Не те сфатив, се откажа зашто не добиваше доволно супорт од посениори? Можеби фирмата не ти се погодила, ако си вложил толку труд можеби едноставно треба да пробаш во друга фирма. И да, има периоди и во најлабавите фирми кај што се убиваш од работа, сонуваш работа не стануваш од столче. Ама на крајот на денот тоа е животот на еден вработен. Минус оние од администрација, во секоја фирма ти бараат да си го заработиш лебот.
Автоматски споено мислење:
Конечно некој со нормален одговор, а не одговори од типот "многу сте разгалени, сакате високи плати бла бла". Два пати потенцирав дека парите не ми се важни, а тие почетни суми од 450-500 евра што ги споменувате ги има само во Нетцетера и уште 3-4 фирми максимум,во другиве фирми треба да си среќен ако стигнеш до 350-400 евра после една година работа.
Да, не добивав скоро па ич супорт и сметам дека тоа не е добро за почетник. Прегорев од нервоза и разочараност, ама очигледно за некој тоа е "разгаленост" и не треба да "мрчиме", треба се да прифаќаме и да си ќутиме дека нели "Знаеш ли ти како беше јас кога се вработив пред 100 години, па не се жалев".