Да, има полно кои се вакцинираа за патување, за ресторан, за дискотеки... ова се претежно млади луѓе. Меѓутоа најголемиот број се заради работата вакцинирани. Ни го изгласаа законот кој не дава баш простор за избегнување на вакцината.
Ради терапијата која ја примам и поради историјата со многу лекови која ја имам, многу ми фуфка да ја примам, и ова е најблаго што можам да се изразам околу вакцината.
Јас сум на имуносупресивна терапија, и не би сакал да имам компликации после примањето. А морам поради работата ради глупавиов закон кој го изгласаа.
Следната недела имам со докторот закажано, да видам да пробам да некако не примам вакцина а да работам.
Секако терапијата ме штити од компликации, а јас сум секогаш маскиран и пазам ко од ѓавол да не се заразам.
Од кога почна срањево, сум се на пат по возови или со луѓе и до сега или стварно сум имал среќа или третманот направил да поминам без симптоми.