш впечаток како тебе да те гледаат. Сакав да пишувам за градењето на ликот, не за ова, но нека стои чисто да ги привлече љубопитните очи. А тука е и другиот сериски убиец од истоимената книга кој е сплет на 3 вистински сериски убијци.

Еве еден интересен документарец:
Автоматски споено мислење:

Знаеш дека не знаев дека има книга на оваа тематика за одредени случаи во Македонија? Фала за оваа информација, ако некој знае каде може да се најде книгата, ќе му бидам благодарен.

Не станува збор за величење кај мене. Нормално е ако станува збор за актуелен случај (плус ако претходно имало низа настани кои би предизвикале читаност, како исчезнување на лица или неколку убиства), јавноста ќе сака да знае што повеќе за оваа личност. Она што носи кликови и прегледи, за тоа се пишува. А тука се и прашањата за нивна рана идентификација и зошто посегнале по тоа. Одредени стопираат по неколку убиства, одредени си играат со полицијата, одредени само сакаат да сеат страв.

Кога ќе видиш, народот ги величи и одметниците од Дивиот Запад. Значи ова не е нов феномен.

Интерсно е и профилирањето на психопатите и социопатите по професии. Што мислиш во која професија се најзастапени? :D
Пишете нешто повеќе околу тој серијашот во Струмица, на нет не можам да најдам или не пребарувам како треба, кој бил што бил колку лица лишил од живот?
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.998
Поени од реакции
42.713
Судскиот патолог ќе го каже она што треба да го каже. Без независна проверка никогаш нема да се знае. Од каде знаеме дека воопшто била пронајдена сперма? Пошто цајкани така рекоа?
Истите оние кои уапсиле, процесирале и осудиле лица без вина за две од тие убиства, истите оние кои порано им снемуваше по 25кг кокаин од одсекот за докази, истите оние кои кинат казни за едни а од друга страна имаат норма за сиротиња, оние кои си имаат заштитени дилери во секој град, оние што дремеа кога собранието беше под опсада, оние кои тепаа жена стечајка на сред улица која мирно протестираше...јас нешто и не би им верувал, не знам за тебе :)
Автоматски споено мислење:

Пишете нешто повеќе околу тој серијашот во Струмица, на нет не можам да најдам или не пребарувам како треба, кој бил што бил колку лица лишил од живот?
брат, не ги мешај стварите и не стварај завери. Нема врска кокаинот со сериски убијци. Тука нема кеш па да имаат џандарите некој корист од Владо Танески. Он е убиец и убива ради забава, не ради трговија со дрога. Така да полицијата нема никаков интерес него да го обвини беспотребно. Гледам дека ти бил пријателче и затоа го браниш, но ни сам не знаеш ваљда кого браниш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom