Слободната воља и религиите!

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не е така у логика, вака функционираат аналогии.

Постојат лажни аналогии (мешање баби и жаби) и соодветни аналогии.

1. Во лажните аналогии ти земаш множества А и Б кои делат заеднички елемент Х и кажуеш дека само зошто Х им е заеднички елемент, тоа значи дека им е и У, а не им е.

Пример: И Бог (множество А) и татко ти (множество Б) знаат дека ќе го изедеш колачот (и двајцата го делат елементот Х). Тоа значи дека и татко ти е сезнаен како Бог (го делат елементот У). Ова е лажна аналогија, само зашто и двајцата знаат дека ќе го изедеш колачот, тоа не значи дека и двајцата се сезнајни, само Бог е. Да го пишев ова, ќе направев логичка грешка. Но јас не го сторив тоа.

2. Во правилната аналогија споредбата ја даваш на база на заедничките елементи. Бог знае дека ќе го изедеш колачот (елемент Х); може да те спречи (елемент У); ама не го прави тоа оставајќи те да мислиш дека имаш слободна волја (елемент Z); за на крај да те казни (елемент K). И татко ти знае дека ќе го изедеш колачот (елемент Х); може да те спречи (елемент У); ама не го прави тоа оставајќи те да мислиш дека имаш слободна волја (елемент Z); за на крај да те казни (елемент K). Јас овие множества ги споредуем на база на нивните заеднички елементи. Тоа не значи дека нужно мора да ги делат и елементот на сезнајност и омнипотентност (уште помалку да се идентични А=А) за да ја направам аналогијата. Ако се идентични пак, тогаш не правам аналогија, туку зборувам за истиот феномен, Бог или татко ти.

Дури и две работи да делат само еден атрибут, успешна аналогија е ако ги споредиш на база на атрибутот што го делат. Неуспешна аналогија е ако ги споредуеш на база на други атрибути што не ги делат само зашто делат еден атрибут. Еве уште еден пример:

Девојката има сини очи и небото е сино. Тоа е единствениот атрибут што го делат, синилото.

1. Ако кажам дека сината боја на небото ме опива и тоа е исто како што ме опива синилото на нејзините очи, јас правам успешна аналогија. Таа не мора и да е составена од воздух за да направам „поуспешна споредба" бидејќи јас ги споредувам на база на синилото кое е атрибут на нејзините очи и небото.

2. Ако речам: „Бидејќи небото е сино како и нејзините очи, таа е исполнета со облаци" - правам погрешна аналогија.

Само второто е логичка грешка, првото не е. Ниедно правило во логиката не вели дека ако споредуваш две множества А и Б на база на заеднички елемент Х, аналогијата е поуспешна колку што повеќе заеднички елементи кои не се Х тие ги делат (односно се послични). Додека се задржуваш на елементот Х што го делат, ти правиш успешна аналогија. Ако не е така, реферирај извор кој го потврдува тоа што го кажуваш.
Компарацијата секогаш цели кон некоја поента. Зошто е итекако битна компонентата на сезнајност и семоќност? Бидејќи таа ја елиминира потребата од елементот К - казнувањето а со тоа и спасувањето како превенција од елементот К. Ако јас сум сезнаен и можам да ги знам сите исходи, а исто така сум и семоќен, можам да видам кои особини ќе повлечат одредени постапки и одлуки и ќе интервенирам со тоа што нема да ја вклучам таа особина во субјектот или субјектите. Што значи тој елемент на сезнајност и семоќност итекако има суштинска улога и прави огромна разлика.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Многу интересно е како и на форумов у овој виртуелен свет функционира се тоа. Потреба да му наштетиш на некого, али онаа хронична....не акутно. Секој у афект знае да каже односно напише се и сешто. Дали ќе бидат спасени тие брате?
Контрола на мислата и од каде доаѓа - помага било каде, било кога и со било кој - човек да остане човек... малкумина се таквите, независни од религии и слично.
За нив човештвото е шаховска табла и го гледаат одозгора, и разбираат зошто нештата се такви какви што се - но проклеството е што не може да направат ништо во одонос на тоа, бидејќи така нема тие што се на таблата да научат било што полезно, а со тоа и да се избават од се што им „натежнало на душата“.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Многу интересно е како и на форумов у овој виртуелен свет функционира се тоа. Потреба да му наштетиш на некого, али онаа хронична....не акутно. Секој у афект знае да каже односно напише се и сешто. Дали ќе бидат спасени тие брате?
Можеби е за некој добра алатка да го исканализира бесот овде отколку во реалниот живот, но лошо е ако прејде во омраза и нема напредок...

Дедовците викаат да се стане мастер на сите овие аспекти, ти да ги контролираш не они тебе и со тоа тие постануват алатки во синкот со хокма.

Се слагам со Хепта, интроспективност и свесност од каде доаѓа е клучно на патот кон владеење со себе.

Метафорички чичко Менли на тоа мисли...

Љ.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Без слободна волја, секоја религија е ропство.
Ево јас по слободна волја сум Христијанин.Никој не ме натерал на тоа.Значи не е ропство,туку слободна волја.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Ево јас по слободна волја сум Христијанин.Никој не ме натерал на тоа.Значи не е ропство,туку слободна волја.
Тоа нема врска со религиите и дали има слободна волја кај истите или е догма... во догматски религии мислам дека нема слободна волја.

Слободната волја дојде од христијанството или од друго место, па ти избра христијанство?
Да беше во С. Арабија слободната волја ќе ти беше диктирана од христијанство или ислам?

Слободната волја е аут од религиите или се содржи во нив во однос на божественото, ритуалите, обожувањето, смртта, животот?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Тоа нема врска со религиите и дали има слободна волја кај истите или е догма... во догматски религии мислам дека нема слободна волја.

Слободната волја дојде од христијанството или од друго место, па ти избра христијанство?
Да беше во С. Арабија слободната волја ќе ти беше диктирана од христијанство или ислам?

Слободната волја е аут од религиите или се содржи во нив во однос на божественото, ритуалите, обожувањето, смртта, животот?
Ти кажав тоа е моја слободна волја.Никој ништо не ми диктирал.И ти да се родеше во С.Арабија ќе беше тврдокорен муслиман.Ако те разбереа дека го читаш Алистер имаше сто камшици да ти мавнат.Така да не ми филозофирај многу,туку почитувај ја слободната волја на другите.Не гледаш дека цело време се нешто наметнуваш.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Ти кажав тоа е моја слободна волја.Никој ништо не ми диктирал.И ти да се родеше во С.Арабија ќе беше тврдокорен муслиман.Ако те разбереа дека го читаш Алистер имаше сто камшици да ти мавнат.Така да не ми филозофирај многу,туку почитувај ја слободната волја на другите.Не гледаш дека цело време се нешто наметнуваш.
Тешко тоа да сум било што од било која од старите религии...
Во Македонија да те знаат дека си Телемит може будали да ти направат проблеми во приватниот живот не пак во исламски земји кои се трудат да имаат шеријатски закони, чија основа е „религијата на мирот“ - исламот :)

Човекот што површно се заморува со религиите, и е дел од некоја религија заради „дедовото огниште“ или како адети - е поопасен од оној што реално го троши животот за разбирање на нештата поврзани со божественото!
Не биди таков...

Гледам. Цело време критикувам како христијанството и исламот сатанизираат и претвараат во зло се што не е христијанство или ислам.
И тоа се случува преку официјални нивни гласила... вие, како обични верници, мирјани - сте само топовско месо кое мора да го читате ова што јас го пишувам, ни криви ни должни... Те иритира што наоѓам критика во старите религии?
Ти не наоѓаш ништо за критика? Воопшто се заморуваш со својата религија која по слободна волја си дел од истата?
Имаш волја да се исповедаш пред свештеник и зошто?

Си ја читал Библијата мислам... христијанин си. Таму што се вели за волјата?
Може да не потсетиш?

Може и старци и отци да се повикаш како ја оправдуваат таа волја, го има и тоа... да не барам јас, ќе испадне барам „влакно во јајце“...
 
Чоек не знам заошто толку долги реферати.Ево цело време се залагаш за слободна волја.Ти кажав дека со мојата слободна волја сум Христијанин.Тоа е мој избор затоа шо во тешки моменти вербата ми помогнала да издржам.Значи не знам кој е проблемот.Интересно е шо и ти исто како неолибераливе се борите за слободна волја и изразување се до онај момент кога ви одговара.Во спротивно одма контра напад.Ево ќе ти кажам дека еден период мислев дека се е ништо дека се е безвредно и така еден ден ќе не нема.Тогаш ја изгубив и љубовта моите се чудеа колку сум станал ладен и отсутен после некој период и депресивен.Христијанството ме врати назад ме направи борец.Вера,Надеж,Љубов е тоа е мојот личен спас.Ти со твојата борба,јас со мојата.Секој со својата тежна и среќа,многу едноставно.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Ти не ја ни разбираш темава на која долета да ми велиш како јас имам проблеми лично со тебе или некој христианин, бидејќи си одбрал христијанство :)
Твоја работа си е тоа, повели објасни ја волјата словодна во твојата религија... како тоа, без да си казнет?
Грешните имаат слободна волја?
Почни ја од почеток и читај што се е кажано и во кој контекст... не е во смисла како шти ти си замисли...
Бидејќи сакам и можам да пишувам реферати... имаш проблем со тоа?

Јас не те прашав ништо за твојата слободна волја, ти ме цитираше и ми долета како тоа јас сум можел постојано да критикувам христијанство и ислам.
Можам и критикувам... ако си христијанин и си ја знаеш религијата, повели дебатирај за волјата во христијанството и дали ја има или не, нормално вклучи ја идејата за грешност и казна - бидејќи тоа е спротивно од слободна волја.
Дали се разбираме? Дали воопшто ја проучуваш твојата религија или Вера, Надеж и Љубов и целиот тој романтизам ти е доволно?
Ако ти е доволно, ок - неам против, супер :)

По се изгледа ти не си ја знаеш религијата... па затоа мене ме заморуваш и ми проектираш како јас сум имал проблем што ти си христијанин.
Јас не критикувам индивидуи, критикувам учења кои се косат со човечката природа...

Ти и јас и било кој, денес, може да бидеш што сака, но да ја следи доследно таа животна философија - а не да си христијанин wannabe и да ме заморуваш мене како зборувам премногу и како не смеам да критикувам...
Смеам, критикувам и ништо не можеш во врска со тоа...
Јас никој не велам да биде нешто друго од тоа што одлучил да биде... ако ти се слаби аргументите и сфаќаш дека има правдина во критиките, не е до мене, до тебе е и тоа што се критикува :)
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.134
Поени од реакции
30.246
Се додека на народот му судат постоечките религиски и друштвени системи, слободна воља нема!!!!
Кратко, јасно, а за поопширно ме мрзи да пишувам.
Mene doktorot mi ja sprecuva slobodnata volja.
Sakam da lokam 2 sisinja votka sekoj den, toj mi vika ne smees.
Sakam da ispusam edna steka cigari naednas mi vika ne smees.
Sakam da se shibam so heroin, mi vika ne smees.

Da gi srusime bolnicite i da ima slobodna volja?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.144
Поени од реакции
10.151

Душо, тоа се болести на зависност и нема врска, никој ништо не ти брани, ниту те осудува, пиј, пуши, дрогирај се...но, кога веќе сакаш да противречиш, ајде да го земеме на пример абортусот, дури ете ќе направиме споредба со хомосекс.
Во некои земји со закон е забранет, некаде е дозволен со строго пишани правила....џабе ти е слободна воља, ако сакаш да абортираш, но забрането ти е со закон:toe:
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.134
Поени од реакции
30.246
Душо, тоа се болести на зависност и нема врска, никој ништо не ти брани, ниту те осудува..но, кога веќе сакаш да противречиш, ајде да го земеме на пример абортусот, дури ете ќе направиме споредба со хомосекс.
Во некои земји со закон е забранет, некаде е дозволен со строго пишани правила....џабе ти е слободна воља, ако сакаш да абортираш, но забрането ти е со закон:toe:
Sakam i luge da ubijam, i da ukradam banka, ama so zakon mi e zabraneto.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom