Ја споменав Битката за Вис во која аустриска флота ја победила талијанската во една од ретките битки каде аутсајдерот го растура фаворитот, да употребам спортски термини.
Од каде па сеа Аустрија како поморски фактор коа знаеме дека е земја без излез на море? Не било секогаш така и пост Берлински договор 1815 ја земаат Венеција, Далмација, Истра и Трст/Монфалконе со што отвараат потреба од градење на морнарица.
Оваа битка била дел од втората од трите војни за германско обединување. Прусија како главен фактор ги принудува малите државички од германско говорно подрачје, милом или силом да се откажат од независност за да владетелите од кралска куќа Хоенцолерн бидат лидери на Вториот Рајх.
На пат на таа замисла стоеле Австрија, Франција и Данска кои имале што да загубат со појава на огромен, дебел немачки Рајх на нивните граници. За несреќа, Прусија во три војни ги победила сите три земји.
Во 1866 избива втората војна за доминација на Прусија во германофонскиот свет. Австрија е основниот противник.
Истовремено, новооснованиот ентитет Италија која тогаш е стара само 5 години, гледа шанса низ сојуз со Прусија да ја врати Венеција под талијанска контрола.
Талијаните преминуваат во копнена и поморска офанзива, но после катастрофалниот пораз кај Кустоца против Аустријанци се ограничуваат на поморска блокада.
Имајќи повеќе од дупло појака флота од аустријанците, талијаните се решаваат како прво да го освојат остров Вис, т.н. Јадрански Гибралтар кој имал сериозно стратешко значење на Јадран.
И така на 19.Јули 1866 талијанска флота испловува од главната база во Анкона и се упатува кон Вис.
Стигнувајќи таму, талијаните веднаш го гранатираат островот кој имал извесни фортификации и 88 топа од разни калибри заедно со гарнизон од 2000 војници.
После артилериската припрема талијани требало да извршат десант со морнаричка пешадија и да го скршат отпорот на аустријанците.
Талијани претпоставувале дека Вис е поврзан со подводен телеграфски кабел со mainland Austria но потрагата по тој кабел и обидот да се оневозможи комуникација биле залудни.
Со помош на тој кабел, аустриски гарнизон праќа порака дека главнина на талијанска флота е пред Вис и дека нема да издржат повеќе од недела дена опсада.
Аустриската флота, примајќи ги овие вести, набрзина ги собира сите можни бродови од својата релативно скромна морнарица и на 20.Јули Адмирал Тегетхоф дава сигнал за full speed ahead со што испловуваат од базата Фажана во Истра и со максимална брзина се упатуваат кон Вис.
Тегетхоф имал на располагање 8 капиталци од кои 7 модерни оклопници и еден Линијаш со помошен парен погон.
Тактички, Тегетхоф ја дели флотата на три клинови, првиот се состоел од 7-те оклопници, вториот од Линијашот Кајзер и 7 дрвени парни фрегати а третиот клин имал 12 корвети.
Адмиралски брод бил Фердинанд Макс, а останатите капиталци во првиот клин биле Хабсбург, Кајзер Макс, Дон Хуан де Аустриа, Принг Еуген, Драхе и Заламандер.
Талијанскиот командант, адмирал Карло Персано сметал дека австријците имаат дно од флота, никаква традиција на море и команден кадар кој бил слаб во споредба со талијанскиот.
Толку малку се грижеле за противникот што имале само еден едини брз брод (Месаџеро) кој требало да изигрува Picket ship и да го открие противникот.
Така и биднало, овој брод јавил за некакви сомнителни бродови и густ црн чад кој се движеле во правец на Вис од Север.
Италија имала 12 оклопници, скоро двојно од противникот, вклучувајќи го еден од најмодерните бродови на светот, оклопницата без едра исклучиво на парен погон со две куполи кои се вртеле 360 степени, Афондаторе.
Освен него, другите биле Ре Д`Италија, Ре Д`Портогало, Реџина Мариа Пиа, Сан Мартино, Кастелфидардо, Анкона, Принчипе ди Карињано, Формидабиле, Терибиле, Палестро и Варезе.
Персано се одлучил за линиска тактика, т.е. ставање на сите оклопници во една линија за да се максимизира бочниот плотун.
Дрвените парни фрегати (10) и парни корвети (10) требало да бидат маневарска заштита на главнината.
Голема предност за Италија била што имале топови кои се полнат од полнач а не однапред од цевка, заедно со нарезаност за стабилизација на проектилите.
Австрија за несреќа имала нарачано таква артилерија од Круп, а Круп бидувајќи Пруска корпорација, едноставно не ги испорачал топовите па аустријанци биле принудени да употребуваат застарени 36-фунташи и слични топови кои ги прегазило времето.
Свесен за тоа, Вилхелм Тегетхоф влегува во битката со цел клиновите да ја растурат талијанската линија и да дојдат на доволен домет за да можат да употребат своите застарени топови. Друга причина била тоа што имал во план да нанесува директни удари со бродовите врз противникот, тактика од времето на античките битки кога Ramming бил the name of the game.
И за чудо, баш таков настан ќе биде решавачки за битката.
Аустријанци успеваат да ја нарушат талијанската линија релативно брзо и битката фактички станува хаос во кој најголем предизвик бил да не се пука случајно по свои бродови, пошто димна завеса, црн чад од парните котли кои биле наполнети до максимум, чад од црниот барут...
Талијанскиот командант Персано едноставно рекол "Стигнаа рибариве" тотално потценувајќи го противникот. Бидувајќи лик со сомнителни морални каратеристики решил да се префрли од Ре Диталија, адмиралскиот брод на погоеопишаниот супер-модерен Афондаторе. Но за тоа не ги обавестил своите потчинети
што подоцна ќе придонесе за целиот хаос во талијанските редови.
Во сета таа гужва, Тегетхоф го приметил Ре Диталија кој имал проблеми со парните котли како споро се движи на некои 600м од неговиот Фердинанд Макс. Аустријанци исто мислеле дека тоа е талијанскиот адмиралски брод. Тегетхоф веднаш се решава на крајно ризичен потфат кој може да го промени текот на битката.
До тогаш, многуте погодоци од обете страни ниту еднаш не успеале да го пробијат оклопот на ниту една оклопница што говорело за триумф на оклопот вс. тогашната бродска артилерија.
Со буквална наредба "Удрете на противникот и потопете го", Фердинанд Макс со максимална брзина од некои 12,5 јазли, низ сет тој хаос и дим наоколу спектакуларно го удира по средина противничкиот Ре Диталија со што прави зјапечка дупка од 16м2 кај талијанскиот брод.
Ударот бил толку силен што јарболот кој го веел талијанското знаме и морнарички ensing паднал на палубата на Фердинанд Макс. На повикот на Тегетхоф да се заплени знамето и со тоа симболично да се понижат талијани, некој далматински морнар, под дожд од талијански куршуми успеал да ги прибере обете знамиња.
Ре Диталија тоне за неполни пет минути повлекувајќи во смрт преку 300 души.
Останатите италијански бродови и капетани, не знаејќи за промената на бродот на кој бил Персано, мислеле дека нивниот командант завршил како храна за рибите.
Тоа дополнително внесува несигурност кај талијани, се издаваат нелогични заповеди, често контрадикторни.
Практично тогаш веќе се назирал победникот на битката.
Талијаните гледајќи дека не можат да го скршат австрискиот клин од 7 оклопници, се концентрирале на вториот клин од 1 линијаш и 7 фрегати. Кајзер бил гранатиран безмилосно и само чудо го спасило од потонување, т.е. интервенција на првиот клин во момент пред да му биде зададен последен удар.
Со рушени јарболи, без такелажа, со огромни дупки на себе, Кајзер излегува од битката и на парен погон се упатува кон вишкото пристаниште бидејќи без муниција и со 36 мртви и 100+ ранети на себе веќе не бил во можност да придонесе за својата флота.
Италијаните се обиделе повторно да направат линија, но овој пат аустријанци нема да дозволат тоа. Бидувајќи попрецизни, успеваат со запаливи гранати да направат голем пожар на оклопницата Палестро.
На морнарите на овој брод им бил даден избор да го напуштат бродот или да се обидат да го изгаснат пожарот. Повеќето се одлучиле да се обидат да го изгаснат пожарот.
Но судбината не сакала тоа да се случи. Десетина минути подоцна, огнот достигнува до муниционите комори и Палестро претрпува мамутска експлозија која го дели буквално на два дела. Потонува за 3 минути, влечејќи со себе 230 души. Се спасуваат само 19.
Сега веќе со две оклопници потопени, иако имале сеуште бројчана надмоќ, талијаните немале идеја како да ги пробијат аустриските редови.
Паниката и стравот се вовлекле кај талијанските капетани. Од Персано немало ни трага ни глас.
Аустријанци некако дознаваат дека фактичкиот адмиралски брод е всушност Афондаторе а не Ре Диталија. Затоа започнуваат да го таргетираат баш тој брод кој трпи десетици погодоци на себе. Машинеријата му е веќе под вода, пумпите некако успеваат да го одржат над вода но како борбена единица тој брод е веќе надвор од игра.
Персано конечно дава заповед за повлекување кон Анкона. Иако сеуште со бројчана надмоќ 10-7 во оклопници кај талијани се вивлекува страв и паника. Афондаторе е влечен од страна на Ре Ди Портогало за да не падне во раце на противникот. Но и тоа ќе биде попусто бидејќи таа модерна оклопница ќе потоне на пат кон својата база.
До приквечерието на тој ден веќе било јасно дека Австрија е сензационален победник на најголемата битка на Јадран евер, потопувајќи 3 противнички капиталци по цена на еден тешко оштетен застарен линијаш.
Тегетхоф станува национален херој, пословицата Челичен Адмирал со дрвени бродови може да победи дрвен адмирал со челични бродови добива на популарност.
Навистина Вилхелм Тегетхоф влече феноменални потези пред, за време и по битката, тактички генијално се справува со противникот и му нанесува тежок пораз.
Од друга страна Персано е ражалован од сите рангови, пратен пред суд и протеран од било каква работа поврзана со поморство.
Во чест на адмиралот, еден од првите аустриски бојни бродови дредноти од 1912 ќе биде именуван според него.