Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 5.015
- Поени од реакции
- 12.684
Од стално сум била локал патриот, впрочем на форумов се зачленав бидејќи налетав на тема на која се повикуваше на бојкот на охридскиот квази туризам, во далечната 2008.Не е Емкаа таква!
Мислам странција е, па ја тепа носталгија што влече накај патриотизам![]()
Истресов тогаш некој глупости на темата, за среќа во годините кои следеа имав прилики да патувам насекаде по светот и да имам референца за споредба. Не живеам во Охрид веќе 10 години, и секоја посета уредно ја документирам во темата за Охрид, и секогаш сум разочарана од тоа што ќе го затекнам. Проблемот со Охрид не се охриѓани. Проблемот со Охрид е македонштината. Не може во град кој ги нема решено основните инфраструктурни прашања да се развива некој туризам. Денар не е инвестиран. Патиштата се катастрофа, урбана мафија колку сакаш, никакво планско градење, никаква функционалност од институциите. Секој јуни се нешто почнува да се копа, да се прекопува, да се прави некој застој. И при сите овие работи некој зема и вложува во туристички локали/смештаи. Се што е чепнато 10 години уназад е од приватњак кој силом прилике морал да среди околу локалот/смештајот.
Не е дека Охрид нема потенцијал. Нема кој да го развива. Не може најголемиот туристички центар во земјава, чиешто население живее од туризам, да нема биро за развој на туризам.Се нема стратегија, се нема таргет група, се некако оставено да лебди во воздух.
За разлика од 4 годишните мандати, Охрид е безвременски. За жал фигурите на власт ги ставаат личните интереси на прво место.
Тотално се согласувам, и јас и сите Охриѓани. Ама треба некој ова да го спроведе, не можам јас со 5 апартмани да седнам да ја смислувам стратегијата за развој на охридскиот туризам.Ја не викам дека негде у охридска ривиера не треба да се плаќа паркинг. Сум идел на Св. Наум одамна и сум плаќал паркинг, немам ја проблем со тоа.
Ја само велам дека на краците не сум платил паркинг на плажа никогаш. Ниту сум видел да се плаќа.
А да бидам искрен, се навредив со ова често спомињање на шабански места од прв крак, на кој идат само Срби и Македонци. Таму сум бил еднаш само. Ја зборам за втор крак, кај што идат нормални луѓе, Торони, Каламици, Порто Карас, Геракини... (и за трет)
Сум пишувал тука која е мојата идеја за Охрид. Охрид е уникатно место, какво што го нема у свет. Сите тие прекрасни плажи од втор крак ги има насекаде по светот. Но, тоа Охрид што го има - го нема нигде. Ако треба да ви пишам за што станува збор, боље идите скријте се.
Ја би ви срушил све што е таму поново од 80 години. Чергарскиот туризам, кој го фурате, со тие подруми за ефтини пари како соби, би го уништил и забранил. Не може бре секоја шуша да се занимава со туризам, во такво место.
Ја би го напраил екстра скупо и за помал број, многу платежни туристи, кои би дале пари да бидат на место кое на пример, има црква од девети век и да не набројувам што све друго (ако имате дилеми што све спаѓа во тоа - убијте се).
Не смее Охрид така да се остаи. Мислам дека никој не сфаќа која е големината на тоа место (и од историски, и од билошки, и од геолошки аспект).
За понудата на смештај не коментирам, мислам дека последниве 10 години имат огромен напредок во ова.
Не знам што да ти кажам, кампот е во приватна сопственост и само газдата знае дали 200 денари паркинг му се исплаќа или не.Јас лани бев Охрид и си плаќав сегде паркинг, Љубаништа, Трпејца (кај некој у двор каде што два пати згазнав во лајна па се бришев 10 минути) и Свети Наум.
Сите места се различни, и океј е да платиш 100 денари за паркинг, ама за 200 денари е многу.
@Емкаа дали 50 денари на Св Наум значи дека е 4 пати полошо место од Љубаништа или фактичката состојба е обратна?
Љубаништа како плажа според мене е најубава, кој како милува.