Воена и Цивилна Морнарица

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.467
tie od Roger lesno dostapni ti se - sega zirnav povekjeto gi ima na pdfdrive free, a gi imas i na book depository ako sakas kniga.

inaku knigava i tematikata vo nea, se od period koj mi e nesto poslab, nemav tolku interes za toj period, ama kako so me tepa dosada sega,
moze da rascackam so se slucuvalo.

na tema envy - vo Lisabon bev na eden predmet biogoriva so eden Holangjanec. likot bese na nekoja razmena erazmusi a u, a glavna programa
mu bila nesto brodogradnja vo Roterdam mislam. nema kaj nas takvi raboti, mali sme uste :place:

sigurno London e najbogat so materijali i zapisi na tematikava. trebase da odam London 2017ta na letna programa, gnasite
ne mi odobrija viza, gi kolnam vo sekoja mozna prilika :mad:

imam dosta da pisam na tematikava. vo prva prilika da podrazlistam materijali i sliki, pa kje postiram poorganizirano.
Одлично, ретко се наоѓа добар соговорник на форумов :) Лисабон имал страшен поморски музеј, за жал тешко дека некогаш ќе го посетам поради трагични околности ама нејсе :( нада последња умире.

И јас имам "дупки" во одредени периоди (Антика на пример) но знам основите.
Последно читав за Млетачка република (Венеција) и нивните Галери и Галеаси со кои владееле по Средоземно море па и даље. Интересно е што едрата конечно ги потиснуваат веслата тек пост Лепантска битка 1571 кога Христијанската лига составена од неколку поморски европски сили го нанесува еден од најжестоките порази и дебакли во историјата против Отоманската флота. Турците губат 204 галии а сојузниците само 16. Во битката учествуваат и 6 мастодонтски Галеаси со тешки топови кои прават зулуми низ турските редови.
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.408
Поени од реакции
9.719

neznam so ti se okolnosti, Lisabon e generalno lesno dostapen. pred korona, imase direkten let wizz od Sofija, ili od
Skopje da iskombiniras preku Barselona. ne e bas najeftino, ama bi rekol prifatlivo i za nas standard.

od Antika, mislam deka i nema nekoi dobri zapisi so relevantni podatoci.
kolku so pamtam grubo mal broj poznacajni bitki se od toj period
(Grcija - Persija, edna ili dve Rimsko - Kartaginski, pri koi Kartagincite bi trebalo da se posilnata strana, ama na kraj pobeduvaat Rimjanite,
i eventual Rim - Egipet, vo vremeto na gragjanskata vojna Oktavij i Antonij).

Venecija i nivnata republika, dobro me potseti i tamu imaat nekoj voen muzej, ako najdam nekoja ostanata slika.
nivnata dominacija e samo niz Sredozemno more, nisto povekje. dobra diskusija na mokjta i padot na Venecija ima vo knigata od Crowley
za Portugalskata imperija koja ja postirav. nivnata dominacija se bazira na ogromnata finansiska mokj, bazirana na monopol na trgovija
so zacini i drugi retki proizvodi koi doagjaat vo evropa preku togasen Egipet (denesen Egipet i Levant region). so naogjanjeto na pomorski pat do Indija,
toj monopol go razbiva Portugalija, sto pridonesuva do indirekten sudir so Venecija a i drasticno slabeenje na Venecija i konecno unistuvanje.
Venecija pomaga so pari, lugje - voeni i pomorski eksperti, i tehnologija, protivnici na Portugalija za prevlast vo Indiski okean, Persiski zaliv i
toj del okolu Arabija (nemam nekoj dobar naziv, na angliski e zalivot Aden).

za pomorskite borbi so Turcite i nivnata pomorska "tehnologija", kje pisam vo nekoj nareden post
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.467
Шпанија и Португалија едно време биле до толку хегемони што со договорот од Тордесиљас 1494 си го поделиле светот на два дела, еден за шпанска колонизација и експлоатација, еден за португалска.

Мапа, ленир, ова е наше, ова е ваше :angel:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.467
Спектакуларниот патнички брод Норманди, 314м, 84000 тони, триумф на бродоградителството и естетиката.
Ако нешто го симболизира Арт Деко во својата суштина, тоа е овој брод, освојувач и на Плавата трака.

Завршува трагично, иако не на отворено море туку закотвен во Њу Јорк каде веројатно поради саботажа е запален а воените времиња не налагале одвајање ресурси за поправка на странски патнички брод.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.467
Јапан се враќа на голема сцена со новите два носачи од по 30К тони. Јапан има вкупно 7 носачи.
Имињата на новите јапански бродови се исти со оние кои ги употребувале во WW2 :)

Носачите Идзумо и Кага се најголемите јапански брод од 1945 наваму. Има можности за носење 24 Ф-35 и 4-8 хеликоптери.

Многу е веројатно јапанската морнарица денес да е на второ место во светот.
Иако немаат нуклеарни подморници од политички причини, имаат еден куп подморници со независен систем за снабдување со воздух што ги прави еднакви на нуклеарните во поглед на минување време под вода, секако останува далеку помалиот радиус на дејство но и тоа е повеќе од доволно за кружење околу јапанските острови.

Both ships of the class could operate STOVL Lockheed Martin F-35 Lightning IIB aircraft after modifications.
Два од Хјуга класата : (20K тони, 16 Ф-35, 4-8 Х.)

Три од Озуми класата (15К тони, 8-12 Ф-35, 0-4 Х.)

Сериозна ударна сила.

Тука се и најнови крстосувачи со AEGIS системот, и над 100 разурнувачи, фрегати и корвети.
Дури и нивната Обалска стража има неколку крстосувачи по 7-8К тони :eek:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.467
Да се надоврзам на претходен пост за растечката загрижувачка моќ на Јапан на Пацификот.

Двата крстосувачи од класата Маја од 8500 тони (Аегис)

Два од класата Атаго од 8000 тони (Aegis)

4 од класата Конго/Aegis (Конго, Миоко, Шокаи, Киришима, секоја сличност со бојните крсташи од WW2 е случајна)

8 крстосувачи во Морнарица и 2-3 во Обалска стража по 7500 тони.

А тек подморници...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Јапан има вкупно 7 носачи
Озбилно ова дека Јапониците имаат 7 носачи? :eek:

Додуша знам дека технички не ги викаат они носачи, исто како што вооружените сили им се „сили за самоодбрана“ ама чат-пат налтувам на некоја статија каде преќутно, без помпа, Јапонија станува полека една од воено најнабилданите нации. Секако се тоа со амин на САД заради баланс со Кина и С.Кореа.
 
Од политички причини нели, сили за самоодбрана и тие муабети, ги викаат хеликоптерски разурнувачи :pos: а гледаш бродетина од 30К тони со непрекината полетно-слетна патека со соодветнасигнализација и уреди за полетување и слетување заедно со набавка на Ф-35 во количина, сомнително блиска до капацитетот на овие носачи.

Настрана активните единици, имаат куп бродови во резерва а некои им ставаат префикс "школски" брод па така имаат огромни подморници и фрегати као за обука.

Чак и Јужна Кореа има два носача по 20К тони, требало класа од 4 ама немале доволно кинта.
Индија има 3 ако не се лажам, Кина 2+1 во изградба.
Но сите тие би биле инфериорни на јапанските со Ф-35. Кина употребува уште советска тактика, не само тактика, новиот носач им е на ПАРЕН ПОГОН со парни турбини проектирани од советски бироа во 50-ти :vozbud:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
За кинеската морнарица едино што ми е познато е лудата авантура како го купиле првиот нивни носач, некоја раскапана советска канта купена од сумњива компанија од Макао (во позадина стои кинеското МО), со образложение дека ќе го правеле казино :D .

Па после со месеци стоел заглавен во Босфорот и на крај некако кинезите си го добиле својот носач, не многу употреблив првично, но од таа основа го преправаат и доведуваат во ред, а после своите нови носачи ги базираат на иститот дизајн ако не се лажам.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.467
За кинеската морнарица едино што ми е познато е лудата авантура како го купиле првиот нивни носач, некоја раскапана советска канта купена од сумњива компанија од Макао (во позадина стои кинеското МО), со образложение дека ќе го правеле казино :D .

Па после со месеци стоел заглавен во Босфорот и на крај некако кинезите си го добиле својот носач, не многу употреблив првично, но од таа основа го преправаат и доведуваат во ред, а после своите нови носачи ги базираат на истито дизајн ако не се лажам.
Кинезите купиле прво Мелбурн од Аустралија носачот ама скоро расходован па како пловел накај Кина паѓале делови во море ахахха, после еден од Кијев класата па него не успеале да го модифицираат (иако релативно понов) па на крај го пронашле Тбилиси како рѓа во док во Украина и го земале под изговор дека ќе градат огромно казино на вода на трупот на носачот. :pos:
На крај после 20 години некако со крајни маки и помош од Русија успеваат да го направат оперативен, а во право си и новиве носачи им се од Тбилиси класа, само доцнат едно 40 години, тој проект е од почеток на 80-ти.
Многу различна концепција е америчката каде носачот е само за носење летала и нанесување удари како главен брод во battle group и советската каде носачот е само за заштита на battle group односно 2-3 големи крстосувачи и ред фрегати па затоа и покрај тонажата 67К тони и теоретскиот капацитет од 50 авиони, во реалност макс. 24 Су-27 и 8-12 хеликоптери. Настрана што кинези и совјети немале и немаат авион или хеликоптер за рано откривање па носат мамутски радари на нивни носачи.

Малку нелогично е што совјети своите носачи ги опремале со ПБР, крстаречки ракети, артилерија и секакво вооружување кое во теорија би му помогнало да се брани од противник и да напаѓа со ПБР но во реалност носач е премногу ранлива категорија да излезе на мегдан на тој начин, една ракета на палуба може да направи потоп.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.467
Јапанската Обална стража располага со најголемите бродови во историјата на било која обална стража, вклучувајќи ги и САД.

Класа Шинку, 3 крстосувачи од 7000 тони :

Класа Шикишима, 5 крстосувачи од 7500 тони :

Официјално се Патролни бродови со хеликотперска платформа :pos:

Што значи дека Јапан има 16 крстосувачи вкупно, 8 морнарица, 8 обалска стража.
Овие од ОБ се проектирани злу не требало да за 24 часа се монтираат ПБР, САМ и остало и да влезат во состав на battle group.

Нешто слично како со нуклеарното вооружување кое Јапан "го нема" а за неколку месеци може магично да го има, пак ќе кажам, скраја било.
Автоматски споено мислење:

Вo резервна флота им се крстосувачите Ширане (2) од 7000 тони (без Aegis) :

Што во активна, што резерва, што "школски", што во градба, Јапан има околу 40 подморници од кои најмалите се по 3000 тони, скоро сите со air-independent propulsion.
Има подморници со име Сорју и Хирју :angel: , исто како двата носачи кои биле потопени кај Лејте.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.467
Единствените два супер-носачи кои не се амерички, Квин Елизабет II и Принс оф Велс 280м*75м, 76К тони и пар ескадрили Ф-35 заедно со Краунснест за рано откривање и све по ред.
Разлика со америчките е што имаат ски-џамп палуба наместо катапулти.

Франција, после прекорачувањето на буџетот за парот атомски носачи мораше да остане на еден носач како замена за парот Клемансо и Фош. Шарл де Гол требаше да биде пар со Кардинал Ришеље, слично како и британскиот пример погоре но ништо од тоа.

270m*68м, 45K тони, за својата тонажа е прилично снажен брод. Предност катапулт и 2-4 Е-2 Хокај авиони со долг долет за рано откривање.

Бразилскиот носач Сао Паоло како замена за Минаш Жераис, стар но модернизиран колку што се може, 34К тони и 270*48м, поранешен француски Клемансо, со неговите стари А-4 Скајхок на палуба. Предност катапулт и С-2 Трекер авиони за противподморничка борба.

Рускиот носач Адмирал Кузњецов, за жал извор на безбројни проблеми за руската морнарица, последно е откажувањето на санитарниот систем на бродот при што морнарите употребувале кофи за измет, се преврте во док и го поклопи реморкерот кој го донел таму, неколку пожари и тоа е само дел од проблемите со кои се соочува овој брод.

305м*76м, 67К тони, предности, можеби во некои случаи носењето на фул вооружување како и рандом крстосувач па и јаче и веројатно Су-27, недостаток немање катапулт и парни турбини кои очигледно прават сериозни маки за одржување.
Автоматски споено мислење:

Јужнокореанскиот носач Докдо (вкупно 2), малку неочекуван потег од Ј.Кореја која никогаш немала такви бродови, 210*36м, 20К тони, 12 Ф-35, 4-8 хеликоптери.

Предност, може да се употреби за низа потреби, недостаток = нема ски џамп иако тоа при евентуална криза би се решило за брзо време со додавање на сегмент, ионака се градени по Лего-принцип :angel:

Шпанија има два носачи, постариот е Принсипе де Астуриас кој носи Хариери, 210*35м, 18К тони.
За својата тонажа повторно одличен проект, 24 Хариер и 4-8 хеликоптери.
Предност, солиден број на ловци, недостаток ски-џамп.

Вториот и поновиот е Хуан Карлос кој исто носи Хариери но ќе може да носи и Ф-35.
Скоро двојно поголем од Астуриас, 35К тони, 250*40м, предност, мултифункционалност, недостаток ски-џамп и ставање на сите јајца во иста торба.

Индија има 2 а на пат е и 3-от носач, едниот е целосна реконструкција на најновиот од советската класа Кијев (Викрант) а Вториот (Викрамандија) е скоро негова реплика. Третиот е сосема друг проект.

Предности, тешко е да се каже со оглед на застареноста на самиот концепт, недостатоци ски-џамп и соодветно мал радиус на дејство на ловците кои би полетувале од нив.
285*54м, 46К тони.

Аустралските носачи Канбера и Мелбурн по 25К тони, намалена верзија на Хуан Карлос.
Предности слично како и шпанскиот им "татко" ги делат и нивните недостатоци.
235*40м, 16 Ф-35, 4-8 хеликоптери во авионска конфигурација.

Италија има шест носачи и се наоѓа на трето место по број на носачи во свет, 1 Гарибалди 16К тони, 182*33м, носи Хариери, 2 Триесте (50К тони, 250*45м) кој ќе носи Ф-35 и три Сан Џорџо од 12К тони, 166*30м кои се веројатно најмалите through-deck бродови на светот.
Триесте и Кавур се разликуваат по тоа што вториот има ски-џамп палуба.
Италијанската флота е сериозна ударна сила со прилично изразена можност за употреба на бродовите за разни намени.

И на крај интересно, Тајланд со нивниот носач Чакри Наребет од 15К тони, намалена верзија на шпанскиот Астуриас, 185*33м, 16 Хариери и 4-8 хеликоптери. Повеќе симболика него некаква стварна воена сила.

За америчките носачи би требало еден огромен пост, здравје во иднина.
Има и неколку други бродови во разни земји кои можат да носат СТОЛ или ВСТОЛ авиони, како 4-те француски Мистрали од 25К тони, 225*36м, или британските Океан и Аргус кои носеа Хариери,
за тоа потоа :)

Интересно што никој не се нафати да купи ниту еден од британските ски-џамп носачи 3-те Иластријус и покрај дампинг-цената по кои ги нудеа. Австралија имала интерес но на крај наместо да троши за модернизација на по дефиниција бродови со изминат ресурс (40 години) се решиле да изградат нови.

Мистралите исто се градени по систем на Лего, со сегменти градени по разни места и склопување во Сен Назер. Има предвиден сегмент за ски-џамп но проблемот е што Франција нема СТОЛ авиони.
Русија купи 2 од овие бродови за модернизација на флотата, иако теоретски имаа едно време Јак-38 советскиот пандан на Хариер, на крај политиката и санкциите го спречија договорот.
Изградените 2 брода се сега во Египет и Чиле ако не се лажам.

Исклучок од правилото е британскиот Аргус кој носел по 12 Хариери, единствен носач кој не е through deck во светот. 28K тони, 180*36м. Би можел да носи барем 8 Ф-35 и неколку Краунснест.

Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.467
Кинескиот носач Лиаонинг (за карактеристики види Кузњецов) и неговиот брат Шандонг. Третиот, исто како и во случајот на Индија е на пат и наводно бил сосема поинаков проект.
Технологија цирка 1982 со парни турбини, без катапулт и со ски-џамп, овие бродови се повеќе симбол на престиж (како и Русија) отколку некаква голема борбена сила.

Би требало да носат по 24 кинески лиценцирани Су-27 и нешто хеликоптери.

Покрај третиот голем носач од некои си 80К тони и 300+ метра, Кина започна изградба на серија од осум помали носачи од класата Тип-75 од 30К тони, 236*37м кои би носеле разни комбинации на авиони. Не знам дали Кина развива СТОЛ/ВСТОЛ авиони кои би можеле да бидат употребени од новите носачи.
Тука е и проектот Тип-76 кој би требало да биде 4 брода од 40К тони по 260*40м кои би влегле во служба до 2030 што би значело дека Кина ќе има околу 20 носачи на авиони.

Првиот "Хаинан" влегол во употреба оваа година.
Интересна е кинеската експанзија, дали е тоа одговор на снажната јапанска морнарица или обид за нешто поголемо, проектирање сила на огромни далечини, нешто кое сега го може само САД (теоретски и Франција, Британија, Русија).
Автоматски споено мислење:

Русија планира да изгради свои бродови после неуспехот со Мистрал, два брода од по 40К тони, 230*40м, но како и Франција и Русија не располага со СТОЛ авијација така што овие носачи би биле ограничени на хеликоптери, освен ако не се развие соодветен авион.

2 брода од Иван Рогов класата кои треба да влезат во служба до 2026.
Сепак не се работи за целосно нов проект туку се употребени искуствата со неизградената советска класа Хершон од 25К тони од 1980-те. Немањето искуство во градба на though-deck бродови си го прави своето.

Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.467
Земји кои се откажале од морнаричка авијација се Аргентина, Канада, Холандија и Украина.

Аргентина располагала со два носачи, Вјентесинко де Мајо и Индепенденсија кои носеле комбо ексадрила од 8 Супер Етандари и 8 А-4, плус неколку Трекери и хеликоптери. 21К тони, 221*40м, овие бродови биле од можеби најуспешниот експортен проект за носач на сие времиња, Маџестик од WW2 (не земале активно учество во самата војна но затоа виделе акција во други судири)
Вјентесинко де Мајо ќе се бори против Инвинсибл и Хермес 1982.

Канада имала 3 носачи од истава класа, но поради промени во доктрина во тек на студена војна се откажува од носачите.

Бонавенчр, Магнифисент и Вориор.

Холандија го имала Карел Дорман, носач од истава класа како и Аргентина и Канада (и Индија, Бразил, Франција и Австралија имале по еден од Маџестик класата)

Украина, од економски причини се откажува од два носачи, Кијев и Тбилиси, едниот оди за Индија а другиот за Кина. Како земја во транзиција, со сериозни економски проблеми, држење на носачи на авиони во Црно Море било непотребен луксуз.

Индија покрај Викрант од погореопишаната класа го имала и екс-Хермес (Вират) кој служел до пред некоја година како последен реликт од WW2, модифициран со ски-џамп за да полетуваат Хариери.

Автоматски споено мислење:

Носачите на хеликоптери се своевиден еквивалент на ескортните носачи од минатото време, ограничени на ротори и погодни за противпподморничка борба (ПП), поддршка на десантни сили, ескортирање конвои и слични цели. Некои земји се ориентирани на овие бродови како значајна сила во рамките на нивните морнарици.

Индонезија има 5 од класата Макасар (јужнокорејски извозен проект) кои станаа необично популарни по свет.

Два имаат Филипини, два Перу и еден Бурма (!?)

Го заборавивме Алжир како последна земја која има through-deck носач а тоа е еден од најмалите од талијанската класа Сан Џорџо.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Единствените два супер-носачи кои не се амерички, Квин Елизабет II и Принс оф Велс 280м*75м, 76К тони и пар ескадрили Ф-35 заедно со Краунснест за рано откривање и све по ред.
Разлика со америчките е што имаат ски-џамп палуба наместо катапулти.

Франција, после прекорачувањето на буџетот за парот атомски носачи мораше да остане на еден носач како замена за парот Клемансо и Фош. Шарл де Гол требаше да биде пар со Кардинал Ришеље, слично како и британскиот пример погоре но ништо од тоа.

270m*68м, 45K тони, за својата тонажа е прилично снажен брод. Предност катапулт и 2-4 Е-2 Хокај авиони со долг долет за рано откривање.

Бразилскиот носач Сао Паоло како замена за Минаш Жераис, стар но модернизиран колку што се може, 34К тони и 270*48м, поранешен француски Клемансо, со неговите стари А-4 Скајхок на палуба. Предност катапулт и С-2 Трекер авиони за противподморничка борба.

Рускиот носач Адмирал Кузњецов, за жал извор на безбројни проблеми за руската морнарица, последно е откажувањето на санитарниот систем на бродот при што морнарите употребувале кофи за измет, се преврте во док и го поклопи реморкерот кој го донел таму, неколку пожари и тоа е само дел од проблемите со кои се соочува овој брод.

305м*76м, 67К тони, предности, можеби во некои случаи носењето на фул вооружување како и рандом крстосувач па и јаче и веројатно Су-27, недостаток немање катапулт и парни турбини кои очигледно прават сериозни маки за одржување.
Автоматски споено мислење:

Јужнокореанскиот носач Докдо (вкупно 2), малку неочекуван потег од Ј.Кореја која никогаш немала такви бродови, 210*36м, 20К тони, 12 Ф-35, 4-8 хеликоптери.

Предност, може да се употреби за низа потреби, недостаток = нема ски џамп иако тоа при евентуална криза би се решило за брзо време со додавање на сегмент, ионака се градени по Лего-принцип :angel:

Шпанија има два носачи, постариот е Принсипе де Астуриас кој носи Хариери, 210*35м, 18К тони.
За својата тонажа повторно одличен проект, 24 Хариер и 4-8 хеликоптери.
Предност, солиден број на ловци, недостаток ски-џамп.

Вториот и поновиот е Хуан Карлос кој исто носи Хариери но ќе може да носи и Ф-35.
Скоро двојно поголем од Астуриас, 35К тони, 250*40м, предност, мултифункционалност, недостаток ски-џамп и ставање на сите јајца во иста торба.

Индија има 2 а на пат е и 3-от носач, едниот е целосна реконструкција на најновиот од советската класа Кијев (Викрант) а Вториот (Викрамандија) е скоро негова реплика. Третиот е сосема друг проект.

Предности, тешко е да се каже со оглед на застареноста на самиот концепт, недостатоци ски-џамп и соодветно мал радиус на дејство на ловците кои би полетувале од нив.
285*54м, 46К тони.

Аустралските носачи Канбера и Мелбурн по 25К тони, намалена верзија на Хуан Карлос.
Предности слично како и шпанскиот им "татко" ги делат и нивните недостатоци.
235*40м, 16 Ф-35, 4-8 хеликоптери во авионска конфигурација.

Италија има шест носачи и се наоѓа на трето место по број на носачи во свет, 1 Гарибалди 16К тони, 182*33м, носи Хариери, 2 Триесте (50К тони, 250*45м) кој ќе носи Ф-35 и три Сан Џорџо од 12К тони, 166*30м кои се веројатно најмалите through-deck бродови на светот.
Триесте и Кавур се разликуваат по тоа што вториот има ски-џамп палуба.
Италијанската флота е сериозна ударна сила со прилично изразена можност за употреба на бродовите за разни намени.

И на крај интересно, Тајланд со нивниот носач Чакри Наребет од 15К тони, намалена верзија на шпанскиот Астуриас, 185*33м, 16 Хариери и 4-8 хеликоптери. Повеќе симболика него некаква стварна воена сила.

За америчките носачи би требало еден огромен пост, здравје во иднина.
Има и неколку други бродови во разни земји кои можат да носат СТОЛ или ВСТОЛ авиони, како 4-те француски Мистрали од 25К тони, 225*36м, или британските Океан и Аргус кои носеа Хариери,
за тоа потоа :)

Интересно што никој не се нафати да купи ниту еден од британските ски-џамп носачи 3-те Иластријус и покрај дампинг-цената по кои ги нудеа. Австралија имала интерес но на крај наместо да троши за модернизација на по дефиниција бродови со изминат ресурс (40 години) се решиле да изградат нови.

Мистралите исто се градени по систем на Лего, со сегменти градени по разни места и склопување во Сен Назер. Има предвиден сегмент за ски-џамп но проблемот е што Франција нема СТОЛ авиони.
Русија купи 2 од овие бродови за модернизација на флотата, иако теоретски имаа едно време Јак-38 советскиот пандан на Хариер, на крај политиката и санкциите го спречија договорот.
Изградените 2 брода се сега во Египет и Чиле ако не се лажам.

Исклучок од правилото е британскиот Аргус кој носел по 12 Хариери, единствен носач кој не е through deck во светот. 28K тони, 180*36м. Би можел да носи барем 8 Ф-35 и неколку Краунснест.

Кузнјецов е жив страм за Русите.па една Индија има посолидни носачи од истата класаНека го тргнат пд него руското знаме и стават на него пиратско знаме за да не се брукаат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom