Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе се придружам на бескорисноста на членовите што само ќе споделат некоја вест на форумов, а особено па на тие што ќе ја лајкнат, без тотално никаква анализа или корисен коментар. Ми иде како првачиња да ги одведам кај учителката да им пише петки на рачињата :pos:

Веста е дека утре од 9.00 почнува акционерското собрание на ПКБ во фабриката во Кадино. Се надевам дека покрај покрупните акционери ќе дојдат и тие помалите. Лани имаше еден дечко што присуствуваше со само неколку акции. Му завидував затоа што за тие неколку часа можел да научи за бизнис, економија и финансии повеќе него за цел Економски факултет. Камо среќа и јас да имав таква можност на негова возраст, а не сите собранија да беа исполнети со лигуши со слика без тон коишто не смеат на глас ни да ги изговорат имињата на управата, а камоли пак јавно да им контрираат.

Исто така, мора да се признае дека и синовите беа присутни цело време и одговараа на сите прашања, што значи дека не се некои одлепени од реалноста коишто ќе копаат глава во песок пред непријатни теми, а токму такви сакам да бидат директори на компаниите кајшто сум акционер. И покрај сите правни несогласувања, почитувам што постигнале во животот, а особено Слободан. На прсти од една рака може да се набројат таквите луѓе во државата.

како мене не ми текна пред да запишам и завршам економски, дека сум можел за неколку часа да научам повеќе, ах....:facepalm:
 
како мене не ми текна пред да запишам и завршам економски, дека сум можел за неколку часа да научам повеќе, ах....:facepalm:

Абе ти си завршил кога тешко се завршувало, ама па и собранијата не се зае.аваат :ROFLMAO:
 
TNB blokcinja si vrvat @ 23800-24500 a na pazar nikoj ne kupuva @23000
 
Последно уредено:
Dojdoa bugarite izgleda, navalica kaj tel i kmb
Можеби ќе погоди нешто и Николоски, тој цело време ги пласира тие тези што сме им ветиле дека ќе им продадеме на бугарите [emoji3]
 
Za malku ( 0,4% ) ke moraa da objavat koj vleze izleze od KMB denes. vaka so 4.6% ne sum siguren deka ke objavat
 
Дечки,

Беше ли некој на собрание на ПКБ вчера? Ќе можете ли да споделите впечатоци, за да знаеме што се случувало. Јас не можев да дојдам.

Однапред фала
 
Голем пад на ТЕЛ и тоа еден месец пред пресек. Веројатно нешто се случува штом некој решил да истовари на најниска куповна.
 
Мислам дека берзата треба да забрани продавање по највисока понудена, туку само да овозможи купување по најниска продажна.

А што се однесува до собранието на ПКБ, би било интересно да се прочитаат впечатоци на другите мали акционери што присуствувале, па дури и на некои од директорите коишто спомнаа дека го читаат форумот.
 
Лошо се изразив, поентата беше штом некој решил да истовари за 30 денари пониско од моменталната цена и со тоа да изгуби и дивиденда, а и капитална добивка.
 
За ТЕЛ не ми е, пошто по сите анализи и совети ми искача дека е една од преценетите акции (250 ден е реалниот плафон) од тие мои консултации. Но, вакви флуктуации за НЛБ ми се чудни, сметам дека комотно би требало да оди до 26.ооо.
 
Врз кои конкретни параметри, индикатори и методи се базираат анализите и заклучоците за ТЕЛ и НЛБ?
 
ТЕЛ на 250 ден да го видиме ТЕШКО. Пошто Буби ќе собере све пред тоа :D

На дивиденда од 16 денс тоа прави принос 6,4% на тој принос никој нема да ти продаде ни Тетекс (со цела почит :X3:).

Моментално ликвидни нефинансиски компании се тргуваат на дивиденден принос под 5%, а многу не се ни маркет лидери. За разлика од ТЕЛ.

ТЕЛ е стабилна компанија, отпорна на кризи, со постојан раст и развој и тука изненадувања се малку веројатни. Едина маана е што нема интерес кај маркет мејкерите да се пумпа цената. Ама тоа, за мене лично, и не е некоја маана.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom