Олимпијада, Токио 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Секогаш пратам Олимписки игри, дур и децава со мене, знаат дека у дневна друго нема да се гледа додека се игрите во тек, таман сум и на одмор тоа време ќе биде перфектно за следење и урлање по дома, ми се пензионира Фелпс, ама тука е Симон Бајлс, палци стиснати :vozbud:
 
Знам дека ќе ме нападнете како за ЗОИ2018. Но да прашам до толку не можеме да одбереме некој утепан спорт да тренираме 2-3ца во тој спорт и да не се брукаме како нација и да не споредуваат со држави како Сиера Леоне и Кирибати?

Мислам дека проблемот е многу поголем од тоа што го претставуваш тука.

Ние за старт немаме Физичко Образование, немаме предмет Спорт. Уште од основно е фрли ја топката и пиј си кафе, или можеби висок низок старт.

Поправи ме ако грешам но мислам дека ни турнири меѓу школите нема никакви. Не е битно дали индивидуални спортови или тимски, не е битно дали основно или средно. Пошто да бидеме реални веќе после средно е касно ти да зимаш и тренираш човек.

Ние ја немаме основата врз која би можеле да градиме спорт во државава. На тоа поле може сме исти ко некоја си Сиера Леона (појма неам за спортот или состојбите во Сиера Леонe :D).

Пред се немаш обучен кадар и немаш (барем не се спроведува) програма за физички развој на децата. Не секој родител може или сака да плати неговото дете да тренира некој спорт. Не секое дете е талентирано и го бива за некој одреден спорт, а и не секој родител/возрасен човек може да процени дали тоа дете има талент и вреди да вложи напори во негово развивање.

Втора работа, нема услови каде да се врши тоа физичко образование. Ние и во основно и во средно бевме најмалце 2 класа во сала, некогаш и 3. машките играа кошарка на еден кош а другиот дел заедно со женските одбојка. Ти во таква средина како ќе просперираш без родителите од дома да те гураат? А они од кај ќе знаат дека тебе те бива?
Нема школски тимови, нема школски и меѓушколски турнири, па после да има и на државно ниво итн.
Ова го зборам за било кој спорт.

Мала паралела повлечи со Америка, каде што во средно имаат тимови во повеќе спортови и меѓушколски лиги каде што редовно играат натпревари секоја недела, државни првенства и екшли тренери којшто водат тим и пробуваат да извадат таленти.
Ние кај сме мали како држава и народ уште и сме утепани од разни глупости и неорганизираност, а водени од кратковидни луѓе, планови никако подолги од 4 години.

После тука додади и понатамошен развој, услови за да се спортува во државава и кадар кој ќе биде доволно спремен да ги обучува тие талентирани деца. За кој спорт би имале ние барем 2 од тие 3 работи (услови, кадар и таленти) ?

Сега доколку почнеме да менуваме драстично, пак би ни требало повеќе години за да можеме да видиме билокакви резултати. А какви промени и да направиш мораш барем да ги започнеш од средно, доколку сакаш да имаш успех нормално.

Наше е да се надеваме на некој ултра талент, буквално на цвеќе израснато на асфалт :)

(п.с не е никаков напад да не се сфатиме погрешно :) )
 
Добро не мислев на тимски спортови далеку сме од тоа, повеќе мислев на Скејтбоард, Спортско Качување, Пукање со шотган (ова мислам дека се вика трап), такви квази спортови каде може да се негува некој талент. Побогу Косово има златен медал во Џудо.
 
Знам дека ќе ме нападнете како за ЗОИ2018. Но да прашам до толку не можеме да одбереме некој утепан спорт да тренираме 2-3ца во тој спорт и да не се брукаме како нација и да не споредуваат со држави како Сиера Леоне и Кирибати?
Za onie kapaciteti koi gi poseduvame, ogromen uspeh e na Evropsko vo fudbal sho se plasiravme, i sho imame uspeh vo rakometot.
Za individualni sportovi treba mnogu poveke objekti i pari.
 
Добро не мислев на тимски спортови далеку сме од тоа, повеќе мислев на Скејтбоард, Спортско Качување, Пукање со шотган (ова мислам дека се вика трап), такви квази спортови каде може да се негува некој талент. Побогу Косово има златен медал во Џудо.
Ако не грешам таеквондистот е пласиран и не сум сигурен за борачот.

Останатите се сите со покана. Би можеле да се надеваме на добра борба од овие двајца и со малку среќа да се борат за медал.

За жал Емил не се пласираше, инаку ќе бевме во борба за медали во карате, ама...
 
Многу лош термин за следење.

Памтам во 2012 во Лондон, дремев дома и гледав со помош на VPN што ми текне од спортовите цело време. Се внесов ептен во стреличарство и гледав како растураат од источна Азија. Сеа не сум ни студент, ни имам време да гледам, така да најверојатно хајлајтс и по некое финале од атлетика и кошарка или што и да се погоди за време на викенд сабајлечки.

Нашиве секако немаат шанси, не дека не сакаат, туку едноставно толку можат согласно способностите и подготовките.

Ме чуди како толку развиена држава како Јапонија да има проблеми со вакцинација и едвај 20 посто да имаат вакцинирано со 1 доза, а исто така почнаа и подоцна од нас.
 
Еве го и календарот со различни спортови, да си планирате што како. Како што гледате натпреварите во Фудбал и Софтбал ќе почнат 2 дена порано.
OI.png
OI2.png
 
тие спортови фудбалот и софтболот традиционално почнуваат порано.
Иначе може да се отвори пдф за ОИ и во него да има теми за кошарката, фудбалот, ракометот.. @Acid
 
тие спортови фудбалот и софтболот традиционално почнуваат порано.
Иначе може да се отвори пдф за ОИ и во него да има теми за кошарката, фудбалот, ракометот.. @Acid
Интересно ќе биде да видеме дали во Софтбол и Бејзбол ќе победат Јапонците. Американците се вообичаено силни во овие спортови, но Јапонците имаат доста напреднато и ќе имаат голема подршка и притисок за злато.
 
Кои се термините?
Од кога почнува и кога завршува еден ден по наше време?
 
Za onie kapaciteti koi gi poseduvame, ogromen uspeh e na Evropsko vo fudbal sho se plasiravme, i sho imame uspeh vo rakometot.
Za individualni sportovi treba mnogu poveke objekti i pari.
За сите спортови треба услови и пари. Јас често ја раскажувам политиката за спорт на СФРЈ, до некаде 60+ година Југославија чат пат ја имаше на светската карта со успеси, ама системот си работеше. После кога се затвори кругот, школувани тренери, лекари, спортски објекти и физичка култура, дури и кога се растураше државата некои репрезентации освојуваа светски и олимписки медали. Тркалото пошло и не се сопира лесно. Ние и тогаш бевме слепо црево, сега се плашам да помислам какви се условите.
Полани Трета лига Атлетика организиравме, цела работа на двајца луѓе оставена и директорката. Резили! Доаѓа судија од Норвешка, ќути човекот збор не кажа, си вика ова бетер од Африка :facepalm: И не е секогаш се’ до парите, често и со тој фонд што го имаме страшно неправилно работиме!
По темата, од ОИ најверојатно само атлетика и кошарка ќе пратам, евентуално џудо и бокс!
 
Види ги бе клети јапанци, сто години си беше две групи по 6 па првите 4 одеа во 1/4ф. направиле 3 групи по 4 топ 2 и две од трети оделе во 1/4ф. какви идиоти ццц :facepalm:

Иначе како фанатичен фан на Аргентинската кошаркашка репка и мојот најомилен кошаркар од понова генерација Луис Скола (после повлекувањето на Ману Џинобили) очекувам висок пласман.
Изненадија на СП-2019 со пласман во финале, сега гледам во иста група со светски првак Шпанија(шанса за освета), домаќинот Јапан и Европскиот првак Словенија, најтешка група ама имам доверба во Ернандез дека ќе го повтори успехот од СП.
Габриел Дек е најновиот играч кој знае да повлече темпо на утакмица, се очекува многу од него, Скола со искуството и џуџето Кампацо :)
Лани освоија Панамерикана, пред тоа две финалиња изгубија, на СП и на ФИБА Америкас (континентално такмичење исто ко ЕП само што тука за разлика од фудбал имаме заеднички настап на Јужна, Северна и Средна Америка).
Ја пратам Аргентина во кошарка од ОИ-1996 и неам пропуштено текма од 2006 наваму пошто пред тоа немав нет и немаше стримови.

VAMOS ARGENTINA !

ttlnnwmr4mpw1e2p1l6q

Нема екипа која знае да одигра појака кошарка за око, на ОИ во Рио во група играа со домаќинот Бразил, класика судамерикана, кое утакмичиште и драметина со две продолженија, нормално победи Аргентина.
Прва репка во историјата која победила амерички дрим тим со НБА ѕвезди.
 
Првпат ОИ ќе бидат отворени со спорт кој не е Фудбал (мислам дека и во Атланта не беше фудбал) односно ќе бидат отворени со натпреварот на Јапонија и Австралија во Софтбол и тоа на стадионот во Фукушима како симбол на обновата на Јапонија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom