Двете најголеми екипи во лигата им беа осудени за местење утакмици, едната беше испратена во втора лига, другата ја почна сезоната со минус поени. Коефициенти за Х има по 1,30 години наназад на утакмици од Серија А на кои и на двете екипи им одговара нерешено.
И тоа е се што треба да знаете за фудбалот во Италија. Додека некои се бават со мафијашки работи, другите седнале и нашле начин како да ги привлечат најдобрите и најбогатите спонзори, луѓето на кои им се инвестира еден куп пари во фудбалот, а со тоа и најдобрите фудбалери и најдобрите тренери.
А ние може до утре да дискутираме за тоа какви се и какви биле лигите, но нема да се смени фактот дека Серија А во моментов неможе да и парира на Премиер Лигата од апсолутно никаков аспект.
Ајде најди ми те молам вакви утакмици од 2012/13 наваму, после Calcioscomesse, од прва или втора лига.
2015та имаа во таму ултра ниските дивизии Серие Д/1А и слични срања.
Патем, 2 клуба од ПЛ се во сооственост на газди од Италија. Дали тоа ги праи тие клубови да бидат мафијашки зданија со што ја компромитираат целата елфска лига?
Да не го терам до сабајле со ирационални позиции за х/у лиги, признавам, ете се издигнува над другите во квалитет... ама не поради тоа што е навистина така јер они знаат да работат или разбираат нешто премногу од фудбал, туку е само и стриктно заради кешот. Ако утре, Шпанија, Германија или Италија створат таква бизнис клима околу фидбалот, и они ќе го имаат тој епитет како ПЛ.
Она што е многу загрижувачки е што очигледно не гледаш многу Серие А, по “фактите” што ги изнесуваш, далтонисти сте, па би рекол огромен дел од фановите на англиски екипи, само ПЛ гледате и пратите, другото го под дифолт одбивате.
А пецкаш со кладионичарска, скроз непотврдена и релативна логика и аргументација.
Англија само е збир на готови фудбалски производи, кој дебело и дебело го плаќаат. Ништо повеќе. Земи им го кешот кој го имаат во оптек премногу, ќе бидат боси како до 2005та некаде.
Другиве без сериозен кеш(особено Италија) кубурат некако, не се премногу далеку од енглезиве кои инјектираат x2 суми во споредба со ROW.