Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.213
Поени од реакции
46.488
Има логика трансферов со оглед на околностите, апла и тоа, иначе ...
Турчинов пола сезона изигра добро у Милан, проблемот со него и навивачите на Милан е што едните се обидуваа да го наметнат ко главна карика у тим, а не трета/четврта виолина ко што си е реално за еден појак тим и квалитети за поише нема, а истиот проблем е и со него, мисли дека е Кака у прајмот, а не е, пример у конкретниов Интер, би бил шлепач кој ќе придонесува покрај оние кои се лидери во тимот и носители на играта. Е ко ваков е добар, пример за истово ви е и Турција, не постои таму а и они го сметаат за некаковси лидер у тим, што не е, нит има квалитети за такво нешто, нит карактер.

За овој Интер можеби и ќе испадне ова добро, а реков има логика ради моменталната финансиска состојба и фактот што со Ериксен е готово, бар кога е во прашање Интер, така да ваквиот потег би бил поише од добредојден у моментов. Секако у споредба со Ериксен и неговата прајм форма, разликата е небо и земја али што е тука е, добро до некаде е што не зависевме многу од Ериксен во 352 формацијата а истата и сега ќе се користи.

Инзаги од вакви знае да вади максимум и да ги адаптира у неговиот систем, би вршел работа турчинов доста при корни и нафрлени од прекин, очекувам многу поише вакви голови у случај да дојде, и овој дел од играта можда и му е најконстантен. Пак ќе кажам, не е играч на кој можеш да се потреш, формата му варираше во зависност од тоа дали Милан играа со Ибра или не, ама и доброто е што тука и не се такви очекувањата од него, да биде главен носител на игра, туку да придонесува на тие што веќе се а ко таков мислам дека е идеален. Во Милан тоа беше во глобала само Ибра ај еве и Кеси, тука се Лаутаро, Лукаку, Барела, Броз плус цела одбрана ај еве и Хакими кој е пред излезна врата, така да полабаво ќе му биде, не е дека очекувањата од него се да има сезона со над 10 гола и асистенции.

Наводно утре медицинските, али глеам претходно некои арапи се увалиле со 8м по сезона, така да не би избрзувал со муабетите дека е готово, очигледно е дека на овој не му е битно ни ривалство ни ништо чим е спремен у Интер да игра, така да тие 8 милки може и да го премислат или па Милан да ја израмни понудата, шо го знаеш, сеедно.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Јас турчинов би го земал и при здрав и достапен Ериксен а не па вака кога сме во ситуација да имаме само 2ца стартни везњаци, еден неписмен малоумник, еден стар пијаница, една тампон зона што за жал не играше цела сезона фудбал, еден повреденко кој изигра само 6 врвни месеци у Интер.

Таман е Хакан, докажан играч во лигата и секогаш можеш да го шитнеш у Турција.

А и реално, рака на срце, не дека па и Ериксен беше Марадона у составов.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.585
А што убаво си теравме без турчин во екипа...

Нека му е со среќа ако дојде, со ситуацијата на Ериксен немаше најверојатно подобро решение во моментов.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
За безпари супер е туракот.
И да не го бидне можеме да го увалиме летоска негде за 10тина милиона најмалку.

Нема потреба да се објаснуваме прикани мои, ова е се што и беше потребно на темава после трансферов. :D

Интер што немало ништо да зимаат според Конте :pos:
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
384
Поени од реакции
1.299
Ич, ич не ми прај ќеф трансферов, ама со оглед на околностите најумрени на светот, то е, се надевам дека ќе се погоди.

Иначе не сум толку убеден дека со 5+1 милиони плата (како шо јавува Романо) би го шитнале многу лесно во иднина, ене го гомното чилеанско со 6 милиони плата неќи ни да помисли за бегање, имал понуди, ама сакал да остани во Интер :love:
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.235
Поени од реакции
13.167
Ич, ич не ми прај ќеф трансферов, ама со оглед на околностите најумрени на светот, то е, се надевам дека ќе се погоди.

Иначе не сум толку убеден дека со 5+1 милиони плата (како шо јавува Романо) би го шитнале многу лесно во иднина, ене го гомното чилеанско со 6 милиони плата неќи ни да помисли за бегање, имал понуди, ама сакал да остани во Интер :love:
27 години има,далеку е од Видал гомното кое у залез на кариера.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ич, ич не ми прај ќеф трансферов, ама со оглед на околностите најумрени на светот, то е, се надевам дека ќе се погоди.

Иначе не сум толку убеден дека со 5+1 милиони плата (како шо јавува Романо) би го шитнале многу лесно во иднина, ене го гомното чилеанско со 6 милиони плата неќи ни да помисли за бегање, имал понуди, ама сакал да остани во Интер :love:
Па со самото тоа што играл за Милан и Интер, покажи им сува статистика и гледај како се тепаат турските клубови за негов трансфер.

27 години има, не може толку да потоне за да не спечалиш на него.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
384
Поени од реакции
1.299
Го разбирам то, само дали тој ќе сака да замини или можда порадо би си го отседил договорот.
Не знам точно по колку земат во Турција играчите, ако им е 4-5 милиони плата на дофат финансиски за клубовите таму, тогаш ок.

Мислам, не ме разбирајте погрешно, ок е трансферот во ситуацијата во која сме, ко немаш 35-40 милиони за Де Пол или Локатели, то е, ќе врши Хакан работа, само ептен сум со резерва.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.944
Поени од реакции
23.770
Мене не ми е јасно само едно нешто:
До пред некое време на форумов апла се збореше дека Интер е најзаглавен финансиски од сите тимови на светов и дека практично се распаѓаме.
Како сега вака Милан кој е во супер финансиска позиција не може да испрати понуда колку Интер за Хакан?
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Мене не ми е јасно само едно нешто:
До пред некое време на форумов апла се збореше дека Интер е најзаглавен финансиски од сите тимови на светов и дека практично се распаѓаме.
Како сега вака Милан кој е во супер финансиска позиција не може да испрати понуда колку Интер за Хакан?
И плус според медиумите упорно бараат 80 м за Хакими....како тоа финансиски заглавен тим поставува услови кога парите му се неопходни?....или не е само Интер тој кој е заглавен но мора за Интер да се пиши така.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.269
Поени од реакции
2.271
Прв турчин по Емре и Окан ерата.

Нек се угоди!
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.944
Поени од реакции
23.770
Прв турчин по Емре и Окан ерата.

Нек се угоди!
На овој петел не ти текнува?

1624294286363.png


Нормално дека нема. Дечкото дојде на одмор во Милано изигра една две пријателски и си се врати во Истанбул.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Овој Чанер Еркин познат како Осата.

Дојде, опипа блам, искрши нога, изби све од себе и замина во вечните ловишта.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom