Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.799
Поени од реакции
2.353
Охрид ги губи туристите поради оние кои управуваат со градската каса. Го унаказија Охрид поради тоа што на локални моќници им дозволија да градат на секој ќош од градот. За некое туристичко место да се направи препознатливо и да се привлечат туристи потребно е да се направи анализа и да се согледаат позитивни примери и деловни практики во поглед на туризмот од други туристички места. Граѓаните на Охрид најмалку се виновни, ако се гледа целокупно. И нормално не може да се направи сето тоа преку ноќ, туку секоја година да се менуваат одредени сегменти за да може да се прилагодат и оние кои работат во овој сектор. Од друга страна ние како народ не сакаме да правиме промени, оти не сакаме да се прилагодуваме на нови работи. Да има добар менаџер и визионер за градоначалник на Охрид сосема ќе беше друга приказната.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.799
Поени од реакции
2.353
Не си требаја да трошиш толко букве, све е јасно, не е од ичера!
Не ги бранам во поглед на однесувањето кон домашните туристи, знам дека и тоа придонесува за губење на туристи. Ама ако ја погледнеме пошироката слика сепак не се главниот виновник.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.368
Поени од реакции
18.498
Прескапо е 200 денари за љубаништа, да не речам криминал. Во Арменистис во грција е 5 евра а една од најубавите плажи на кракот, за кампот и вцињата да не споредувам.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.251
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.663
Поени од реакции
8.275
Не ги бранам во поглед на однесувањето кон домашните туристи, знам дека и тоа придонесува за губење на туристи. Ама ако ја погледнеме пошироката слика сепак не се главниот виновник.
Мене уво не ме боли за тоа кој им ја води политиката! Не може бре во соба за двајца да стави 3 кревети и да ги наплаќа така! Не може во платена соба да ти всели други, ако види дека те нема два дена:mad: Не е тоа од градоначалникот, од дедо-прадедо е!
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.607
Поени од реакции
9.766
Јас бев вчера во Љубаништа, редици коли се враќаа назад поради тие 200 денари влез.
Не знам, би платила и 500, ама патот до таму е лом, плажата несредена, едно време не знам и што се деси водата ко канализација да пуштиле во неа. Односот на тие на рампа ужасно непрофесионален, примитивен и сељачки, иако уредно без ценкања и прашања си плаќаш влез. Продавницата која патем не е добро снабдена и пијачките се топли е изгор со цени, а од тревиштата секој момент очекуваш змија да ти излезе.
Единствено ок е што си ги реновирале вецињата.
Ајде да речеме дека разбирам до некаде, туристичко место, вработени, приватен посед ова она, ама дај бе човек и нешто назад, не може да се шлепаш така 1000 години уназаден, а да ми бараш пари ко 10 да си напред.
Не би пошла веќе летово таму.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.799
Поени од реакции
2.353
Мене уво не ме боли за тоа кој им ја води политиката! Не може бре во соба за двајца да стави 3 кревети и да ги наплаќа така! Не може во платена соба да ти всели други, ако види дека те нема два дена:mad: Не е тоа од градоначалникот, од дедо-прадедо е!
Не сум се сретнал со вакви ситуации искрен да бидам. Зборуваш за приватно сместување или за хотелите се однесува ова со ваквите ситуации?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.663
Поени од реакции
8.275
Не сум се сретнал со вакви ситуации искрен да бидам. Зборуваш за приватно сместување или за хотелите се однесува ова со ваквите ситуации?
Приватно!
А што хотелите да не се поарни? Во Тино идеме еднаш, супер све на место! Бабата(тешта де), решила во центар ќе оди на одмор следната година :D истите саламчиња по три дена си ги гледале за доручек, прашина како во Сахара, постелнина сумњива..... а плаќам како да е вистински хотел!
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.799
Поени од реакции
2.353
Приватно!
А што хотелите да не се поарни? Во Тино идеме еднаш, супер све на место! Бабата(тешта де), решила во центар ќе оди на одмор следната година :D истите саламчиња по три дена си ги гледале за доручек, прашина како во Сахара, постелнина сумњива..... а плаќам како да е вистински хотел!

Во поглед на приватното сместување, јас сум задоволен кога бев во Трпејца. Никогаш не сум се соочил со ситуација како што напиша погоре.Се беше чисто и исперено. Плус мирно е местото и на плажа можеш пеш да си одиш по удолниците, единствено што на сред село говеда ќе треба да гледаш. Ама поубаво вистински говеда да гледаш, отколку по градските плажи да налетуваш на пијани говеда.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.241
Поени од реакции
13.169
Секогаш би ја одбрал опцијата да се варам во скопскиве горештини наспроти опцијата да ме прават будала охриѓани за мои пари.
Моја нога не стапнала таму од мои петшеснаесет години,и така ќе остане додека сум жив.

И да,еден од најголемите гревови е да проба човек да влече паралели помеѓу грчкиот и охридскиов се-само-не туризам.
Така било,така и ќе биде додека не се насели комплет друг народ,со дијаметрално различен мајндсет од охридскиот.

Џабе е целата таа убавина коа во погрешни раце е остаена...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Охрид ги губи туристите поради оние кои управуваат со градската каса. Го унаказија Охрид поради тоа што на локални моќници им дозволија да градат на секој ќош од градот. За некое туристичко место да се направи препознатливо и да се привлечат туристи потребно е да се направи анализа и да се согледаат позитивни примери и деловни практики во поглед на туризмот од други туристички места. Граѓаните на Охрид најмалку се виновни, ако се гледа целокупно. И нормално не може да се направи сето тоа преку ноќ, туку секоја година да се менуваат одредени сегменти за да може да се прилагодат и оние кои работат во овој сектор. Од друга страна ние како народ не сакаме да правиме промени, оти не сакаме да се прилагодуваме на нови работи. Да има добар менаџер и визионер за градоначалник на Охрид сосема ќе беше друга приказната.
Како тоа граѓаните се најмалку виновни, не ми е јасно?
Кој ги носи политичарите на власт?
Можеби рибите од езерото...
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.799
Поени од реакции
2.353
Како тоа граѓаните се најмалку виновни, не ми е јасно?
Кој ги носи политичарите на власт?
Можеби рибите од езерото...
Нормално дека тие ги бираат, ама ако пратиш голем дел од граѓаните не се согласуваат со ова што се прави моментално. А според тебе зошто граѓаните се најголем виновник?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Нормално дека тие ги бираат, ама ако пратиш голем дел од граѓаните не се согласуваат со ова што се прави моментално. А според тебе зошто граѓаните се најголем виновник?
Ама гласале граѓаните за тој што му го прави ова на Охрид.
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
506
Поени од реакции
288
Секогаш би ја одбрал опцијата да се варам во скопскиве горештини наспроти опцијата да ме прават будала охриѓани за мои пари.
Моја нога не стапнала таму од мои петшеснаесет години,и така ќе остане додека сум жив.

И да,еден од најголемите гревови е да проба човек да влече паралели помеѓу грчкиот и охридскиов се-само-не туризам.
Така било,така и ќе биде додека не се насели комплет друг народ,со дијаметрално различен мајндсет од охридскиот.

Џабе е целата таа убавина коа во погрешни раце е остаена...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Е за ваквите зборвев :vozbud: :vozbud: Како мојш да тврдиш и хејташ нешо шо незнајш. типичен малогрански - хејтерски мајндсет. Е ради вакви ко тебе имаме неписмен премиер,пропадната држава и изгубен идентитет. Не е Охрид и Охриѓани проблемот, има 1000ци луѓе од Скопје и цела Македонија шо скоро секој викенд се Охрид и никогаш не хејтале. Секогаш хејтат тие ко тебе шо 10-15 години не стапнале таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom