Ако го скријам името, наместо него залепам Деоре и да натерам некој што вози Деоре да го проба, мислам дека нема да забележи дека вози Ltwoo. На Интернет најдов податок и дека оваа група тежи неколку грама помалце од Деоре групата. Ако одиме коренски, еден од главните инженери на СРАМ ја основал оваа компанија
Инаку барај го исклучиво во 17 инчна рамка. Таа ти одговара на висината. Ако го немаш во Хамачи или велосипед.мк, тркни до Хеми Моторс или Вело Риз. Само те советувам, пред да купиш, да ги замолиш да го средат целосно, за да не треба да бараш мајстори за да ти го спремат 100% функционален. Среќа знам да сервисирам, па си го средив како што треба. Обично новите велосипеди кога се продаваат се раштелувани, нестегнати, нецентрирани итн (поради побезбеден транспорт).