EURO 2020: Македонија - Украина

Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Јас сум убеден дека малерот беше во тоа што немавме посебна тема.
Не мора да коментирате и да ми се заблагодарите дур не победиме.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Како беше тогаш со кошарката на европско, некој отвараше тема, си имавме некое суеверие ми се чини :D
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.011
Поени од реакции
9.795
Од тоа што го видов вчера против Холандија, Украина ќе биде се, само не лесен противник. Имаат играчи кои знаат фудбал, богами и доста трчаат, така да. Во вакви натпревари треба да се биде онака жаргонски кажано спортски курназ. Ќе мора да пред се да бидеме доста внимателни во одбраната, значи не смееме да си дозволиме да примиме некој шашма гол кој дополнително ќе не утепа уште на старт. Доколку е можно да нагазиме топка, со кратки пасови да се приближуваме кон гол и да креираме шанси.Исто во делот на одбраната,ќе мора уште на нивна половина да бркаме, односно да не дозволуваме лесно да ни се приближуваат до шеснаесетник и после да креираат пошо тука сме доста слаби назад и лесно ранливи. Ако играме као со Австрија кога тогаш ќе капитулираме. Да се посвети посебно внимание на Јармоленко и Малиновски кои имаат фантастичен удар и ако стигнат лесно у зона на шут, ќе биде чао Столе. Ова е таков натпревар каде буквално треба да одиграме на се или ништо. Ќе мора буквално да ја искористиме и најмалата шанса која ќе ни се укаже за гол, не смее да има промашувања. Мислам дека ако се испоштуваат тие елементи не сме без шанси.Сепак мора да бидеме свесни дека ова ќе биде многу тежок натпревар каде и Украина исто како нас ќе даде 200% од себе да дојде до победа. Мислам дека ако успееме да најдеме начин за што повеќе комбинирање во нивна зона, ќе биде добро за нас.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.147
Поени од реакции
2.718
Реално групава е хаос и секој секого може да победи. Во поглед на Холандија и Украина... Нестабилни делуваат, и двете репрезентации за 5 мин даваат 2 гола и примаат 2 гола за 5 мин. Плус многу брзо почнаа двете вчера. Нашиве побавно ќе играат. Плус Холандија можеше уште 3 гола да даде и на крај можеше да им се врати тоа.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.699
Поени од реакции
18.991
Синоќа еден куп грешки направивме во подавањата, премногу неточни пасови се гледаше дека играчите гореа од желба да се покажат, тргнаа на ура пд прва минута после то во второ папсаа. Против Украина не смеат такви грешки да се дешаваат на наша половина оти имаат премногу брзи играчи Украинците ќе не здрват сместа.
Бејтулаи не сакам да го гледам повеќе на теренот, ненормален е каков е, мрш.
Ристовски е вистински лидер на теренот, со каква страст игра за репрезентацијата свака част, како куче трча омилен играч ми е, иако фудбалски не е многу многу надарен ама игра со последниот атом.
Со Украина ќе биде се или ништо, не смеат да се повлечат и да чекаат контри како вчера во второ полувреме.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.507
Поени од реакции
8.196
Ако играат како вчера со Јармоленко десно крило, ќе биде многу заебано по таа страна, особено пошто таму ни е Алиоски, а свесни сме колку не бие промаја по таа страна во одбрана.
Воопшто нема да бидат лесни противници, но најголемата опасност по нашиот гол ја гледам токму преку него.
Се надевам дека Ристовски ќе игра десно а не по внатре како вчера и ќе можеме балансирано да напаѓаме по двете страни, вчера бевме доста немоќни по таа страна и стриктно фуравме организирани напади од лево, а тоа, како што пишав погоре во првата реченица, ќе отвори многу простор и шанси за Јармоленко. Не дека е Меси човекот, далеку од тоа, ама него го сметам за најголема опасност, а баш таму сме најслаби во одбрана.
Главата горе и идеме на поволен резултат.
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
2 : 1
Македонија(Дуизбург) : Украина
0 : 5
Македонија(Букурешт) : Украина
1 : 1
Македонија(Тбилиси) : Украина
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Bas bi sakal da vidam dali so otvaranje na nova tema ke pobedime
Нема до што друго да е. Квалитетот секако го имаме, едни од главните фаворити сме за освојување на ЕУРО, а изгубивме од Австрија :( Мора да е до темата! :pos:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
На прашањето од А1 за плејстејшн одговорив 2-1 за Македонија.
Играјте дечки за Македонија, за сонародниците и за мене да освојам плејстејшн. Фала. :love: :D
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Нема до што друго да е. Квалитетот секако го имаме, едни од главните фаворити сме за освојување на ЕУРО, а изгубивме од Австрија :( Мора да е до темата! :pos:
или до копилето муртинско што е најголем баксуз.. Еве сега нема да биде на трибини, баш ќе се види дека он е баксузот..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom