A1 апла користат Double NAT кај секој корисник. Ако успееш да си добиеш јавна ИП среќно. Барај жали се во контакт центар.
Mи кажаа ќе ми направат NAT type-от да биде А или B, али ќе требало да плаќам 300 денари месечно, плус.
Не контам како може на Телеком да биде NAT type-от А/B, a кај овие не може.
Тоа значи дека конзоли он-лајн не може да се игра на нивниот интернет. Би требало секој тоа да го знае.
Јас кога го купив Switch-от пред неколку години, им се јавив и без проблем ми го сменија NAT typе-от (за да можам да ја играм конзолата онлајн). После неколку години, сам падна NAT type-от на D,E,F и кога се јавив ми рекоа сега веќе не може тоа.
Смешно е да пропагираат гејминг у нивни кампањи, а конзоли не можеш на нивниот интернет да играш (за разлика од конкуренцијата).
Јас играм нормално world of warships и си тера таман. Пинг достигнувa до 70-80 ms, ама во повеќе време е 34~40. Незнам кај другите кај е и на каква технологија сте, ама кај мене е на 4G интернетот домашен и добро е барем засега.
Кај Nintendo е вака:
NAT type-от мора да ти биде А или B, ако сакаш да играш онлајн игри кои се плаќаат. Ако сакаш да играш бесплатни игри, он-лајн - можеш без да ти биде Nat type-от А или Б. Јас играм Warface, World of Tanks и др. Но, не можам да играм Fifa, Splatoon, Mario Kart и др.
Мене ме интересира како тоа на Телеком и Телекабел Nat typе-от им е аутоматски А или B, a кај овие не е и не ни може да се направи.
Како тоа ја треба да им доплаќам по 300 денари месечно за да можам да играм конзола он-лајн?