Мал Шенген не е случаен, ниту Србија би се откажала, зошто?
... меѓу другото поради еден голем проект кој датира уште од 1840 година (1900 Никола Стаменковиќ) да по толку време ништо нереализирано, 2012 година ја покрена Томислав Николиќ, уште позасилено 2017 год грчкиот премиер Алексис Ципрас со големо геостратешко значење на Солун по воден пат да се поврзе со земјите од Средна Европа, Егејско Море да се поврзе со канал со Дунав (650 км),
Прегледај го приврзокот 302777 Прегледај го приврзокот 302779
... проектот е приоритет за владите на Грција, Македонија и Србија, но и на Кина, која е заинтересирана за изнаоѓање алтернативни патишта за побрз и поевтин транспорт на нејзини стоки до Европа,
Прегледај го приврзокот 302778
... каналот „Вардар-Морава-Дунав“ сметаат дека овој проект ќе овозможи побрз транспорт на стоки до пазарите во Средна и Северна Европа, но и до Црното Море и регионот на Кавказот, со што би се намалило значењето на теснецот Босфор,
Прегледај го приврзокот 302781 Прегледај го приврзокот 302780
... поврзување на Вардар и Морава за речна пловидба и изградба на канал за нивно поврзување (30 км),со интересни предлози на изградби на попатни хидроцентрали и пристаништа и слични канали како што има во Германија и Шкотска,
П.С.
Останува да видиме што понатака, ако не се налути Ердоган, па да пушти некое милионче мигранти на трите држави инволвирани во проектот,
а Да! уште нешто, џабе денес власта ќе сака да ги острани галиите на Вардар, све мислам дека ќе ги има многу повеќе и тоа пловни!