Абе ако е така скроена ке иде и ке се искеца со некој од друга комуна оти нема да и биде интересна нејзината комуна.... и пак на исто идемеОвие идеи не се така нови - (вклучително и идеите дека бракот е класна категорија, децата не припаѓаат на родителите туку на државата/колективот, секој си ја работи својата работа за која што најмногу го бива или ако сакаш повеќе секому според потребите а секој според можностите - нешто што се случувало во СССР во времто на Ленин а се случува во поголема или помала мера и сега во Кибуците итн). Всушост изворно прв овој концепт го изложол Платон во својата Држава /Политеја а целта му била да опише иделно и пред се правично општество. Многу од неговите идеи до деншниот момент се многу свежи и актуелни и како такви се имплементирани во поголема или помала мера во политичките програми особено во партиите со лева идеолигија. Така на пр. тој вели дека жените мора да припаѓаат на сите мажи и не смеат да живеат само со еден маж. Родителите не смеат да ги познаваат своите деца. Бидејќи нема да се знае кој е чиј родител, жените и мажите ќе ги сметаат сите деца за свои деца, а тие деца ќе ги сметаат другите деца за нивни браќа и сестри и ќе се грижат еден за друг многу подобро а во потреба ќе одат многу посложно и во војна итн. За разлика од Платон, Аристотел гледал на работите соема поинаку.