Зборуваш за правен закон или за правила во фирма каде што работиш?
Ако законите во една држава те ограничуваат, од петни жили почнуваш да менуваш и да бараш начин да си одиш и да бараш место каде што ќе може да се исполни твојот потенцијал во животот.
Ако правилата на фирмата се против твоите начела, значи ти не си за таму - те ограничуваат, а човек кога се чувствува како роб, што полезно од него може да очекува некој? Ништо.
Оди прави што ти е волја и направи си штета на себе си, аман, едно та исто муабети со години
Да се повторувам?
Ако ти велат во фирмата дека ќе имате секс по 2 пати дневно и нема да може да бирате со кој - ќе останеш?
И зошто да?
Значи не забегувајте со муабетите и престанете да мислите дека нештата во кои вие сте денес, се вечни и непроменливи.
Дајте малку... елан, храброст, видете за што сте тука... само квичење, само законите не ми чинат, ама како да одам против закон...
Ако е правен закон - не може да одиш против него. Или може, но ако те фатат ќе страдаш... па милион пати е зборувано за такви „крајни граници“ и што со тоа.
Пак одиме на она: прави што ти е волја но тоа не те ослободува од карма, од последици...
Треба свесност за себе си и околината, за што се може што не, во даден момент.
Вие сонувате за принцезата, мислејќи дека сте Аладин, а не сте уште ни чекор мрднале за да ја најдете волшебната ламба која ќе ви го започне патот, а не пак искуството со летачкиот килим