Број еден нешто што ме нервира е
лажењто како лична особина. Имам еден другар во комшии од мал преувеличуваше\лажеше. Сега кога е веќе возрасен(26или27) ништо не е сменато. Секој втор збор му е лагата се докажи колку е понапред од тебе а најлошото е што лажи за ситници.И башка е напорен. Пример те вика за круг низ мала и ти го одбиваш ради што си изморен и одма те убедува дека дента испешачил 30км и ништо не му било. Куче едно мелез имаше што го доби на поклон а нас на другариве не убедуваше дека го купил 100е . Башка што беше мелез а на сите им го претставуваше како пит бул...
Број два тип на луѓе што ме нервираат се
џаболебари\неработници.
Преку година факт е дека нема за секој работа по желба и по струка. Но затоа пак во лето, особено во град ко Охрид има за секој по нешто од сезонска работа по кафичи до други работи поврзани со туризам. Дури и богати фамилии со свои бизниси ги праќаат своите деца или внуци да поработат во лето, пред се за да створат работа навика дур се млади истовремено да заработат "џепарац".
Можеби едно 98% од моите другари и познаници во лето работат. Но тука се и тие 2% што не прават ништо ама баш ништо. Другарче едно во средина на свои дваесети години нема ниту еден ден работено. Не е тоа проблемот туку главното нешто што иритира е што на инстаграм живее живот како некој со многу кеш. Секој ден слики како јаде по ланџ барови дури и реди слика како е излезен во различни кафичи во денот
а во реалност ние што го познаваме знаеме дека не се фамилијарно богати и друга работа должеше по другари убави суми на пари. Значи благодарение на инстаграм се претставува дека има поинаков социјален и економски статус од нас другите што работиме а не сликаме како него за инстаграм.