Семејно насилство

  • Креатор на темата Креатор на темата Сталин
  • Време на започнување Време на започнување
И каква врска има градоначалникот? Па и медиумски случај и хајка ќе правиш! Не е работа тоа на градоначалникот. Замисли Петре, во град од 0,6 милиони, да се занимава со секој ваков изолиран случај!
Има Центар за социјални работи при Министерството за труд и социјална политика. И пак, очекувам да се инаетиш и да реплицираш, иако и самата знаеш дека не си во право. ;)

пи.ес. Да се посети психијатар не е срамота, уште помалку врска нема со цврстината на карактерот. Разговорот и стручната помош секогаш се од полза.
Градоначалниците се како хиени, желни за ранливи категории на граѓани за да можат да склопат трогателна приказна и да се уфилмаат дека се директни потомци на Ганди.
Истото беше и со Хатиџе и со редица други на кои очајно им требаше помош а тие сесрдно вклучиле маркетинг и никад ништо не завршиле.
Инаку во случајов самиот факт дека се обратила девојкава тука покажува дека и треба соговорник.. Психијатар дефинитвно не е срамота.
 
Добро, како ќе постапи градоначалникот кога нема физичко насилство? Караници има во скоро секој дом! Така евентуално може да побара стан од Центарот за социјални работи (тешко, затоа што сега има кров над глава), а градоначалникот нема ингеренции на тоа поле. Башка тоа што огромни се шансите да ги загуби децата при развод (нема редовни финансии и дом). Мора да има одредена основа пред да започне да се бори.

Така, не ви ја гледам логиката со градоначалникот. Макс може да и најде работа и тоа е сѐ. Ама и тука сѐ оди преку партија.

Треба со помош на психијатар да си ги реши проблемите, но и самата да покаже одредена иницијатива. Сметам дека мора да разговара со мајка ѝ да ја прими на извесен период и потоа да бара самостојност. :)
 
Е од таквите ставови "срамота е да се обратиш на психијатар" си патиме во државата. И имаме пораст на семејни насилства, депресии, самоубиства итн. Како може да биде срамота да разговараш со психолог или психијатар и да побараш помош за проблемот што го имаш?! Исто како кога те боли грлото, па одиш на доктор, истото е и сега.

Не е исто да си разговараме виртуелно тука што и како е и во живо кога докторот го има пациентот пред себе, го опсервира целокупниот карактер и однесување на личноста, па знае и што да го советува и како, па и каде да се обрати.
 
За ова со градоначалников бев еднаш сеуште не бев мажена, имаше конкурс за врсботувње сезонски работници два пати не ме прими третиот пат едвај. Не бев вработена ни јас ни мајка ми сртујата ни беше исклучена му кажав како стојат работите ме истапка по рамо и рече ќе те побараме, после некое време си вработи негови блиски ниту еден кој што навистина му требаше работата не вработи. Не ми е мене срам да одам на психијатар но немам средства, јас кога ќе се настинам неможам апче за температура да земам, недај боже полошо да се разболам кај ќе ми биде крајот. Последен пат на гинеколог бев кога се роди детево, имам проблем со нередовна менструсција најверојатно од стрес, собирав пари едвај ми ги виде парите о ми ги зема, трбал да оди да се види со другарите. За 500 ден јас не можам на лекар да отидам, срам ми е дури и овде што тоа го пишувам камо ли да кажам на некој што ме знае нема да ми верува.
 
Последно уредено:
Е од таквите ставови "срамота е да се обратиш на психијатар" си патиме во државата. И имаме пораст на семејни насилства, депресии, самоубиства итн. Како може да биде срамота да разговараш со психолог или психијатар и да побараш помош за проблемот што го имаш?! Исто како кога те боли грлото, па одиш на доктор, истото е и сега.

Не е исто да си разговараме виртуелно тука што и како е и во живо кога докторот го има пациентот пред себе, го опсервира целокупниот карактер и однесување на личноста, па знае и што да го советува и како, па и каде да се обрати.
Ги разбирам оние кои имаат одредени проблеми да пристапат кон (стручна) помош, ама тоа не треба да биде надворешна манифестација. Така јас не би отишол на уролог (иако и тука има одредено разграничување на органи и зависи од прегледот), но тоа е внатрешна манифестација. Проблем е кога има општествена стигма каде општеството смета дека само ненормални одат на психијатар и тоа претставува срам за семејството! Тоа е проблем во образованието. :)
 
... Не ми е мене срам да одам на психијатар но... .
NE SI TI ZA PSIHIJATAR
Tebe ti treba PSIHOLOG. Znaci, nekoj da te isslusa so tvoite problemi koi mislis deka gi imas, da ti dade nasoki kako treba da razmisluvas, za da go promenis tvojot mentalen stav.
Zemaj upat od maticen lekar I pravec kaj najblizok psiholog. Ako imas preporaka za nekoj, uste podobro
 
Ги разбирам оние кои имаат одредени проблеми да пристапат кон (стручна) помош, ама тоа не треба да биде надворешна манифестација. Така јас не би отишол на уролог (иако и тука има одредено разграничување на органи и зависи од прегледот), но тоа е внатрешна манифестација. Проблем е кога има општествена стигма каде општеството смета дека само ненормални одат на психијатар и тоа претставува срам за семејството! Тоа е проблем во образованието. :)
А зошто не би одел на уролог?
 
Од преглед на простата ти е незгодно или општо?
 
Затоа што не сакам. :)
Имањето здравствен проблем нема никаква врска со твојата преференца.
Урологот не е само доктор за машкиот репродуктивен систем, туку и за уринарниот систем.

Не знам зошто толку трагично или срамно го сфаќате одењето на лекар. Ништо не е срамота кога е во прашање здравјето на човекот, без разлика дали е телесно или духовно.

Во основа, сите сме исти и на крајот исто завршуваме. :)
 
Мора да постои начин психолошкото насилство да се изедначи со физичкото во поглед на легислатива, не смее во 2021 година разни gaslighters да минуваат потполно неказнето. Секакви манијаци прават домот во кој живеат да стане како искривено огледало за жртвата, цело време удираат на самопочитта до таа мера жртвата да почне да верува дека во неа е проблемот. Најмал проблем и истураат бес и гнев на партнер/ка, не ми е јасно како ова не се смета за кривично дело?

Секодневна психичка тортура доведува до куп проблеми кај жртвата, без разлика каков однос е во прашање (родители-деца, брачни партнери, врска, па чак и пријателски односи).
Никој не смее да е должен да трпи психичка тортура во никаков вид.
Ама пак ќе кажам, лесно е да си играме општество, тешко е да се направи нешто конкретно.
И не, не е ова нова појава, стара е колку што е старо човештвото, нејасно е како имаме во раце сите смартфон кој е практично џепно филмско студио и компјутер појак од оној на Аполо мисиите а неможеме да најдеме одговор на една од најподмолните видови тортура.

Сфаќам ама пак не сфаќам за каква врста карактери се работи кога станува збор за психички насилници, па јас не дозволувам влакно да падне на неа, не сум повишил тон откако сме заедно нит па имало причина а не да гаслајтираш некого со кого делиш живот. Тотално лудило.
 
Имањето здравствен проблем нема никаква врска со твојата преференца.
Урологот не е само доктор за машкиот репродуктивен систем, туку и за уринарниот систем.

Не знам зошто толку трагично или срамно го сфаќате одењето на лекар. Ништо не е срамота кога е во прашање здравјето на човекот, без разлика дали е телсно или духовно.
Затоа и напишав дека има разграничување во органи. :)

Нема потреба никој да се меша во моето здравје. Тоа не е темата. И нема да се случи. ;)
Од преглед на простата ти е незгодно или општо?
Далеку сум јас за преглед на простата. :D
 
Затоа и напишав дека има разграничување во органи. :)

Нема потреба никој да се меша во моето здравје. Тоа не е темата. И нема да се случи. ;)

Далеку сум јас за преглед на простата. :D
Па не ни планирав да ти правам ректално туше :D . Зошто ваква пасивна агресија?! :unsure: Само се обидувам да ти ги сфатам зборовите и да ти укажам дека ако имаш некаков проблем воопшто не е срамота да побараш преглед, совет, консултација, помош од лекар. Па и ако ништо не ти е, once in a while скроз океј е да си направиш проверка.

Вие си знаете секако. :)
 
Знаеш дека никој не сакам да ми се меша во здравјето и знаеш дека доктор не ме видел повеќе од деценија, па дури ни крвна слика немам направено.

Од мене пасивна агресија? :backa:
Само тоа не е темата, сакам да направи разграничување меѓу внатрешни и надворешни пречки.

И да, сметам дека и треба психијатар, а не психолог. :)
 
Прво и основно треба некако да се тргне од злоставувачот, ете ќе оди на државен психијатар, ќе и даде хелекси или бензо или нешто и ајт на контрола за 3 месеци и тоа е тоа.
Исто како трн во нога, може да се ставаат облоги и фластери но додека не се извади трнот ќе биде попусто.
За нејзина несреќа психичкото насилство сеуште не е признаено кај нас па ете не може нит во шелтер или било каде, страшна положба, се надевам ќе најде некој излез.

Многу брутална и сирова е оваа земја, најмногу се гледа од вакви и слични ситуации каде човечко битие е оставено на цедило, наоѓање работа е тешко и при најдобри услови а не пак вака со дете и цел терет во домот.
Се трошат пари на белосветски срања, покрадоа низ тендери милијарди евра а нема некој кризен фонд, да кажеме две години да добива некаква сума додека се одвои од злосторникот, па потоа здравје ќе си најде работа.

Не сакам на јавен форум да се исповедам сега, ама знам многу добро што е злоставување, па вакви ситуации ме вадат од такт иако не ја знам нит познавам членката :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom