Фала на исцрпниот одговор. Само имам неколку замерки у истиот.
Што ми ги мешаш Јуве у муабетов? Што ми ги споредуеш арапиве со сопствениците на Јуве? Ми ја споредуваш трансфер политиката на Сити со онаја на Јуве? Знаеш дека нема поента нели? Што ми ги спомнуаш Мекени и Пјанич? Што е поентата? Пјанич у пикот на кариерата да играше у Вест Хем и да се презиваше Пјанвуд ќе вредеше 200 милиони у очите на Сити. Ги кењаш Јуве? Сериозно? Ради една лоша сезона без тренер ми ги кењаш Јуве? Покажи малку респект, Јуве со играчи бетер од овие што ги пишуваш погоре стигал да игра финалиња у ЛШ. Сити на таа пара што ја има фрлено едно финале има изиграно, што е срамота. Ми ги кењаш Јуве а ми го величиш Грилиш од Астон Вила? Како бе вака?
Како бе тоа најдобар англиски фудбалер, што го прави најдобар? Што постигнал у кариера? Што освоил, што статистика направил? Фоден е подобар играч од него, Маунт е подобар играч, Санчо е подобар, Кејн е подобар... И не биди смешен, Сити секако ќе се бори за ЛШ, ЕПЛ и све кај што игра, со или без Грилиш.
Добивам впечаток дека не го сфати тонот на мојот пост што го цитираше. Знам дека побарувачката ја диктира цената, јасно ми е тоа мене. Само преку глава ми е од величење и преплаќање на рандом англиски играчи од страна на англискиве екипи.
И за крај, не вреди Грилиш 100 милиони затоа што е најдобар англиски фудбалер ко што викаш, 100 милиони вреди пошо има будали арапи што се спремни толку да платат за него.
Се одјавувам од муабетов.