Ај некој совет да дај за одмор во Турција, место, хотели, ол инклузив, со цени, плажи, како е ?
Сум бил Турција службено од работа во Јуни и Септември и беше пекол тогаш, а сега планирам да одам втората половина на Август, ама сега таму на југ негде

Се очекува значи уште пожешко....
Овде има да се пишува многу, ама во кратки црти.
- Ако одиш преку агенција, гледај местото да биде околу Анталија, водата е далеку почиста и поубаво е. Аланија делот ти е поевтин, ама водата не е баш чиста и има многу бранови. Анталија каде и да одиш нема да погрешиш, Бодрум, Лара, Кемер, Сиде, Измир, Чешме, секаде убави средени плажи, чистота, гостопримливост, преубави места за посети. Едноставно да се чувствуваш добредојден. Имаш аранжмани од 300, 400, 500 евра, па нагоре. Зборувам за all inclusive.
- Варијанта да одиш во сопствена режија со кола. Според мене најисплатлива и најубава, Е сега, малку повеќе возење, ама патиштата им се убави. Можеш да посетиш многу места. Не си ограничен само на едно место. Насекаде имаш локални ресторани, преубава храна, цените би рекла слични на нашите тука. Нешто поскапо, нешто поевтино. Пример во Кушадаси сум го јадела највкусниот бурек во животов

, а цената му беше околу 40 денари. Е сега нема свинско месо, ама воопшто не недостасува, затоа што имаат многу богата кујна, посебно со десерти. Турците се познати по ценкањето. Па во локалните продавници е прилично забавно. Прво ќе те прашаат од каде си. Па според земјата, таква е и цената

Инаку ми беше мерак да видам комарец, мува или било каков таков летечки инсект и не видов. Дали прскаат пред време или користат некои средства како заштита на самите објекти, тоа немам појма.
Плажите ако си во хотел, најголем дел имаат сопствени плажи, средени, со палми, шанкови, што ти душа сака. Плажите дел им се песокливи, онаа ситна (сахарска) песок, а дел имаат како ситен дробен камен.
Друже, без грижи, во Турција каде и да одиш, ќе си поминеш преубаво. Да малку жешко со оглед на тоа дека одиш во август, ама лето е

.
Убаво да си поминеш и пиши кога ќе се вратиш.