За мене има разлика меѓу Акесо и Ирис.
Моето формално образование немаше допирна точка со медицината, во моето неформално морав малку да читам и од таа област. Немам големи познавања, но следам она што ми е предмет на интерес (пред сѐ онаму каде се поклопуваат медицината и правото).
Знам дека нешто ми зборуваше за клеточната заштита пред месеци, нешто успеав да ја сфатам, нешто не. Концептот ми е јасен, надвор од концептот имав нејаснотии. Пред се околу природниот имунитет.
Има разлика од сигурност до веројатност. Тешко да се одговори на прашањето затоа што секој организам различно реагира. Ама барем природниот дава одредена заштита. Како што посочив, луѓе сеуште имаат антитела од првичниот Сарс-Ков. А тука е и ставот на Пановски луѓето кои го прележале оваа година, дека нема потреба да се вакцинираат затоа што имаат имунитет 2 години (или така нешто).