Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Компарацијата секогаш цели кон некоја поента. Зошто е итекако битна компонентата на сезнајност и семоќност? Бидејќи таа ја елиминира потребата од елементот К - казнувањето а со тоа и спасувањето како превенција од елементот К. Ако јас сум сезнаен и можам да ги знам сите исходи, а исто така сум и семоќен, можам да видам кои особини ќе повлечат одредени постапки и одлуки и ќе интервенирам со тоа што нема да ја вклучам таа особина во субјектот или субјектите. Што значи тој елемент на сезнајност и семоќност итекако има суштинска улога и прави огромна разлика.Не е така у логика, вака функционираат аналогии.
Постојат лажни аналогии (мешање баби и жаби) и соодветни аналогии.
1. Во лажните аналогии ти земаш множества А и Б кои делат заеднички елемент Х и кажуеш дека само зошто Х им е заеднички елемент, тоа значи дека им е и У, а не им е.
Пример: И Бог (множество А) и татко ти (множество Б) знаат дека ќе го изедеш колачот (и двајцата го делат елементот Х). Тоа значи дека и татко ти е сезнаен како Бог (го делат елементот У). Ова е лажна аналогија, само зашто и двајцата знаат дека ќе го изедеш колачот, тоа не значи дека и двајцата се сезнајни, само Бог е. Да го пишев ова, ќе направев логичка грешка. Но јас не го сторив тоа.
2. Во правилната аналогија споредбата ја даваш на база на заедничките елементи. Бог знае дека ќе го изедеш колачот (елемент Х); може да те спречи (елемент У); ама не го прави тоа оставајќи те да мислиш дека имаш слободна волја (елемент Z); за на крај да те казни (елемент K). И татко ти знае дека ќе го изедеш колачот (елемент Х); може да те спречи (елемент У); ама не го прави тоа оставајќи те да мислиш дека имаш слободна волја (елемент Z); за на крај да те казни (елемент K). Јас овие множества ги споредуем на база на нивните заеднички елементи. Тоа не значи дека нужно мора да ги делат и елементот на сезнајност и омнипотентност (уште помалку да се идентични А=А) за да ја направам аналогијата. Ако се идентични пак, тогаш не правам аналогија, туку зборувам за истиот феномен, Бог или татко ти.
Дури и две работи да делат само еден атрибут, успешна аналогија е ако ги споредиш на база на атрибутот што го делат. Неуспешна аналогија е ако ги споредуеш на база на други атрибути што не ги делат само зашто делат еден атрибут. Еве уште еден пример:
Девојката има сини очи и небото е сино. Тоа е единствениот атрибут што го делат, синилото.
1. Ако кажам дека сината боја на небото ме опива и тоа е исто како што ме опива синилото на нејзините очи, јас правам успешна аналогија. Таа не мора и да е составена од воздух за да направам „поуспешна споредба" бидејќи јас ги споредувам на база на синилото кое е атрибут на нејзините очи и небото.
2. Ако речам: „Бидејќи небото е сино како и нејзините очи, таа е исполнета со облаци" - правам погрешна аналогија.
Само второто е логичка грешка, првото не е. Ниедно правило во логиката не вели дека ако споредуваш две множества А и Б на база на заеднички елемент Х, аналогијата е поуспешна колку што повеќе заеднички елементи кои не се Х тие ги делат (односно се послични). Додека се задржуваш на елементот Х што го делат, ти правиш успешна аналогија. Ако не е така, реферирај извор кој го потврдува тоа што го кажуваш.
Последно уредено: