Што да пишеш за Ребиќ на првенството, доволно е тоа што го направи со копачките.
Милан офанзивно не е добар. Нема саглам крила ни за прва постава. Ребиќ, Кастиљехо, Салемакерс, Лео, Хауге... Па сето ова е доста лимитирано. Дури Леао, кој не е ни крило, а ме има сто пати изнервирано и веќе утре пак ќе го пцујам, ми делува можеби и најквалитетното од сите овие.
Мора да се земе некој офанзивно што игра "на топка", без разлика дали е крило или полушпиц. Затоа од сите што се вртеа, не е лошо да дојде Зијеш.
А за разлика од сите тука, јас немам проблем да си отиде Кеси, ниту е незаменлив, но тоа мора да биде за убава сума.
И колку и да се различни случаи (Хакан, Кеси, Донарума), сепак клучното е дека кај сите се работи за продолжување на договори и кај сите има компликации. Јасно е дека раководството не ги решава добро овие ситуации. Па ако не успеале да го продадат играчот, барем на време нека кренат раце од него.
Ако си решен да тераш политика на ниски плати и млади фудбалери, тогаш не форсираш со фудбалер кој може на друго место да обезбеди поголема плата, мора да работиш на негова продажба и барање на замена.
И поставување на граница од 4 милиони е малку.
А јас сум на мислење дека минатата сезона (особено со повредите, но и без нив), Милан резултатски го надмина квалитетот на тимот.