Џ
Џонтра Волта
Гостин
Ти кажаа за Кимпембе, не можам да се повторувам. Поготово не од фан на Мегваер, Стоунс и Вокер.Кимпембе да го ставиш во реченица со Фил Џонс, па е грев према вториов. Толкав пациент е. Стоунс испаѓал магаре низ годиниве, но јас не го ставив како избор. Дур сме на темава, дури и Мингс би го играл пред Кимпембе - кој гледал ПЛ го знае Мингс. Мегваер и Вокер се далеку од дебили, да се разбереме.
Како бе ништо немаат на клупски план покажано, дечките поштенски газат на сите сцени. Кејн е светска класа напаѓач и топ 3 напаѓач најмалку 4-5 години, Стерлинг (колку и да е пациент на моменти) главна алка беше покрај Агуеро и КДБ во Сити низ годиниве, освои буквално се (освен ЛШ). Моунт, Чилвел и Џејмс освоија ЛШ (освен Чилвел што игра неколку месеци, овие другиве двајца 2 години се веќе на одлично ниво). За Рашфорд ќе сум поскромен во фалењето ради субјективност, но последниве 2 ипол сезони откако е дојден Оле, има страшно добри бројки (сезонава 35 голови и асистенции, прошлата исто имаше 30+ голови плус асистенции). Лук Шо веќе 3 сезони игра квалитетно, прошлата сезона буквално искина.
За Грилиш е смешно да се дискутира, цела фудбалски свет му се клања на типот. Страшен дриблинг и креатор, со 3 месеци отсуство, типот е повторно топ 3 креатор во лига, дури пред КДБ иако игра во тим кој не доминира.
Санчо за Борусија е она што е Бруно за Јунајтед, незаменлив дел од кого зависи многу - главниот креатор во тимот. Не беше случајност лошата форма на Дортмунд дур го немаше Санчо, игорче ќе потврди што зборам.
Рајс и Филипс не можат да покажат нешто спектакуларно за тимовите ради природата на нивната позиција, ама нивното одсуство највеќе ќе се одрази зошто се рбет на тимовите.
Прегледај го приврзокот 299011
Маунт неспектакуларниот има креирано само една шанса помалку од Меси
ПС: Не е дисреспектирана Франција, туку сметам дека имаат подобар и поквалитетен тим Енглезите. Штета нема тренер да го прикаже тоа на дело. Исто сметам и Дешамп може повеќе да извади од Французите, но друг муабет е тоа.
Значи ВОКЕР не е подобар од ниеден бек во светот. Патарушка неписмена и главен кривец за милион голови.
Каков црн Чилвел бе друже, Чилвел освоил ЛШ да некој помисли он сам ги однел до титула а реалноста е дека беше седнат на клупа на сметка на отпишаниот Маркос Алонсо. Вчера почна да игра фудбал Чилвел и одма се вивнува у некојси врв на фудбалот.
Хернандез све и свашта има освоено, има превише искуство собрано играјќи на највисоко ниво. Чилвел вчера почна да игра фудбал.
Тука ќе ги додадам и Џејмс и Маунт. Колку и да е добар играч Маунт сепак ланската сезона му е прва изиграна на високо ниво. Ок втора ајде, само оваа двои по ЛШ титулата иначе горе доле настапот на Челзи е ист како и лани. Борба за 4то место цела сезона. Во ниеден случај не сакам да го деградирам ЛШ успехот, да не ме разберете погрешно.
Рис Џејмс оккккккккк од вакви размислувања, пак ќе кажам, се изгорени многу генерации на англиски играчи. Одма се ставаат у сам врв.
Лук Шо чао дека 3 сезони игра на врвно ниво, затоа дури сега се врати у репрезентација.
Најискусен у освојување титули и играње големи утакмици е Стерлинг, точно.
Кејн уште ништо ОСОБЕНО нема покажано на голема сцена, освен што дава голови у Премиер лига и се бори за 4-5то место.
И како тоа цел свет му се клањал на Грилиш? По што? По тоа што заврши 10то место у ПЛ.
И за него истото важи, ќе пркне малце у подпросечен клуб и одма се вивнува у самиот врв и после ќе дојде у поголем клуб каде ќе треба да се бори за титули и ќе потоне и ќе се изгуби. Со лопата има да ринеш такви играчи по другите лиги, што креирале шанси а тимот му е 10то место.
Добар играч е ама почекај нека се докаже на поголемо ниво. Везниот ред на Франција има 1000 утакмици изиграно на високо ниво со еден тон притисок.
Истото важи и за Санчо. Најдобар и најважен играч на Дортмунд у борбата за апсолутно ништо, со притисок наречен ништо. 0 искуство у борба за било што.
И што ми покажуваш статистики на креирани шанси и слични глупости што ништо не значат.
Ако не се лажам статистички Бруно против појаките противници има изиграно апсолутно ништо, значи нули стојат покрај неговото име. И на крај ќе погледнеш статистика дека имал милијарда креирани шанси а уствари дечкото коа треба да победи јак противник и да се докаже, он не постои.
Многу, многу пристрасен коментар за Англија, дури претеруваш. Екстремно.
И џабе сеа пак ќе ми објаснуваш кога факт е дека шанса нема да се докажеме.