ЕУРО 2020 - Група Д (Англија, Хрватска, Шкотска, Чешка)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе се пласираат во нокаут фазата?

  • Вкупно гласачи
    46
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Кимпембе да го ставиш во реченица со Фил Џонс, па е грев према вториов. Толкав пациент е. Стоунс испаѓал магаре низ годиниве, но јас не го ставив како избор. Дур сме на темава, дури и Мингс би го играл пред Кимпембе - кој гледал ПЛ го знае Мингс. Мегваер и Вокер се далеку од дебили, да се разбереме.

Како бе ништо немаат на клупски план покажано, дечките поштенски газат на сите сцени. Кејн е светска класа напаѓач и топ 3 напаѓач најмалку 4-5 години, Стерлинг (колку и да е пациент на моменти) главна алка беше покрај Агуеро и КДБ во Сити низ годиниве, освои буквално се (освен ЛШ). Моунт, Чилвел и Џејмс освоија ЛШ (освен Чилвел што игра неколку месеци, овие другиве двајца 2 години се веќе на одлично ниво). За Рашфорд ќе сум поскромен во фалењето ради субјективност, но последниве 2 ипол сезони откако е дојден Оле, има страшно добри бројки (сезонава 35 голови и асистенции, прошлата исто имаше 30+ голови плус асистенции). Лук Шо веќе 3 сезони игра квалитетно, прошлата сезона буквално искина.

За Грилиш е смешно да се дискутира, цела фудбалски свет му се клања на типот. Страшен дриблинг и креатор, со 3 месеци отсуство, типот е повторно топ 3 креатор во лига, дури пред КДБ иако игра во тим кој не доминира.
Санчо за Борусија е она што е Бруно за Јунајтед, незаменлив дел од кого зависи многу - главниот креатор во тимот. Не беше случајност лошата форма на Дортмунд дур го немаше Санчо, игорче ќе потврди што зборам.
Рајс и Филипс не можат да покажат нешто спектакуларно за тимовите ради природата на нивната позиција, ама нивното одсуство највеќе ќе се одрази зошто се рбет на тимовите.

Прегледај го приврзокот 299011

Маунт неспектакуларниот има креирано само една шанса помалку од Меси :)

ПС: Не е дисреспектирана Франција, туку сметам дека имаат подобар и поквалитетен тим Енглезите. Штета нема тренер да го прикаже тоа на дело. Исто сметам и Дешамп може повеќе да извади од Французите, но друг муабет е тоа.
Ти кажаа за Кимпембе, не можам да се повторувам. Поготово не од фан на Мегваер, Стоунс и Вокер.
Значи ВОКЕР не е подобар од ниеден бек во светот. Патарушка неписмена и главен кривец за милион голови.

Каков црн Чилвел бе друже, Чилвел освоил ЛШ да некој помисли он сам ги однел до титула а реалноста е дека беше седнат на клупа на сметка на отпишаниот Маркос Алонсо. Вчера почна да игра фудбал Чилвел и одма се вивнува у некојси врв на фудбалот.
Хернандез све и свашта има освоено, има превише искуство собрано играјќи на највисоко ниво. Чилвел вчера почна да игра фудбал.
Тука ќе ги додадам и Џејмс и Маунт. Колку и да е добар играч Маунт сепак ланската сезона му е прва изиграна на високо ниво. Ок втора ајде, само оваа двои по ЛШ титулата иначе горе доле настапот на Челзи е ист како и лани. Борба за 4то место цела сезона. Во ниеден случај не сакам да го деградирам ЛШ успехот, да не ме разберете погрешно.
Рис Џејмс оккккккккк од вакви размислувања, пак ќе кажам, се изгорени многу генерации на англиски играчи. Одма се ставаат у сам врв.
Лук Шо чао дека 3 сезони игра на врвно ниво, затоа дури сега се врати у репрезентација.

Најискусен у освојување титули и играње големи утакмици е Стерлинг, точно.
Кејн уште ништо ОСОБЕНО нема покажано на голема сцена, освен што дава голови у Премиер лига и се бори за 4-5то место.

И како тоа цел свет му се клањал на Грилиш? По што? По тоа што заврши 10то место у ПЛ.
И за него истото важи, ќе пркне малце у подпросечен клуб и одма се вивнува у самиот врв и после ќе дојде у поголем клуб каде ќе треба да се бори за титули и ќе потоне и ќе се изгуби. Со лопата има да ринеш такви играчи по другите лиги, што креирале шанси а тимот му е 10то место.
Добар играч е ама почекај нека се докаже на поголемо ниво. Везниот ред на Франција има 1000 утакмици изиграно на високо ниво со еден тон притисок.

Истото важи и за Санчо. Најдобар и најважен играч на Дортмунд у борбата за апсолутно ништо, со притисок наречен ништо. 0 искуство у борба за било што.

И што ми покажуваш статистики на креирани шанси и слични глупости што ништо не значат.
Ако не се лажам статистички Бруно против појаките противници има изиграно апсолутно ништо, значи нули стојат покрај неговото име. И на крај ќе погледнеш статистика дека имал милијарда креирани шанси а уствари дечкото коа треба да победи јак противник и да се докаже, он не постои.

Многу, многу пристрасен коментар за Англија, дури претеруваш. Екстремно.
И џабе сеа пак ќе ми објаснуваш кога факт е дека шанса нема да се докажеме.
 
Англичаниве ако толку сакаат реми нека ја шутираа напред топката или во аут. Си потрошив 90 минути од животот на досаден натпревар. Да ми дадеа кафански тап нож, вени ќе си исечев само да не мора да ги гледам.
 
Кимпембе се брукал со послаби противници, па што да кажеме тогаш за Мегваер и Стоунс, предмет спрдња беа и двајцата од страна на цел медиумски свет.

Затоа после читаме мислења како Мингс
и Стоунс биле кој знае колку боље од Кимпембе.
Или па небулози од типот дека Маунт, кој вчера почна да игра фудбал, бил подобар играч од Гризман.. повторувам ПОДОБАР играч од Гризман!

Маунт викам дека е ПОКОРИСЕН, не подобар. Ко ќе натепа малку искуство и константност Моунт, ќе можеме да збориме такво нешто, за сега е само покорисен генерално гледано, ти кажав и зошто. Неспорно е дека годинава изигра констатно и на одлично ниво, единствена причина беше зошто Лампард не го шутнаа порано и зошто Челзи функционираше дур Вернер утињаше се живо и диво, а Хаверц и остала багра беа збунети.

Спрдњата со Мегваер беше крајно исфорсирана ради случката со Миконос, ама ајде фан сум на Јунајтед па ќе сум субјективен. Ништо ново не ми е исфорсирана медиумска спрдња со играч на Јунајтед, кои подоцна во други клубови доминирале. Хинт: Лукаку, Ди Марија, Депај, Лингард итн. Погба е следниот од оваа категорија.

И да, поразноврсен и позибалансиран тим имаат Англичаните, за секој играч има замена или за секоја тактичка замисла има играчи. За Франција истото не можам да го тврдам.Да се повреди Канте, друга песна ќе се пее. Криво ми е што нема тренер да ве демантира, факт е дека откако дојде Саутгејт многу тапа фудбал играат, иако води златна генерација, најдобра во последниве 10 а можеби и 15 години.
 
По што е покорисен?

Гризман можда има реноме квалитет и искуство, но не е толку ДРАСТИЧНО подобар од Моунт. Дури сметам дека Моунт е покоросиен од него од причина што брка и напред и назад + е креативен + има шут + изведува прекини.
Грилиш > Гризман - далеку попродорен, поопасен и покреативен е Грилиш од Гризман. Со последниве 2 споредби не велам дека Гризман е лош, туку повеќе квалитети имаат да му понудат на еден тим.

Реноме. :D
Се ова што имаш наброено за Маунт дека бркал и напред и назад, дека бил креативен, дека имал шут Гризман веќе со години го прави многу подобро.

Абе види, секои 2 години читаме како Англија има разноврсни играчи, избалансиран тим, индивидуален квалитет, одлична екипа, ама на крај пак си идат дома без медал.

За ваква златна генерација читаме сега, читавме и во 2010, читавме и во 2000та кога играа Бекамци и компанија.. константно читаме. После секое првенство каде што ќе го допрат дното, повторно читаме како тренер немале, абе само мааалце подобар тренер да имале ќе биде севселенски шампиони.

Ама некако, како да не е до тренерот.
 
Најискусен у освојување титули и играње големи утакмици е Стерлинг, точно.
Кејн уште ништо ОСОБЕНО нема покажано на голема сцена, освен што дава голови у Премиер лига и се бори за 4-5то место.

И како тоа цел свет му се клањал на Грилиш? По што? По тоа што заврши 10то место у ПЛ.
И за него истото важи, ќе пркне малце у подпросечен клуб и одма се вивнува у самиот врв и после ќе дојде у поголем клуб каде ќе треба да се бори за титули и ќе потоне и ќе се изгуби. Со лопата има да ринеш такви играчи по другите лиги, што креирале шанси а тимот му е 10то место.
Добар играч е ама почекај нека се докаже на поголемо ниво. Везниот ред на Франција има 1000 утакмици изиграно на високо ниво со еден тон притисок.

И што ми покажуваш статистики на креирани шанси и слични глупости што ништо не значат.
Ако не се лажам статистички Бруно против појаките противници има изиграно апсолутно ништо, значи нули стојат покрај неговото име. И на крај ќе погледнеш статистика дека имал милијарда креирани шанси а уствари дечкото коа треба да победи јак противник и да се докаже, он не постои.

Многу, многу пристрасен коментар за Англија, дури претеруваш. Екстремно.
И џабе сеа пак ќе ми објаснуваш кога факт е дека шанса нема да се докажеме.

Просто е, не можеш играч или тим да го оценуваш бинарно, со кец и нула - добро или лошо, како некој каменко од пред 100.000 години. Точно е дека Французите се поискусни, со играчи во клубови кои играле на највисока сцена и се во зенитот на своите кариери, додека Англичаните се помлади и нивното допрва доаѓа.

Не можеш да омаловажиш нечие влијание и издигање на квалитет на тим за една или две класи, поготово ако клубот е боранија или тапа, ко Астон Вила, Дортмунд или Тотенхем. Треба карактер и квалитет за такво нешто, 25 души(читај ѕвезди со енормни ега) да се обединат под твое водство и да ти веруваат дека ти ќе направиш нешто од ништо. Многу се потценува овој момент.
И не се пркнати малце Грилиш, Санчо и Кејн, со години се на врвно ниво, поготово Кејн - топ 3 шпиц у последни 4-5 години, барабар со Бензема и Левандовски.

Го множиш Бруно со нула, а супер гига јакиот Погба истото не го прикажа ни 5%? Оти така бе другар? Си имал циганот своевремено добри партнери кои му овозможиле да си ја прикаже играта и тим кој играл за него.

ОК е да не гледаш 5 лиги со сите утакмици на ТВ, ни јас не гледам италијанско, шпанско, додека Француско и Баерн/Дортмунд ретко.Ама не е ок некој што сега дошол до медиумско внимание да го праиш ко вчера да е паднат од Марс, а реално си има историја позади него.

ПС: Еве Пеп, Карло, Мурињо и Клоп виделе живот надвор од Англија, не знам која бајачка успеала да им го испере мозокот за Грилиш, Кејн или некој од другиве.
 
What is wrong with that?
За екипа која сака да го освои ЕП не треба да и е страв да игра со било кого, затоа што секако ќе налетаат на овие екипи. Ние и некој како Чешка или Шведска би можел да калкулира, ама за Англија не гледам зошто. Поготово што сега Англија може да ја победи Германија многу лесно. Ама со таква тиња игра, ништо не прави, па уште ќе се мести. Па Белгија би била сто пати полош противник за нив отколку Германија.
 
По што е покорисен?

Реноме. :D
Се ова што имаш наброено за Маунт дека бркал и напред и назад, дека бил креативен, дека имал шут Гризман веќе со години го прави многу подобро.

Абе види, секои 2 години читаме како Англија има разноврсни играчи, избалансиран тим, индивидуален квалитет, одлична екипа, ама на крај пак си идат дома без медал.

За ваква златна генерација читаме сега, читавме и во 2010, читавме и во 2000та кога играа Бекамци и компанија.. константно читаме. После секое првенство каде што ќе го допрат дното, повторно читаме како тренер немале, абе само мааалце подобар тренер да имале ќе биде севселенски шампиони.

Ама некако, како да не е до тренерот.

Во 2010та беа тешка брука да бидеме реални, која ти е таа генерација со Емил Хески :D Се сложувам дека има медиумски хајп позади нив, но оваа генерација има што да каже.

За Гризман не бе трошел време да се објаснувам, зошто при првиот факт ќе рипне контра аргументот "Ама играше во Атлетико Мадрид на Чоло, очобол и дефанзивен фудбал тераат тие".
 
Го множиш Бруно со нула, а супер гига јакиот Погба истото не го прикажа ни 5%? Оти така бе другар? Си имал циганот своевремено добри партнери кои му овозможиле да си ја прикаже играта и тим кој играл за него.
Јас брат колку го иам ништено и множено со нула Погба, толку лајкови неам собрано од двата акаунта. :D Неам намера да го бранам Погба, кловн од играч. Само драстична е разликата на неговите настапи во Франција и во Манчестер.

Неам проблем со Бруно, чисто сакав да доловам што значат тие статистички параметри на креирани шанси. Он има извонредна статистика ама кога ќе дојдат битни утакмици он исчезнува.
Истото важи и за сите овие талентирани играчи што ги спомна во Англија. Ќе дојде големо првенство и они не постојат.
 
Гол поради тоа што босот Погба си го ладел ташакот надвор позиција и цела одбрана е изместена во обид да го покрие? :icon_lol: :kafence:

Been there, done that. Не за џабе реков просечен тим составен од Мурињо, би ги победил Французиве 2-0.
Автоматски споено мислење:

Јас брат колку го иам ништено и множено со нула Погба, толку лајкови неам собрано од двата акаунта. :D Неам намера да го бранам Погба, кловн од играч. Само драстична е разликата на неговите настапи во Франција и во Манчестер.

Неам проблем со Бруно, чисто сакав да доловам што значат тие статистички параметри на креирани шанси. Он има извонредна статистика ама кога ќе дојдат битни утакмици он исчезнува.
Истото важи и за сите овие талентирани играчи што ги спомна во Англија. Ќе дојде големо првенство и они не постојат.

За Бруно не се слагам, ама ич - но 3 тастатури сменив ради муабетов, многу скапо ме кошта Бруно за да го бранам :icon_lol: На кратко, не е така црно-бело со него има влијание против топ 6 екипите, па дури и кога е маркиран и удвоен, слободно копај низ ПЛ темата. Пошто Меси и Роналдо малце го извитоперија сфаќањето за фудбалот и го банализираа на една статистика од голови и асистенции, нека ти биде :)
 
Пошто Меси и Роналдо малце го извитоперија сфаќањето за фудбалот и го банализираа на една статистика од голови и асистенции, нека ти биде :)
Па ти дојде со статистика на креирани шанси. :D
 
За екипа која сака да го освои ЕП не треба да и е страв да игра со било кого, затоа што секако ќе налетаат на овие екипи. Ние и некој како Чешка или Шведска би можел да калкулира, ама за Англија не гледам зошто. Поготово што сега Англија може да ја победи Германија многу лесно. Ама со таква тиња игра, ништо не прави, па уште ќе се мести. Па Белгија би била сто пати полош противник за нив отколку Германија.
Додека има безкичмењак за менаџер секогаш е битна качкулација барем за него.
Составот утебан 100 пати немам ништо Фоден да игра ама со такви крила ти ставаш везњак на крило за Стерлинг не ми се ни зборува игра со 2ца пред одбрана кога има ростер за многу по офанзивна средина со Фоден и Маунт по офанзивно.
Со по офанзивен менаџер Англија може да игра со секого ама со трмки ко Саутгејт толку му е капацитетот не е он крив наголем успех фати он од прекини и контри.
 
Со по офанзивен менаџер Англија може да игра со секого ама со трмки ко Саутгејт толку му е капацитетот не е он крив наголем успех фати он од прекини и контри.
Тоа е веќе друго. А дека имаат капацитет да освојат ЕП, имаат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom