„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

  • Креатор на темата Креатор на темата YoucancallmeV
  • Време на започнување Време на започнување

„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

  • Џабе работи-џабе не седи

    Гласови: 57 57,6%
  • Не излегувам од дома за ХХХХ денари

    Гласови: 41 41,4%
  • Немам мислење

    Гласови: 10 10,1%

  • Вкупно гласачи
    99
Касно ми кажуваш, се префрлив на тешки дроги :toe: :pos::zver:

Pa da... mozhe si so prostitutki po celi denovi, moze pies po 20 kafinja na den, mozda kisnesh na forumov po 3-4 saata sekoj den. Pushish po 2 kutii cigari.. Mozda si na teshki drogi, ne vikam ne.

Najveci narkosi - znaju nas svi! Ajde Fennel crtaj lajne 3 !
 
Оти првите 6 месеци ни за водата што ја пушта у казанче не заработува! Вторите нека заработува над минималец, просек првата година, газдата е загуба! Ако му отиде после тоа, а големи се шансите, џабе го учел човек да биде!
Што може да сработи човек, приправник со факултет првите пола година? Да шрафира цртежи и да принта? Ако му дадеш да нацрта нешто треба да го преконтролираш 100% или да пуштиш човек со искуство да го направи тоа, значи дупла загуба!
Ќе оставиш водоводџија без ден искуство да спроведе вода во купатило без да го пројдеш по него? Не! Највеќе што може е да го искористиш да држи или крева една страна! Не е просто така, дипломата кај нас само значи дека си избрал отприлика што да бидеш по професија, до професионалец без пракса си светлосни години далеку !
Убаво кажа, ете некој погоре ќе рече дека седењето на кауч и чекањето на нешто "да падне од плафон" е некогаш боља опција.
 
Во различни периоди од животот, на анкетата би одговорил различно. Нема генерален одговор на прашањево.

Млад е неискусен сум работел се и сешто за ич пари. Не зборам само како вработен, туку често и сам за себе. Сум купувал Томос аутоматик на старо, ќе ги светнам, ќе ги попраам, па ќе ги продаам. Сум продавал компезирана роба, женски купаќи Бети Метлка и Најк патики, од фирма на фирма на вработените. Сум склопувал компјутери. Препродавал зспленети монитори. И што уште не.

И ова доста често додека сум имал редовна работа. Па и кога сум имал пристојна плата пак сум работел freelance.

Кога ќе кажувам на луѓе све ова, ми викаат дека сум немал приватен живот ама кога ќе се навратам назад гледам дека за разлика од денешната младина сум искачал најмалку 4 пати неделно. Па кога ќе се споредам и ден денеска, искачам, шетам и се дружам неколку пати повеќе од моите врсници.

Во Македонија тие со ваков мајндсет станаа успешни луѓе, покрај лоповите нели.

Ти си во тие ептен ретките кои сеуште живеат во Македонија кои така прават или правеле.

Од школските кои останаа во Македонија, на една рака се бројат тие кои имаат ваков дух да формираат свој бизнис или да работат и нешто на страна за втора плата.

Другите ем не сакаат ич да работат, ем се им смета дури и кога имаат плата над просекот.
 
После завршување на средно, на секој млад човек треба да му е приоритет да се осамостои и да стане независен, дали тоа ќе го стори сам или со помош на неговите зависи од финансиите на неговите, но сепак секој млад човек треба да се стреми кон потполна независност.

Според мене, кога млада личност е во средно таа треба да се обиде да проба да најде некоја работа макар и за минималец за да има свој џепарлак, да помогне дома доколку има од тоа потреба, но и да стекне искуство. Со работење во кафуле нема да стекне некои специјални вештини кои што ќе му носат многу пари, но сепак ќе му го рашири кругот на познанства, можноста за наоѓање на подобра работа како и развивање на според мене едни од најклучните вештини - комуникациските вештини.

Доколку се работа за работно место каде што почетната плата не е голема, но постои можност за напредок, усовршување како и запознавање на луѓе од одредена бранша во која што сака личноста да работа - треба да ја прифати.

Но, доколку се работи за место каде што платата е мизерна, условите мизерни, работодавачот уште помизерен, не постои шанса за непредок, работата е dead end и нема некоја иднина ниту помага за да се оформиш во личност - тогаш не треба да ја прифати.

Според мене, централниот проблем кај работниците е у комфорт зоната, после добивање на солидна плата и услови, голем број на работниците престануваат да се усовршуваат и да тражат нешто повеќе, а тука е и стапицата такозвана лојалност кон фирма која што најчесто е неисплатлива бидејќи живееме во капиталистичко време и време на слободен пазар каде што работникот е екстремно лесно променлив.

Сајд хасл, фул тајм работа, усовршување, курсеви, претприемачки дух, завршување на максимално ниво на образование е нешто што треба секој млад човек во неговите рани и средни 20ти да го прави како би ја поставил фондацијата за иднината.

Од кукање нема ништо.
 
Убаво кажа, ете некој погоре ќе рече дека седењето на кауч и чекањето на нешто "да падне од плафон" е некогаш боља опција.
Па богами според напишаното, ја би седел дома него да работам кај него у фирма :pos: Но офенс ама пола година ако не можеш да го воиграш за проста работа, до фирмата и атмосверата таму е проблемот. Па инжинери од тука без проблем во Гугл се уходуваат, @fennel вајда ракети не праите.

Мојата првата фирма беше таква, дури и ја си го прифатив тоа за точно, да почнам од 0. Работиш како техничар, платен си како техничар, ама ти се инжинер тука:icon_lol: Си стаив на прст на чело, па чекај 4 години иам поебано на факултет, немаше ич да идам ако треба од 0 да се почне. После да видиш како можело и брзо да се уходаш и брзо да те платат.
Инаку моите се приватњаци, знам многу добро колку е тешко да водиш фирма. Ама па не пробале никад да вработат човек со факултет за 12000, иако нели ќе им се најде.
 
Не бе златен, прости работи правиме! 3Д модели, профили ..... и обратно од проект на терен. Понекогаш стејкаут на мински полиња, анкери, трагање кабли...... Јасно ти е тебе сега колку време треба почетник да се опули у таа тема?
Има магистри по 2-3 години ги избегнуваат инструментите, да не збориме за навлегување во технологијата на работа.
 
Инаку моите се приватњаци, знам многу добро колку е тешко да водиш фирма. Ама па не пробале никад да вработат човек со факултет за 12000, иако нели ќе им се најде.

Твоите размислуваат long-term. Ретко која фирма, која го разбира концептот на тоа дека добро платен работник е далеку поисплатлива инвестиција, отколку 10 работника кои мора да ги обучуваш, ке си одат, и ретко кој ке се погоди да биде продуктивен како добро платениот.

Од секогаш размислував дека ако некогаш отворам фирма во посраново државиче, дека ке гледам да дадам најголема можна плата, во рамки на границите секако, и да се наградуваат највредните.
 
Но, доколку се работи за место каде што платата е мизерна, условите мизерни, работодавачот уште помизерен, не постои шанса за непредок, работата е dead end и нема некоја иднина ниту помага за да се оформиш во личност - тогаш не треба да ја прифати.
Јас викам секој треба да го помине и апсолутното дно што може да го види, за да може пореално да ја гледа работата.

Според мене, централниот проблем кај работниците е у комфорт зоната, после добивање на солидна плата и услови, голем број на работниците престануваат да се усовршуваат и да тражат нешто повеќе, а тука е и стапицата такозвана лојалност кон фирма која што најчесто е неисплатлива бидејќи живееме во капиталистичко време и време на слободен пазар каде што работникот е екстремно лесно променлив.
Ова е нешто што е непроменливо, ма што и да се деси. Јас го викам манјдсет на роб. Не го тераат човек да работи со сила, но човекот сам се тера, колку и да ја мрази работата. Затоа што земал кредит за да им приушти на децата, и за менување на работа не ни може да размислува...
 
Јас викам секој треба да го помине и апсолутното дно што може да го види, за да може пореално да ја гледа работата.

Ова е нешто што е непроменливо, ма што и да се деси. Јас го викам манјдсет на роб. Не го тераат човек да работи со сила, но човекот сам се тера, колку и да ја мрази работата. Затоа што земал кредит за да им приушти на децата, и за менување на работа не ни може да размислува...
Точно.

Првата сериозна работа што ја работав кога бев средно беше делумно тешка физичка работа, работа на која у мои 2 години у таа фирма дојдоа и отидоа 50тина луѓе, некои на моја возраст, некои постари, но едно им беше заедничко, а тоа е дека не можеа да го издржат тоа темпо на работа. Таму и научив да зборувам и друг јазик (делумно да го зборувам, колку да можам да завршам работа), стекнав комуникациски, преговарачки и продавачки вештини и познанства кои направија да после неколку години да работам пет пати полесна работа за повеќе пари. Можеби не правев многу пари во таа фирма (но сепак надпросечно заработував за мои години), но се стекнав со вештини кои цел живот ќе ми служат.

Кај постарите луѓе е малку поразлично за разлика од нас младите, ние го имаме тој луксуз (поготово младината што живи у Скопје, ја не сум од таму) да мењаваме работи без никакви последици у потрага за нешто подобро. Затоа и нагласив дека лојалноста кон фирма, поготово како млада личност воопшто не се исплати бидејќи мнозинството работодавци се понашаат експлотирачки спрема младината.
 
Твоите размислуваат long-term. Ретко која фирма, која го разбира концептот на тоа дека добро платен работник е далеку поисплатлива инвестиција, отколку 10 работника кои мора да ги обучуваш, ке си одат, и ретко кој ке се погоди да биде продуктивен како добро платениот.

Од секогаш размислував дека ако некогаш отворам фирма во посраново државиче, дека ке гледам да дадам најголема можна плата, во рамки на границите секако, и да се наградуваат највредните.
По кој критериум? Ќе ги наградуваш по учинок, ниво на образование или по лепота?
Ете пред 4-5 години имав разговор со еден твој земљак за кај мене, знаев дека е добар стручњак 3+, ама за карактер бев предупреден! Кај што работеше зимаше 400+ евра стабилни и го третираа како фудбал! мојата понуда беше 300 старт до 750 со заработка, јас му гарантирав фронт за тие додатните 450.
Можеш да погодиш дали се нафати!
 
После завршување на средно, на секој млад човек треба да му е приоритет да се осамостои и да стане независен, дали тоа ќе го стори сам или со помош на неговите зависи од финансиите на неговите, но сепак секој млад човек треба да се стреми кон потполна независност.
Убаво е се тоа, ама за наши услови и не е баш така лесно изводливо како што изгледа. Не зборам само за Македонија, туку за целиот Балкан. Економската ситуација е најголемата кочница по тоа прашање. Со подпросечни плати и низок животен стандард тешко дека млад чоек само што излегол од средношколските клупи ќе успее да издвои пари и за кирија, храна, сметки, настрана тоа евентуално школување. Значи зборам за целосна независност од родителите. И не само тоа, малограѓанштината која владее и менталитетот, све тоа е едднакво на самоутепанство.
 
По кој критериум? Ќе ги наградуваш по учинок, ниво на образование или по лепота?
Ете пред 4-5 години имав разговор со еден твој земљак за кај мене, знаев дека е добар стручњак 3+, ама за карактер бев предупреден! Кај што работеше зимаше 400+ евра стабилни и го третираа како фудбал! мојата понуда беше 300 старт до 750 со заработка, јас му гарантирав фронт за тие додатните 450.
Можеш да погодиш дали се нафати!
Ти другар чим си во 3д, значи фирмата ти е гола вода, зашто една асална нема, сите што ги познавам, а работат со ова истото го викаат и почнаа фриленс да си работат. 300 старт знае дека ќе остане на нив, нормално нема да прифати. Дај му асална плата на човекот.
 
Не бе златен, прости работи правиме! 3Д модели, профили ..... и обратно од проект на терен. Понекогаш стејкаут на мински полиња, анкери, трагање кабли...... Јасно ти е тебе сега колку време треба почетник да се опули у таа тема?
Има магистри по 2-3 години ги избегнуваат инструментите, да не збориме за навлегување во технологијата на работа.
Реално не ти треба магистар за таа работа, ретко кај треба. А тука си набројал многу работни обврски. Не мора некој да е експерт за да си ја вади платата, за тоа се дели работата. Дури коа ќе ја видам цифрава не ми се верува како некој со факс се нафаќа. Да не мислиш нешто те напаѓам, океј е да се чуе страната и на газдите. Само мислам дека тоа е понижувачки за инженер, дури и таа 700 што е за искусен. Луѓе во кол центар зимаат речиси толку, без факс. Некој што дрвел кур на млади години буквално му се моча на овoj што учел градежен 4 години :D Мислам дека како идат годините ќе имаш се помалце, и се полоши кандидати.
 
Убаво е се тоа, ама за наши услови и не е баш така лесно изводливо како што изгледа. Не зборам само за Македонија, туку за целиот Балкан. Економската ситуација е најголемата кочница по тоа прашање. Со подпросечни плати и низок животен стандард тешко дека млад чоек само што излегол од средношколските клупи ќе успее да издвои пари и за кирија, храна, сметки, настрана тоа евентуално школување. Значи зборам за целосна независност од родителите. И не само тоа, малограѓанштината која владее и менталитетот, све тоа е едднакво на самоутепанство.
Се сложувам со тебе.

Да станеш потполно независен у државава е ептен тешко, поготово ако твоите немаат финансии да те потпомогнат и уште потешко ако си у млади 20ти години, но битно е човек да го ДАДЕ МАКСИМУМОТ и да се ОБИДУВА да стане независен. Сметам дека задача на секој човек треба да е да стане комплетно финансиски независен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom