Конечно после 5 измачувачки денови, 7 поголеми и 15тина помали паузи за цигаре,вода,воздух и слично, го изгледав убедливо најлошиот романтичен филм досега и со сигурност најлоши топ 3 филмови некогаш гледани.
Станува збор за филмот
Her со Џоакин Феникс во главна улога каде накратко тој се заљубува во оперативен систем и всуштност тоа е се што треба да знаете за него.
Настрана тоа што филмот е еден патетичен обид за романтика, исполнет со невероватно бавни,мизерни и банални сцени и дијалози каде не видов буквално ништо ни Д од Драма ни Р од Романса, најмногу што ме зачуди е неговава оценка 8 на ИМДБ.
Сместа би им забранил пристап до имдб па и до гледање на филмови на сите корисници кои ставиле повеќе од просечна оценка на ова канцерогено,исцрпувачко,отупувачко 2 часовно заморување на мозокот, на кое не би му дал ни 1 звезда. Да филмот ако може да се класифицира како истото е толку лош што ми направи еден Твајлајт да ми делува како Казабланка спрема него
Да не е све хејт ајде барем помагаше побрзо да заспивам...
Кога сме кај романтични филмови единствени 2 што ми се допаднале ми беа 500 days of Summer и About Time, нешто друго солидно се наоѓа од жанров или да го баталам?