Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Мерките бафра работат. Се виде тоа на дело пролетва.
Мерките не функционираа баш. Сите знаевме дека се копирани, закаснети и дел нелогични. За ова веќе имаме Х пати дебатирано.

Оние кои не шират теории на заговор, ја спорат стапката на смртност (која е промил) и сметаат дека се ширеше огромна паника од страна на медиумите и од страна на властите. Еве повторно нека се отвори прашањето за огромната стапка на смртност кај нас. Дури ни држави многу побројни од нас немаа тој период по 50 починати на ден! Мерките беа тие, горе-доле сите копираа едни од други. Процентот на имунизација (со исклучок на Чиле, УК и Израел) секаде беше релативно мал. Скоро сме на врвот на светот по таа црна статистика.

Следи ги статистиките за Делта сојот, без да тролаш, ќе видиш дека негативно се манифестира врз старата популација.

Вакцини има, народ за вакцинација има околу 150 К. Проблемот е во тоа што ние заглавивме до 50тина проценти кај старата популација, а не чека есенски бран. И да, СЗО даде препорака целосно вакцинираните да си носат маски! Вакцините од една страна штитат, ама гледаме и дека целосно вакцинирани, но и вакцинирани со една доза, умираат во УК!

Се навикнав на твојата реторика дека секој кој не сака да се вакцинира мора да верува во некоја теорија на заговор. :D
 
Братми, у еден ист калап сте правени, што да ви правам. Сите ги имате истите коморбидитети, само мали нијанси ве делат, но тоа не е доволно за да ве делам по групи. Сите сте едно исто само у друга опаковка. И на крај пак тоа се испоставува дека сте теоретичари на заговори.

Ти кажуваше пред недела дена дека умрените на почетокот на кризата ги плаќале 2000 евра. И сеа немој да речеш дека измислувам да етикетирам некого како теоретичар на заговори.

Друга работа, ефектот на делта го множиш со нула. Се манифестирал негативно врз постарата популација. А на друга страна делта матер ебава и вакцините ги прави безвредни, сега дали да верувам на тебе или да верувам на бројките што растат секој ден од случаи на делта?
 
Не го реков тоа, реков дека и целосно вакцинирани умираат од Делта сојот во Британија.

Верувај на кого сакаш. Ти тврдеше дека Делта се манифестира и на помладата популација, без да споделиш некое инфо. Еве за децата и тинејџерите. За нив Делта сојот не се разликува многу од останатите претходни соеви.

Значи над 1 милион граѓани во Македонија веруваат во некоја теорија на заговор!? Треба да прифатиш дека едноставно најголемиот дел од младите не се ни замараат. Дел сметаат дека немаат потреба од вакцина.

Кај мене старите се со Фајзер, помладите со Синофарм. Нула несакани ефекти, сем болка во раката. И да, ако се појави сој кој сериозно може да го загрози моето здравје (иако сѐ е тоа субјективно), но ги следам трендовите во светот, ќе се вакцинирам...со сѐ, сем со Фајзер. Тоа веќе го имам напишано, па и не сум терал антивакс кампања.

Од друга страна, брат, ти прв истрча на вакцина. Човек за пример. :D
 
Мене не ми е криво што сум се истрчал да се вакцинирам. И пак би се вакцинирал да имам термин. Работата е што делта како што збориме, појак сој и некои вакцини послабо делуваат. А ти го правиш како да е ништо, бар до скоро кога ми реплицираше дека не те интересирале соевите. Вие све вртите муабетот кога не ви одговара, затоа и acknowledge-нав дека дискусијата со вас е utterly useless.
 
Ама тоа не е точно. Имаш разлика од Индија со 3-4% вакцинирано население и УК со преку 60% целосно вакцинирани! Само ти велам дека со тие статистики имаат починато и лица кои биле целосно или вакцинирани со една доза. Не го спорев никаде тоа ти што го пишуваш.

Да, Делта сојот не се манифестира поинаку од претходните соеви на младата популација. Тоа е, сега за сега, факт. Џабе се шири јавна паника. На удар, повторно, е старата популација. Ние сме на нешто над 50% имунизација на таа категорија граѓани.

пи.ес. Дури и тогаш ти реков дека правилно си постапил што си се вакцинирал, не само ти туку и тие неколку членови кои се вакцинираа во идентичен период. Само ти се постави супериорно во однос на оние кои не се вакцинирани, па уште и ме тагнуваш! Другите не се ни замараа толку, си ја гледаа својата работа.
 
Шеснаесет ЕУ држави вакцинираа против Ковид (со една доза), најмалку половина од населението.
Малта и Исланд вакцинираа над половина од населението со две дози (комплетно вакцинирани).
Дваесет и пет ЕУ држави имаат вакцинирано барем 40% од населението (со една доза).
30-06.jpg
 
Ама тоа не е точно. Имаш разлика од Индија со 3-4% вакцинирано население и УК со преку 60% целосно вакцинирани! Само ти велам дека со тие статистики имаат починато и лица кои биле целосно или вакцинирани со една доза. Не го спорев никаде тоа ти што го пишуваш.

Да, Делта сојот не се манифестира поинаку од претходните соеви на младата популација. Тоа е, сега за сега, факт. Џабе се шири јавна паника. На удар, повторно, е старата популација. Ние сме на нешто над 50% имунизација на таа категорија граѓани.

пи.ес. Дури и тогаш ти реков дека правилно си постапил што си се вакцинирал, не само ти туку и тие неколку членови кои се вакцинираа во идентичен период. Само ти се постави супериорно во однос на оние кои не се вакцинирани, па уште и ме тагнуваш! Другите не се ни замараа толку, си ја гледаа својата работа.
Нели нешо ќе идеше на планина, ќе немало интернет таму... шо е сеа овој спамфест?
1625249589762.png
 
Се надевам дека забарот и уште неколку други во темава што го негираа вирусов ќе бидат доблесни да се извинат после овие податоци за зголемената смртност
Очекував помали проценти, ама сепак и со овие, сметам дека е тешка глупост тоа што се напраи задњи година ипол. А за последиците од тоа, ќе бидат многу пострашни и ќе ги плати далеку помлада популација. Жалам за тие што починаа, меѓутоа кога веќе не го сузбија вирусот, се натака беше непотребно мачење за популацијата.

Инаку година ипол подоцна, не го фатив вирусот ни јас ни никој од моите дома. Избегнувавме само затворени простории, се гледав и со луѓе и терав каков таков нормален живот. 90% посто од луѓето што као демек се пазеа, го фатија и го пренесоа вирусот, зашто ги слушаа идиотите на власт и здравствените експерти. Уште у сам старт се виде кај се кластерите и кај треба да се пази, така да луѓето ќе си одат на душа на тој што ги спроведуваше мерките.
 
Последно уредено:
Искрено не знам за кои мерки зборувате? Чат пат полициски чац и носење маски на отворено? А кафани и ресторани работеа и таму без маски се одеше? Можеби и во Германија го претераа ама освен супермаркети сите продавници, ресторани, кафани беа затворени. Луѓето кои можеа да работат од дома беа обврзани тоа да го прават. Буквално пола година ништо не работеше. Во споредба не е чудно што едните имаат 40% плус повеќе мртви од нормала а другите 4%.

За делтата не би паничел. Да, чат пат пробива и кај двојно вакцинирани ама во најголем дел штитат вакцините. Сега со мали бројки не се гледа толку разликата на есен ќе стане јасно. Нема засега подобра заштита од вакциниве. На есен посебно тие што не се заштитени со вакцини или прележани ќе бидат ризични. Сакам да не дојде до тоа ама ако сме реални следниот бран на есен ќе ги фати скоро сите што не се заштитени.
 
Сакам да не дојде до тоа ама ако сме реални следниот бран на есен ќе ги фати скоро сите што не се заштитени.

Ако може малку научно, со бројки некои, попрецизен да си, оти и пред да дојдат вакцините, голем дел од населението, 90% не го фати.
Тие што го прележаа, а не се вакцинирани и нив ќе ги фати или?

Од 1.500.000 население во МКД, 500.000 ќе се вакцинирани, 150- 200.000 го прележале (дел со симптоми, дел без). По тебе, од овие 800.000 колку ќе го фатат?
 
Нели едно време проценките беа дека од регистрираните случаи има 5 пати повеќе заболени?
Асимптоматски и оние илјадници што не одеа на доктор.
Или сеа таа прикаска веќе не е интересна?

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Проценки имаше секакви. Од 2 недели затворање за рамнење на кривата, па летото 2020 господово топлото дека ќе го спречи, но имавме трицифрени позитивни (лето 2021 едноцифрени, ама добро не е битно тоа), па се до милионски жртви по улиците.
Затоа да пробаме со бројките со кои располагаме, сепак се повикуваат на наука, иако нешто научно слабо презентираат, се од медиуми. При тоа, бидејќи немаат што да споделат, неосновано ги обвинуваат другите дека теории на заговор зборат и им требало помош.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom