Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.775
Поени од реакции
9.579
Рашфорд и Санчо промашија :(
Кога веќе не добија минутажа цело ЕП, Саутгејт не требаше ни да ги реди во ваков оган на 2 минути до пенал рулет. Шо ќе изведеше подобар пенал од нив.

120-та минута за внес на пеналџија е кога тоа го правиш со некој искусен лик, како што влезе Мата на пример во финалето со Виљареал.

Се надевам нема психички да паднат и двајцата во пресрет на сезоната.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.607
Поени од реакции
8.292
Реално на Рашфорд доста време му требаше приземјување, бааги поопасен е така. Целово неиграње на европското + уткава би требало да го освести малку колку е саатот. Нека има успешна операција, па со нови сили напред.

Се надевам медиумиве нема да му го ташлаат на Санчо многу за утката, ептен недојден ќе го изедат.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.951
Поени од реакции
67.708
Се надевам нема психички да паднат и двајцата во пресрет на сезоната.
Претпоставувам дека сите што играа на првенството нема да бидат достапни за почетокот на Премиер лигата, зашто ке им дадат одмор, касно ке почнат со припреми. Рашфорд, Шо, Мегваер, Санчо.

Рашфорд сега и на операција ке иде, кој знае кога ке се врати. Прекрасно.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.607
Поени од реакции
8.292
Богами и Шо не би го брзал со припреми, мора да се спреми кондициски како што треба, инаку одма му отиде задната ложа при првиот натпревар и почиња ролеркостер од повреди.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.862
Поени од реакции
5.737
Шо, Мегвајр, Рашфорд и Фред изгубија две финалиња сезонава... изгледа лузерскиот менталитет шо го има во клубов годиниве наназад успеаа да го префрлат и на репрезентативен план :)
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Претпоставувам дека сите што играа на првенството нема да бидат достапни за почетокот на Премиер лигата, зашто ке им дадат одмор, касно ке почнат со припреми. Рашфорд, Шо, Мегваер, Санчо.

Рашфорд сега и на операција ке иде, кој знае кога ке се врати. Прекрасно.
Мислам дека до крај на месецот имаат одмор. Тек од 1 август ќе се приклучат, така да тешко некој од овие четрорица да е во комбинација за прво коло.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.433
Поени од реакции
7.145
Тоа што не играле ич на првенството, а влегле у 120-та за пенали, не го оправдува фактот што во финале, во најбитнот момент што ќе го имаат во нивната кариера (тешко да припарат пак до финале ако не играат на домашен терен), они ги изедоа пеналите на најцигански начин, ко Погба у Јунајтед. Рашфорд 3 минути трчаше до топкана, Санчо на голман што го чека секој играч прво да шутне, му шутира пенал со 2 чекори залет, мислам дури и подзастана.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.951
Поени од реакции
67.708
Мислам дека целово првенство, дали само еден пенал видов по средина на гол шутнат, оној на Бернадески од синоќа. Кога имаш голман кој е огромен со голем распон на раце како Донарума, кој патем ги погоди страните на пола и повеќе од играчите, чудно ми беше што ниту еден не се реши да шутира по средина.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.433
Поени од реакции
7.145
Мислам дека целово првенство, дали само еден пенал видов по средина на гол шутнат, оној на Бернадески од синоќа. Кога имаш голман кој е огромен со голем распон на раце како Донарума, кој патем ги погоди страните на пола и повеќе од играчите, чудно ми беше што ниту еден не се реши да шутира по средина.
Донарума од тоа што го имам приметено до сеа, е голман кој најчесто чека до последен момент и чека да види каде иде топката. За таков голман најбитно е шутот да биде страшно прецизен или пресилен. Вчера Кејн, Санчо и Сака ги чекаше да шутнат. Првиот беше и прецизен и силен шут, затоа и не можеше да стигне, другиве двајца ем беа шутеви без снага, ем беа доста непрецизни, прелесни за бранење за секој голман што го чека шутот. Против Мегваер и Рашфорд идеше на процена, по мене од причина што Мегваер не е некој што изведувал пенали, па да го знае како шутира, а и баш штоперски го изведе пеналот, горе, со голема сила. Тоа, не се брани, во ни еден случај. На Рашфорд, пеналите поготово оној против ПСЖ му беше таков, па ваљда и сеа очекуваше Донарува таков шут. Сеа овој што допре дно со глумењето Погба, тоа е друго.
 
Член од
21 март 2015
Мислења
1.274
Поени од реакции
1.162
Нема да одат лесно преговорите со Реал, тоа е сигурно. Ништо чудно да тегнат до последен ден.
Најубаво да земеме друг стопер, поевтин, тогаш ваљда ке намалат цена
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Најубаво да земеме друг стопер, поевтин, тогаш ваљда ке намалат цена
И јас сум за тоа да почнат преговори и со друг играч (пример Торес), со Варан ќе биди доста долга сапуница, а на крај можат да останат и со стапот во раце. Очигледно чекаат да се врати од одмор, па да пробаат уште еднаш да го убедат, а тоа ќе потрае сигурно до крај на месецот.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.951
Поени од реакции
67.708
Види мајката, не било тешко да најмиш тренер за прекини... Да видиме како ке изгледа тоа на терен, и колку би ја подобрил одбраната.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom