ЕУРО 2020 - Група Д (Англија, Хрватска, Шкотска, Чешка)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе се пласираат во нокаут фазата?

  • Вкупно гласачи
    46
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ти како најголем поддржувач на хрватска и хрватските спортисти на форумов, некако многу огорчен ми делуваш од нив. :D

Многу ги хејташ бе, ќе ја поминат групава не паничи, појаки се од овие две.
Не се лоши, ужасни се. Една од најлошите екипи која што сум имал несреќа да ги гледам.

Не можам да опишам каква катастрофа е Хрватска веќе 3 години по ред. Dumpster fire. Не можам да најдам ниту една позитивна точка освен утакмицата со Словачка на гости од крајот на СП наваму. Не се знае кој пие кој плаќа, не можатда дојдат до прилика за гол ни против Малта. Сериозно гледав и со Кипар и Малта утакмиците и на двете немаа повеќе од 5 шанси за гол вкупно. Далиќ веќе е рекордер по бројот на порази од сите Хрватски селектори, го престигна Чиро со упола помалку утакмици.
 
никад више да не дозволат ваков нефер начин преку кој дрва влегуваат

зашто ова го напраија?
за да можат некои да кажат, ете, игравме...
Да, порано не влегуваа дрва како Бугарија, Латвија и Романија. Поштено изигра Шкотска, не знам што утакмица гледаш.
 
Да, порано не влегуваа дрва како Бугарија, Латвија и Романија. Поштено изигра Шкотска, не знам што утакмица гледаш.
И што со тоа?

Колку пати у квалификации ги имам гледано како играат супер и нема резултат.
Еднаш за промена, ако може, нека изиграат лошо ама на крајот нека има резултат.

А "дрвата" Бугарија и Романија имаат стигано до 1/2 и 1/4 на ЕП/СП.
Ја ги молам Шкотска (и Македонија) група да поминат и да ме демантираат дека местото не им е тука, дека тоа што се пласирале на таков начин нема врска.
 
И што со тоа?

Колку пати у квалификации ги имам гледано како играат супер и нема резултат.
Еднаш за промена, ако може, нека изиграат лошо ама на крајот нека има резултат.
Па се жалиш дека методот на квалификација носи дрва на ЕП, а и претходниот метод, и тоа на првенство со 16 екипи, знаел да донесе дрва. Не е дека нефер е украдено место на некој што заслужува повеќе. Шкотска, Србија, Словенија, Норвешка, нема никаква разлика.
 
Не те разбирам што сакаш да кажеш, али нефер е тоа што некој од посериозните репрезентации не игра, за да игра некој кој тоа го заслужил со утакмици против Ерменија, Грузија и Косово.

И предходниот метод знаел дрва да донесе, но тие дрва во рамноправни услови се пласирале. Како за еден така за сите.
 
Не те разбирам што сакаш да кажеш, али нефер е тоа што некој од погореспоменатите не игра за да игра некој кој тоа го заслужил со утакмици против Ерменија, Грузија и Косово.

И предходниот метод знаел дрва да донесе, но тие дрва во рамноправни услови се пласирале. Како за еден така за сите.
И ние и Косово бевме трети во обичните квалификации, да не беше лига нации пак ќе имаше шанси да играме меѓусебен бараж.
 
И ние и Косово бевме трети во обичните квалификации, да не беше лига нации пак ќе имаше шанси да играме меѓусебен бараж.
Одлично.
Автоматски споено мислење:

Штом Чешка не ја тепаа, толку беше од пласман.
 
Не се лоши, ужасни се. Една од најлошите екипи која што сум имал несреќа да ги гледам.

Не можам да опишам каква катастрофа е Хрватска веќе 3 години по ред. Dumpster fire. Не можам да најдам ниту една позитивна точка освен утакмицата со Словачка на гости од крајот на СП наваму. Не се знае кој пие кој плаќа, не можатда дојдат до прилика за гол ни против Малта. Сериозно гледав и со Кипар и Малта утакмиците и на двете немаа повеќе од 5 шанси за гол вкупно. Далиќ веќе е рекордер по бројот на порази од сите Хрватски селектори, го престигна Чиро со упола помалку утакмици.
А што е причината што се волку слаби?
Бидејќи си доволно запознаен со нивните играчи и репрезентацијата, овие се најдобрите играчи што можеа да ги повикаат?
Има некој што заслужува да биде во репрезентацијава, а не е поради X причини?
Тренерот е катастрофа?
 
Iskreno ne ocekuvav Ceska da go dobie natprevarot, nekako neubedlivo mi deluvaa, favoriti za ispaganje bea. :)
Golmanot Vaclik imase dobra partija, dobri topki fati batevo.
Shick go ima golot na prvenstvoto. :)
Mislam deka ke bidat tvrd orev za Hrvative, solidni potezi pravi trenerot.
 
А што е причината што се волку слаби?
Бидејќи си доволно запознаен со нивните играчи и репрезентацијата, овие се најдобрите играчи што можеа да ги повикаат?
Има некој што заслужува да биде во репрезентацијава, а не е поради X причини?
Тренерот е катастрофа?
Играчите се најдоброто што го има Хрватска. Нема ниту еден изоставен, фали само Уремовиќ, но и тој е повреден и би бил замена за Врсаљко. Да е само до играчи на хартија Хрватска е комотно втора во група и може да се потепа со Англија за прво.

Проблемот е во Далиќ. Нема 2 утакмици во 3 години да игра истито состав, тн. „сенатори“ му играат, па макар и биле 3 години по ред најлоши, касни со воведување на нови играчи во екипата, а кога ќе ги воведе како примерот со Гвардиол тоа го прави кај што не треба да експериментира. Поврх на тоа и застарената игра, движење без топка и утрчување во простор се непостоечки поими и тотална некомпатибилност на играчите кои пробува да ги игра. Тренерот на Верона Јуриќ добро кажа, сакаш да играш на контри, имаш напад што тоа може и сака да го игра тоа, а средината ти е поставена да игра тика-така.

Само за пример поставата против Англија што истрча никогаш нема заедно играно, Гвардиол му е стартер со само 45 минути сениорски фудбал, формацијата никогаш не е играна, Крамариќ и Ребиќ играат на неприродни позиции и улоги што не знаат да ги играат, а Брозовиќ кој е најлош играч на Хрватска веќе 4-5 утакмици по ред е зацементиран стартер.
 
Последно уредено:
Грифитс на трибини, Дајкс прва постава :tapp: Дрвесината О`Донел како да играше за Чешка, некаков лик од Мадервел ццц...
Има нешто натприродно кај Шкотска, изгледа никогаш нема да излезат од групна фаза, некој ги проколнал како Бенфика, ова ќе им биде 11-ти пат како испаѓаат по групи. Маршал како кравата со кофата, from hero to zero. Плус гол од најголема далечина во историја на ЕП примаат. Мора некој да ги соборува и тие рекорди.
 
Ќе ја тепааат Хрватска и можеби како трети да поминат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom