Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Интересно е како се споредува индија,индонезија итн каде хигиената е на нула,каде концетрацијата на вирусот е многу повисока одколку во останатите по средени земји затоа и вакцините не се толку ефикасни кај нив.Синовак е сосема доволна вакцина за заштита и превентива

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
... потенцијални преносувачи на коронавирусот се младите т.е. тинејџерите, малите деца околу 30% како преносители, така да ...ќе видиме, дали беше подобро прво околу нив да се реши вакцинирањето, за разлика од другите!
 
Уште ако е точно дека Кинескава полувакцина кошта 31 долар наспроти 4 долари колку што кошта Астра Зенека,овој Филипче треба со тупаници и клоци дур не падне у несвест да го тепаат
 
Добрата работа во сето тоа е што тие 31 долар по вакцина, не идат сите за Кина, извесен процент се враќа тука (или барем на сметки кои ги поседуваат тукашни луѓе).
 
да али со АЗ не сака никој да се вакцнира и ја даваат на пензионери над 70 години.
 
Цената на Синовак(сите шо се од Кина во принцип) е договорна и заштитена со клаузула за доверливост.

Разликата меѓу Синофарм и Синовак е тоа шо првата е државна компанија и има јасно дефиниран пристап кој продажбата. Затоа и попија шамар коа пробаа да купат вакцини преку посредник и неможеа ни контакт да во спостават дур не дојде генералон. Па ти види шо се прави со Синовак. :icon_lol:

АЗ има дефинирана цена и мрдање таму тешко.
 
Добрата работа во сето тоа е што тие 31 долар по вакцина, не идат сите за Кина, извесен процент се враќа тука (или барем на сметки кои ги поседуваат тукашни луѓе).
Абе со Синофарм беше 60-40. Она 40 за вакцини, 60 за консултирање.
Автоматски споено мислење:

... потенцијални преносувачи на коронавирусот се младите т.е. тинејџерите, малите деца околу 30% како преносители, така да ...ќе видиме, дали беше подобро прво околу нив да се реши вакцинирањето, за разлика од другите!
Можеби веројатноста за појава на на потешки симптоми, хоспитилизациј и смрт играле улога при носење на одлука. Онака шпекулативно.

Мада лекар би можел да ни објасни поарно.
 
... јас од сезонскиот грип доколку се разболував секогаш беше од колешката која се заразуваше од децата кои ги носеше во градинка, од кога во критични месеци не контактирам со неа, јас веќе не се заразив со сезонскиот грип, што не би и овој коронавирус исто така да се однесува со трансмисијата од млада популација,
...ваму млада популација оставена сама на себе на свој сопствен имунитет, а другава страна на големо се вакцинира, кога овие млади ќе пренесат џабе и вакцини и сите овие перипетии околу нив!
-тука нешто погрешно се менаџира!
 
да али со АЗ не сака никој да се вакцнира и ја даваат на пензионери над 70 години.
Не е точно, во Англија над 40 години 99% се со Астра Зенека (и ништо не им е), помладите со Модерна или Фајзер а во оваа група се и сите бремени жени независно од години.
 
...туку нешто погрешно се менаџира!
И јас тоа ти викам. Компликациите се јавуваат кај постарата популација. Таа е најранлива. Затоа заштитата почнува кај нив.
 
Не е точно, во Англија над 40 години 99% се со Астра Зенека (и ништо не им е), помладите со Модерна или Фајзер а во оваа група се и сите бремени жени независно од години.

збориме за Македонија ние
 
да али со АЗ не сака никој да се вакцнира и ја даваат на пензионери над 70 години.

АЗ ја давааат над 60 години не 70, и мислам дека не е баш дека никој не ја сака еден куп луѓе познаници се вакцинираа со неа. Плус и донацииве што ги примаа од Хрватска, Грција и Бугарија ако не се лажам претежни беа пратки од АЗ што значи дека сепак има интерес инаку не би ги зимале за џабе

Инаку од 12ти месецов ете најавија вакцинирање и без термини
 
Уште ако е точно дека Кинескава полувакцина кошта 31 долар наспроти 4 долари колку што кошта Астра Зенека,овој Филипче треба со тупаници и клоци дур не падне у несвест да го тепаат

да али со АЗ не сака никој да се вакцнира и ја даваат на пензионери над 70 години.

И да сака Филипче не може да набави АЗ. Тие и онака доцнат многу со договорите со ЕУ така да за нас нема ништо и да сакаме.

Инаку АЗ нуди одлична заштита против Делта варијантата (индискиот сој).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom